освен ракија, вино, леб и газирана вода мора и нешто друго да произведуваме. А не све да увезуваме.
Ова последното е најголем проблем, невработеноста сама од себе ќе ја решиш ако има производство.
Производство ќе има ако створиш услови.
Во '96 време на транзиции, приватизации и чуда, додека не бевме уште раскрчмени ко држава му дававме зимата жито на бугарите за да преживеат. Не помина многу време за да ни ја вратат топката и тие да ни даваат, а денешно време скоро сичкото е увоз.
Кога имаш услови за производство а увезуваш месо, млеко, жито... пиши пропало.
Ти електростопанство да си продадеш, железници пепел, пошта пепел, окта е туѓа, телекомот... до утре можи да редиме. После сакаме примањата да се доволни за пристоен живот, е не оди едното со другото.
Не можи само вработи ги на државно, кревај платите нека те гласаат и после лебот 50 денари векна. Нафтата 2 евра литар.
Да не прајме муабет шо пензискиот фонд е на апарати, да речат од утре не исплаќаме веќе пензии (а и тој ден со ова темпо не е Бог знае колку далечен) тек ќе има тензии и плачки.
Сега сме на ниво на држави од Латинска америка што биле, а забрзано ќе одиме кон Афричките ако нешто не се смени од корен.