Ако знаеш, сепак прашај си?
“На машко не треба да му објаснуваш вака е така е, треба да прашуваш демек не знаеш”
Ова може да запали кај некој сељак,што ќе ја однесе цурата у кафич и за себе ќе си нарача пиво,а ќе нарача на девојката да и донесат сокче...поточно ќе ги лечи своите комплекси и ќе има поплитка женска од него само за да се прикрие колку е самиот глуп!
-Девојките кои се прават помутави се и попривлечни? Доминантна женска, пореална е, помалку посакувана?
Помутави=попривлечни за машките што се кукавици длабоко во себе. Ако си изграден како личност што цврсто стои зад своите ставови нема да се плашиш од жена што знае што сака!
-Што преќутувате на машките, дечковците како добри девојки?
Не преќутувам,нема зашто да има лажна слика за мене...сите карти се отворени,треба да знае со кој си има работа...од такт ме вадат лажни претставувања
-Дали жените смеaт да бидат искрени во однос на својата сексуалност? Девојките се плашат да признаат секс од прва вечер, да не им падне рејтингот?
Ова ти е општествено прашање,баш погоре е спомнат примерот со жена ако има повеќе дечковци е курва...според машките жените не уживаат во сексот туку го прават само за да ги задоволат нив:nenene: пак ќе се вратам на кукавиците...они се јаки на зборови на темата сексуалност,ама кога девојката е јака на дело во тој поглед го покажуваат јагнето од под волкот.
-Дали има прифаќање од страна на мажите ако девојкта е отворена?
Јас имам впечаток дека отворена девојка претставува еден вид закана за машките
-Се губи идолот за женско, ако машките разберат дека одат во wc?
Да,жените се од друга планета. Затоа решаваат да затворат уши пред теми за менструација,ако женско ждригне тоа е неприфатливо,не дај боже да прдне:ija::lud:
Сите овие маски се потребни за веќе споменатите глупави/плитки/кукавици/недозреани машки...мислам дека една паметна девојка не треба воопшто да размислува на вакви теми туку треба погледне подалеку од ваквиот круг на машки и да постави други критериуми во изборот на партнер. Не се сите исти,сигурно ќе се најде некој што созреал и што не обрнува внимание на овие работи.
Од друга страна секакви женски има...може толку им дозволува интелегенцијата