ИЗВИНИ се кажува кога ќе го повредиш некого или кога ќе погрешиш нешто. Јас го користам штом сфатам дека сум ја утнала работата. Немам проблем да си ја признаам вината. Човечки е да се погреши и уште почовечки е да се признае. Од луѓето кои ми значат во животот, од оние кои си ги сакам ми значат и зборот и погледот, од луѓе кои не ми значат сеедно ми е дал ќе му текне да си го каже тоа „зборче“. Не сум Бог за да судам, ама сакам кога некој не е во право да ме погледне в очи и да ми каже дека погрешил. Ниту јас не сум безгрешна! Од луѓето кои не ми значат, не ни очекувам извини, слободно можат да прават што сакаат, нивниот збор не ми вреди. Не сакам да ги комплицирам работите, иако последниов период се` ми оди наопаку, ама знам да се извинам кога ќе погрешам. Секогаш кога ќе се извинам за нешто го мислам тоа. За мене тоа не е само колку да се каже, не е празен збор.