sangría
за 6 порции:
1 шише суво црвено вино - односно околу 600 мл и разни сезонски овошја (праски , сливи, кајсии, вишни...)неколку лимони или портокали, малку цимет и многу МРАЗ
Овошјето исечено на парчиња - без семки - но обавезно со кора - ставете се’ во блендер освен лимонот -на измиксаното додадете го виното -претурете го сад и ставете го во ладилник на 2 часа - пијте го со многу мраз -а доколку сакате поблаго додадете шеќер на овошјето и да отстои така 1 час да даде повеќе сок - но пред да го залиете со виното, а ако имате и свежо нане - ставете и од него
тамам е за летниве горештини
--- надополнето: 27 јули 2013 во 20:18 ---
истото може да се направи и со бело вино
--- надополнето: 27 јули 2013 во 20:40 ---
можете и со цели парчиња овошје на кои ќе додадете вино