Компјутер пред секое дете! - Што испадна на крајот?

Член од
4 септември 2008
Мислења
95
Поени од реакции
3
не би можел да коментирам за другите школи, но ќерка ми само што појде прва година во „Васил Антевски - Дрен“ илити по старо „другарско“ ни име Борис Ќидрич и вели дека училиштето е веќе компјутеризирано, дека во секоја училница имало по 40 компјутери, што значи за секое дете и дека децата почнале да ги користат истите, како последица на тоа наставниците им кажале да не купуваат тетратки бидејќи забелешките во текот на наставата децата ќе ги внесувале во компјутерите...син ми учи во „Дане Крапчев“, во М.А.Ченто и тој вели дека во училиштето се изведуваат зафати во врска со именованиот проект и очекуват за кратко време децата да почнат да ги користат компјутерите...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
не би можел да коментирам за другите школи, но ќерка ми само што појде прва година во „Васил Антевски - Дрен“ илити по старо „другарско“ ни име Борис Ќидрич и вели дека училиштето е веќе компјутеризирано, дека во секоја училница имало по 40 компјутери, што значи за секое дете...син ми учи во „Дане Крапчев“, во М.А.Ченто и тој вели дека во училиштето се изведуваат зафати во врска со именованиот проект и очекуват за кратко време децата да почнат да ги користат компјутерите...
мала исправка! нема по 40 има по 34 и во секоја училница! не за друго после ке речат дека си лажел па на време да те поправам :smir:
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
95
Поени од реакции
3
[acko]®;1655944 напиша:
мала исправка! нема по 40 има по 34 и во секоја училница! не за друго после ке речат дека си лажел па на време да те поправам :smir:
извини ама јас само го пренесувам кажувањето на мојата ќерка дека во училниците има по 40 компјутери е сега па од друга страна тоа се факти а не измислици знам дека на неколкумина нема да им се допадне мојот пост и ќе кажат еве овие пак лажат ама ова е вистина...:smir:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
извини ама јас само го пренесувам кажувањето на мојата ќерка дека во училниците има по 40 компјутери е сега па од друга страна тоа се факти а не измислици знам дека на неколкумина нема да им се допадне мојот пост и ќе кажат еве овие пак лажат ама ова е вистина...:smir:
секогаш така ќе кажат. на опозицијата многу и смета се добро што ќе направи владата. али тоа е...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
извини ама јас само го пренесувам кажувањето на мојата ќерка дека во училниците има по 40 компјутери е сега па од друга страна тоа се факти а не измислици знам дека на неколкумина нема да им се допадне мојот пост и ќе кажат еве овие пак лажат ама ова е вистина...:smir:
Aбе може и по 100 да стават,без основни услови за нивно користење тоа е како на Македонска свадба да не можеш оро да заиграш,ебаго!:toe:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Aбе може и по 100 да стават,без основни услови за нивно користење тоа е како на Македонска свадба да не можеш оро да заиграш,ебаго!:toe:
за какви услови збориме? струјата? интернет? мрежа? се има... сеа ако школото е некое руинирано каде општината ни денар не сака да даде што може владата? во средните секаде каде што ставија можат да работат. а ако е за обуката во некој школи каде професорите сериозно си ја сфатиле работата веќе почнаа со користење. ама сеа што професорите некаде се мутави нивни проблем. како и да е ќе мора да се прилагодат!
 
Член од
4 септември 2008
Мислења
95
Поени од реакции
3
Aбе може и по 100 да стават,без основни услови за нивно користење тоа е како на Македонска свадба да не можеш оро да заиграш,ебаго!:toe:
не сакам да зборам на памет ама компјутерите се веќе пуштени во употреба и децата ги користат во секојдневниот процес на образованието, а за ептен да бидеме сигурни утре заедно со децата во школо па да се увериме лично и двајцата, ете и можност да го посетиш СЕПУГС „Всил Антевски - Дрен“ и да се увериш дека училиштето навистина е модерно уредено, чисто и единствено што би посакал и во другите училиште состојбата да биде барем 60 или 70 % слична на состојбата во Дрен...
 

