Ги мразам оние кои у глава имаат само “позитивни вибрации“ и сакаат да се дружат со луѓе кои се насмеани, ако нешто “негативно“ здогледаат вртат глава, со цел да не им се расипе насмевката и позитивната ебана вибрација!
Иначе не ми се битно дали некој се смее или не. Баш напротив сакам да бидам со оние лузери што им умрела насмевката поради некоја причина и да им направам нешто интересно ако можам, за да им се врати насмевката.
Е сега у цела ова ситуација битно е следното што на многумина јас лично им го имам кажано:
У ситуација кога нешто се слави, некаде се иде за забава или слични манифестации, ако на некого не му е по кеф денот или месецот или годината, нека не иде, зашто немора еден да им сере на десет луѓе. Значи ако идеме да се “смееме“ идеме сите заедно, и сите заедно ги ставаме проблемите дома. Утре нов ден.