Баш така. Коле Чашуле после убиството на Мачков е осуден на доживотен затвор порди истото.кодошите-агентите Мане Мачков и Крум Панков, од Скопје
Во апсењето на македонски комунисти,а посебно во мачењето и убивањето на Цветан Димов главен актер беше „бугарскиот“ агент Мане Мачков кој се спомнува и во Прогласот на Покраинскиот комитет.Мачков пред војната бил член на Урсовите синдикати,а извесно време и благајник на секцијата на градежните работници.Некаде околу1939-1940 год. поради проневера на синдикалните пари,бил исврлен од истите.Мошне добро ги познавал сите синдикални активности,главно комунисти.Затоа одлично го познавал и Цветан Димов. Мачков уште во првите денови на окупацијата целосно се ставил во служба на окупаторот,примен е во бугарската полиција како агент,откако претходно бил на кус курс за обука на агенти во Софија.Нему не му требаше многу за веднаш да се афирмира,зошто им ги поткажа својте бивши другари-комунисти. Лично ги раководеше апсењата на комунистите во Скопје, па беше најценет во таканаречената група „ А “,
(всушност политичко оделение во бугарската полиција),која се занимаваше исклучиво со гонење и откривање на дејноста на комунистите.Главно негова е заслугата што за нецела година дојде до неколку тешки провали во скопската партиска организација. Учествуваше во сите истраги над уапсените комунисти и беше главен организатор на тепањето и на неверојатното мачење на својте бивши другари. Негова десна рака во таа работа му беше уште еден предавник,кој исто така како агент служеше во групата „ А “ на бугарската полиција, Крум Панков,познат како Кросот.
Сето тоа добро и беше познато на партијата и таа уште во септември 1941год.ги осуди на смрт Мачков и Панков и презеде мерки за да ги оневозможи во нивните намери и злодела.Тогаш е донесена одлука,со која за извршување на таа задача бил задолжен штабот на тукушто формираниот скопски партизански одред.Атентаторите беа:
Кочо Битољану,Трпе Јаковлевски,Анѓеле Михајловски и Бранко Фрицханд
тогаш сите на 17 - 18 години и членови на СКОЈ.
Задачата ја добиле лично од:Перо Наков и Коле Чашуле.
Атентатот е успешен на 20 август 1942 година.
Еден изрод,кодош и предавник од-на македонскиот народ помалку.
................
„Скопје во ослободителната војна и револуција 1941-1945“ том 1-книга 1
архив на Скопје - зборник на сеќавања, Скопје 1984 година
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 14:25 ---
Петар Кузманоски- Зеленко од Прилеп. Учесник во НОБ. Во јули 1942 година заробен во с. Плетвар од страна на Бугарите. Веројатно уште претходно врбуван од бугарската полиција. Од Плетвар го ослободува партизанскиот одред Димитар Влахов на чело со Борка Велески-Левата. Извесно време останува во одредот од каде што дезертира. Заминува во Прилеп и таму кажува се што знае за одредот(бројност, вооружување, логистика, јатаци, бази).На 14 септември бугарската војска и полиција ја опколуваат базата на одредот кај месноста Мукос и наполно го уништуваат. Се смета дека истиот има вмешаност и во големата партиска провала во Прилеп во септември 1942 година која подоцна ќе кулминира со Дабничкиот масакр. По војната Петре Зеленко успеал некако да замине за Америка и од тогаш му се губи трагот