Не сакам:
01. Млеко и млечни прозводи, освен ако не се фабрички обработени и од продавница
02. Секакви видови на манџи, поготово манџа со компири
03. Лeќа, печен грав и неизбежната боранија
04. Таралник (тарана + јуфки), јуфки, макарони и шпагети
05. Брокули, јаболка, портокали, калинки
06. Пача и јагнешко месо
07. МУСАКА (тоа највеќе го мразам)
08. Сарма (додуша еднаш гледав на рецепти на ТВ, правеа сарма со пршута, ова може да е вкусно)
09. Пилешки батаци
10. Печена риба! Е значи не можам ни да ја помирисам а камоли да ја јадам! Јадам само пржена

11. Едно благо т.н “млечник“, не знам дали сте го пробале, се прави исклучиво од млеко и изгледа слично како пудинг ама нема никаков вкус (овошен, чоколаден и сл. како што имаат пудинзите) туку само млеко! И се пече во рерна!
Од пијалаци не сакам алкохолни освен водка-мартини и уште 2-3, највеќе мразам ракија, домашно вино, пиво.