ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА
Ако нема тужба за фалсификат, Младенов со тужба за клевета
Кривичната пријава против сопственикот на "Фокус" Никола Младенов не е отфрлена, изјави претседателот на државата Бранко Црвенковски демантирајќи ја информацијата објавена во "Дневник".
- Според моите информации, во Обвинителството се уште не расправале, ниту донесле одлука за кривичната пријава што ја поднесов. Индикативно е како некои високи обвинителски кругови уште во овој момент, пред да се расправа и решава во обвинителството по конкретниот случај, точно знаат како ќе се заврши целата работа - рече Црвенковски.
Тој не ја исклучува можноста дека ќе се потврдат информациите за кривичната пријава за фалсификат објавени во вчерашниот број на "Дневник".
- Кога ја поднесував кривичната пријава јавно кажав дека на тој начин давам уште една можност обвинителството да почне да си ја врши својата работа. Но, тоа е веќе друга тема и надлежност на други институции. Она што во оваа пригода можам да го соопштам е дека останува најавената алтернатива, покренување приватна тужба за клевета - рече претседателот.
Heheeee coekov upaga vo praniot sistem odnapred kazuva koj e vinoven pa i parite pocna da gi deli sto ke gi dobiel od sporot ama so prvava tuzba slabo mu pojde ne stigna ni do sud so nea, so vtorata veruvam deka ke stigne do sud ama ke ja izgubi.