@Hyper Freak
Вредна монета имате...
KM# 27 5 DINARA
25.0000 g., 0.9000 Silver 0.7234 oz. ASW, 37 mm.
Mintage: 200.000
Ruler: Peter I Subject: 100th Anniversary - Karageorgevich Dynasty
Си требал да сликаш со Macro опција, така нема да биде матно. По моја проценка (не ме држи за збор), квалитетот е (најмалку) VF, а можеби и XF, но не сум сигурен зш не гледам колку е излижан предниот дел.
Гледам дека имаш и 2 мали удари на задниот дел.
Има 2 типа на монетава, на едната од страна пишува БОГ ЧУВА СРБИЈУ, а на другата (повредна) од страна пишува БОГ СРБИЈУ ЧУВА.
Пред да прочиташ за вредноста подолу, имај предвид дека скоро сигурно вредноста на монетава денес е зголемена. Го немам каталогот за 2013, има делумен, али ја нема монетава таму. Исто така, вредностите во каталозите се секогаш преценети. Вистинската пазарна вредност е за 5-20% пониска.
Проценетата вредност на првата монета за 2010 година за VF квалитет е $80, а за XF $240.
За втората монета вредноста за VF e $300, а за XF $700.