- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Ќе ми го бричат со зелено џамче...А за потеклото на јазиков ако те чујат „палеолингвистите“ од „Историја“, маме ќе ти расплачат.
Ќе ми го бричат со зелено џамче...А за потеклото на јазиков ако те чујат „палеолингвистите“ од „Историја“, маме ќе ти расплачат.
Оваа фраза е културна заемка од Турците. Тие го имаат промовирано овој концепт на генитално бричење со срча у боја.Ќе ми го бричат со зелено џамче...
Cтар адет пријателе : кога се жени млад човек пред да се избричи целосно со жилет го забричуваат со зелена срча... Демек станал маж! Беше и во на Манчевски филмчето, Пред дождот, како една од култните реплики! Прекрасна е сликата што и се припишуваОваа фраза е културна заемка од Турците. Тие го имаат промовирано овој концепт на генитално бричење со срча у боја.
Знам, а преводот на англиски беше одличен. "Suck me, gently!"Cтар адет пријателе : кога се жени млад човек пред да се избричи целосно со жилет го забричуваат со зелена срча... Демек станал маж! Беше и во на Манчевски филмчето, Пред дождот, како една од култните реплики! Прекрасна е сликата што и се припишува
Мене пак повеќе ме интересираат деривации. Со флексијата си на посигурно, и добар ти е изборот. Инаку се согласувам, аспектот е лизгава категорија што вклучува низ морфосемантички компоненти и свршеност/несвршеност не е е некоја „огледална“ опозиција на ист глагол. Ама ова се стари болки во македонистиката и славистиката воопшто.Досега немам идентификувано ништо од морфосематичка природа бидејќи не работам на зборообразување но има едно чудно однесување на глаголите во однос на негатив/позитив вредноста на одреден начин :
Пример : нека биде глаголот НАПРАВИ
Логички и семантички се работи за глагол од свршен вид. Доколку сакаме да го смениме во позитивен императив, ќе ги има следниве форми :
Направи! Направете!
Негативно :
Не прави, не правете.
Поимот „семантички пар” којшто наголемо се користи во македонскиот јазик е многу интересен но корисен само за овој начин... Значи за негатив ќе искористиме друг глагол од истото семантичко поле но не и истиот бидејќи формите „Не направи” или „Не направете” се користат во хипотаксични конструкции од типот :
Не направете па ќе видите!
Ова својство ги засега само свршените глаголи бидејќи доколку менуваме несвршени глаголи проблемот не се поставува :
Прави! Правете! / Не прави! Не правете!
Како и да е, држам до тоа дека прави и направи се два различни глаголи а не, како што нашите лингвисти велат „свршени и несвршени форми од еден глагол”. Поверодостојно е да се каже дека се „два различни глаголи од исто семантичко поле”... Ќе ни ја олеснат работата на сите и ќе се порамнат со анализите на сите светски лингвистики кадешто, како што вчера напоменав, prendre, comprendre, apprendre, surprendre, réapprendre, entreprendre итн. се различни глаголи врз една иста база. Доволно е само да се запраша човек една работа : од која перспектива го анализираме глаголот - зборообразување или флексија?
Ох... Стари се ама не се веќе ни болки бидејќи доколку погледнеме на кој начин се решени кај другите словенски јазици ќе сфатиме дека можат да бидат и кај нас!Мене пак повеќе ме интересираат деривации. Со флексијата си на посигурно, и добар ти е изборот. Инаку се согласувам, аспектот е лизгава категорија што вклучува низ морфосемантички компоненти и свршеност/несвршеност не е е некоја „огледална“ опозиција на ист глагол. Ама ова се стари болки во македонистиката и славистиката воопшто.
One thing at a time. Аспектот е жив песок во словенските јазици. За илустрација на форумџииве:Ох... Стари се ама не се веќе ни болки бидејќи доколку погледнеме на кој начин се решени кај другите словенски јазици ќе сфатиме дека можат да бидат и кај нас!
А за деривацијата - исто толку интересна е колку и флексијата само што не сакам да одам на тој терен бидејќи треба морфологија И фонологија а моментално немам нерви за да се впуштам во една таква авантура! Здравје... Кога ќе ги завршиме другите работи (знаеш за кои зборам)
Охоооо... Дали само ова!Семантичките нијанси кои произлегуваат од глаголскиот аспект се бајаги голем предизвик за секој преведувач, а богами и лингвист.
Евиденцијалноста (засведоченоста) или по старски, прекажаноста, е многу заебана за странски изучувачи на македонски. Кога предавав македонски на Американци, аспектот и евиденцијалноста ги истоштуваа, затоа што во англискиот аспектот е многу поедноставен (и поинаку структуиран) а евиденцијалност како глаголска категорија не ни постои. Инаку, интересно е што се јавува во балканскиот шпрахбунт. Познато ти е кои други јазици имаат развиени парадигми на евиденцијалност? Мене не ми текнува.Охоооо... Дали само ова!
До пред една недела на нашите преведувачи им објаснувавме со мојата ценета колешка дека имаме и нешто друго што „современите” и широкопространи јазици наречени „светски јазици” го немаат и можат само да сонуваат за да го имаат : граматикализација на раскажувачките начини... Осведочен и неосведочен раскажувачки стил има во турскиот и донекаде во бугарскиот јазик... Почни да го преведуваш Славко Јаневски на англиски или на француски и ќе ти пукне жолчката од немање на соодветни форми за неосведочен раскажувачки стил. И наместо куќа ќе дигнеш шатор
Еве ги : спецификите на македонскиот јазик се овде, пред нос - затоа никогаш нема да се впуштам во квантна физика (фала друшке за изразов) наречена етимологија и палеолингвистика за да докажам дека имаме уникатен, убав и богат јазик
Бугарскиот сигурно има бидејќи ја има партиципната -л форма, турскиот исто така... А за балканските јазици провери ја следнава референца што ќе ги послужи повеќе од било што друго (Живео Чика Виктор!!!) : Friedman, V. 1998. The Grammatical Expression of Presumption and Related Concepts in Balkan Slavic and Balkan Romance. American Contributions to the 12th International Congress of Slavists. M. Flier, A. Timberlake(eds). Bloomington, Slavica. 390-405Познато ти е кои други јазици имаат развиени парадигми на евиденцијалност? Мене не ми текнува.
Да, знам и за турски и бугарски, а Фридман го слушав кога го излагаше ова пред многу години.Бугарскиот сигурно има бидејќи ја има партиципната -л форма, турскиот исто така... А за балканските јазици провери ја следнава референца што ќе ги послужи повеќе од било што друго (Живео Чика Виктор!!!) : Friedman, V. 1998. The Grammatical Expression of Presumption and Related Concepts in Balkan Slavic and Balkan Romance. American Contributions to the 12th International Congress of Slavists. M. Flier, A. Timberlake(eds). Bloomington, Slavica. 390-405
П.С. Ја има на неговата веб-страна во PDF верзија...
Фантастично! Праќај линк и инфо, те молам. Во меѓувреме, еве една тазе студија, ќе ја симнам во пдф. -- имам малку време -- ме за'рчка темава.Сега има и програма за јазична типологија според евиденцијалноста... Евангелија Адаму (гркинка што не нарекува „македонци”) работи на таа проблематика во CNRS... Интересна е целата програма