амебите
Мое мислење е дека Анкетава е малку промашена. Гледам некои од вас го знаат или насетуваат Словото, и среќен сум поради тоа.
А за оние кои не знаат...
Староседелците на Балканот биле Славни и Словени (писмени)
Дедовците ни биле и цареви и офчари, и даскали и ајдуци, и попови и оџи.
Корењата ни се длабоки колку трите мориња (Адриатско, Бело и Црно)
Пелагонија, Полог, Солунско Поле, Струмичко Поле, и сите полиња и рајски градини помеѓу тие 3 мориња ни се Гради Мајчински.
Шара, Пелистер, Кајмакчалан, Пирин, Галичица и сите црни и бели врвови и ридови се до вишниот Олимп ни се мека постела.
Лисна Гора посестрима, Месечината јатачка, Охрид Златна Столица.(нормално и Пела, Линк, Преспа, Прилеп, Скопје)
Зурла и Тапан и за на свадба и за на војна, Сонцето Пат да осветли, Вардар жед да угасни и рани да залечи.
...........
А тоа што народот Славен и Словен си заборавил делумно корењата, и во меѓувреме се исподели на којзнае какви нации и партии, убаво ни го кажа еден наш Славен
„...меѓу народа ке сеат, несогласие и омраза, да се мразат син со татка, и со брата брат...„
Прличев пеел за тогашните прилики и „грчката„ асимилаторска политика. меѓутоа тие стихови ја опишуваат историјата на Славниот и Словениот Народ во последните 2300 години.
Од ПОСЛЕДНАТА голема Држава на Славните
(во меѓувреме имаше и други држави, меѓутоа Александровата Империја била последна во која сме живееле СИТЕ заедно...)
би сакал да нагласам дека не само ние граѓаните на Република Македонија сме директни наследници на тој народ, и не знам како себеси тие се нарекувале, знам нешто друго...
Јас сум Ѓорѓи (Гоце) од Македонија, внук на Марко, Трајан, Љуба и Мара, сите од Македонија, тие пак внуци на Јанчевци, Шишкови, Паскалиевци, Трајковци, итн, итн, сите од Македонија
На нас, Македонците, предци ни се Македонците.
Нормално дека во меѓувреме доаѓале разни племиња, ама не ми е познато некој да имал атомски бомби пред 20 век, така да НЕ Е МОЖНО да се „искорени„ тој „Антички Македонски Народ„
А кога некој ке ми каже кога и каде умрел последниот Македонец, тогаш можеби ке размислам за некоја друга опција.