The_DaRKeR

~Мрчатор~
Член од
26 јули 2008
Мислења
110
Поени од реакции
8
Учам у Корчагин и сум 4та можам да кажам дека комјутериве се жива глупост ни кажаа дека ке ги користиме тек у 2ро полугодие а сеа само ни пречат неможеш да стаис книга на клупа и мораш да пазиш да не бутнеш некој монитор или некој од маусине шо се топат на сонце коа седат:pos2::pos2: али најинтересно од се ако направиш некоја беља сам си плаќаш а немаш никаква корист од нив глупост жива:vozbud::vozbud:
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
абе кај нас има....и сеа ја најдо цака уклушувам си го мојо пц ама јузер и пасс незнам :toe: а иначе компљутерите така стојат не ги пуштат....прашина да фаќат....
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Учам у Корчагин и сум 4та можам да кажам дека комјутериве се жива глупост ни кажаа дека ке ги користиме тек у 2ро полугодие а сеа само ни пречат неможеш да стаис книга на клупа и мораш да пазиш да не бутнеш некој монитор или некој од маусине шо се топат на сонце коа седат:pos2::pos2: али најинтересно од се ако направиш некоја беља сам си плаќаш а немаш никаква корист од нив глупост жива:vozbud::vozbud:
не сакам да зборам на памет ама компјутерите се веќе пуштени во употреба и децата ги користат во секојдневниот процес на образованието, а за ептен да бидеме сигурни утре заедно со децата во школо па да се увериме лично и двајцата, ете и можност да го посетиш СЕПУГС „Всил Антевски - Дрен“ и да се увериш дека училиштето навистина е модерно уредено, чисто и единствено што би посакал и во другите училиште состојбата да биде барем 60 или 70 % слична на состојбата во Дрен...
Токму за ова погоре цитираното зборам бе.За компјутерска настава потребни се солидни предходни припреми и планови,а не само така набрзина распоредени компјутери.Во дискусијава пред извесно време спомнав еден чичко Нојферт кој целиот свој живот го посветил на градежно и архитектонско нормирање.Животот батка,без архитектура на просторот не е современ живот,тоа може да биде само помпезно и непотистичко живуркање од кое подоцна излегуваат дегенерици.
Знаеш ли што значи доколку 9 години децата ги тераме да учат во училници со наведнати глави како на една реклама кога корисниците пишуваат пораки на својот мобилен?Наместо здрави луѓе ќе добиеме “закачалки“ од деца,со очила како тегли или леќи како бувови.Тоа е она кое цело време сакам да ви го кажам вам а и на некадарната Гвујова администрација која по пат на непотизам ги прибра последните “отпушоци“ од архитектонската бранша кој наместо банки проектираа “штали“ уште во времето кога јас учев архитектура,па сигурно ги има и денес.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.478
Поени од реакции
18.503
Учам у Корчагин и сум 4та можам да кажам дека комјутериве се жива глупост ни кажаа дека ке ги користиме тек у 2ро полугодие а сеа само ни пречат неможеш да стаис книга на клупа и мораш да пазиш да не бутнеш некој монитор или некој од маусине шо се топат на сонце коа седат:pos2::pos2: али најинтересно од се ако направиш некоја беља сам си плаќаш а немаш никаква корист од нив глупост жива:vozbud::vozbud:
И то тоа во средно, замслете ќе ги има и во прво одделение.

Абе деца се тоа, во наше време клупи кршевме кога ќе се грабневме да се тепаме, знајте што ќе биде од компјутерите, партал ќе бидат до крајот на учебната година, не е ова некој кабинет кој што може да се заклучи, децата тука седат на одмор.

Откако ќе се скрши мониторот, па после кој беше што беше, па ќе ги тераат родителите да плаќаат, а така не се воспитуваат деца. Кога ја седнувам ќерка ми на компјутер јас стојам по крај неа, прво да не ми расипе нешто да ми избриши, второ ко беше помала да не чука по тастатура или по монитор да ми прави глупости.

И последно, како што разбрав, децата ќе ја следат 'цела' настава на компјутер, тоа значи цело време да се пулат во монитор.
Тоа значи дека појдоа очите на 75% од децата во генерацијата.
 
Член од
4 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
1
Проектот е-школо беше 100 пати подобро реализиран од овој што е денес.
Почна да се применува икт во наставите, во основните и средните училишта, дотогаш како што вели ацид се учеше на суво информатика, програмски јазици во тетратки без да го почуствуваш тоа на компјутер.
Се отвори и медиумска библиотека каде што секој ученик и професор имаше можност да научи нешто повеќе со компјутерите, да испечати нешто, да прегледа некои податоци на интернет и што ли уште не.

Денеска е сосем непотребно што ги гледаме овие компјутери

Бај д веј Сеуште стојат компјутерите од е-школото во кабинетот по информатика затоа што имаат лиценци на Windows и целата настава се изучува под windows оперативен систем, сите негови алатки, апликации и програми.

Значи сакам да кажам дека новите компјутери не влегуваат во кабинетите по информатика од едноставна причина што не ги бива, и се под убунту.
Ова е усвари како требало да функционира целата работа, зашто кога јас учев полесно беше да се влези во форт нокс отколку да се дојди до некој компјутер на школо... ги чуваа како да се некое злато, и откако веке застарија држевме еднаш во 2 месеца час на нив. Така да не беше баш добро реализиран проектот
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ова е усвари како требало да функционира целата работа, зашто кога јас учев полесно беше да се влези во форт нокс отколку да се дојди до некој компјутер на школо... ги чуваа како да се некое злато, и откако веке застарија држевме еднаш во 2 месеца час на нив. Така да не беше баш добро реализиран проектот

Така немаше многу ќар за новата олигархија која пред очи ни ја создава ДПМНЕ,така ќе требаа 10 000 комјутери и тендерот ќе чинеше 2-3 милиони евра а не 30.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да прашам само...
Постојат ли презентации или нешто слично по наставната програма, на мајчин јазик мислам, и ускладено спрема учебниците и учебните помагала?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom