Кога се пари и егзистенција во прашање глупаво е да се глуми хардкорец и сл.
На пр. во моментов работам како рецепционер и на работното место мора да носам кошула, пантолони, кондури и вратоврска, работи што и на свадба РЕТКО се решавам да ги облечам. Надвор од тие 8 работни часови јас сум тој што сум, патика фармерка маица, блузон или тренерка итн.
На свадба колку и "да се сменам" гледам максимум да биде задржан опуштениот и спортски стил, кошула можеби ќе ставам, доле поприбрана фармерка и патики, многу ретко кондура, гледам и кондурата да е поспортска не шпиц фазон.
За излегување многу ретко се пицнувам (дотерувам) зашто ретко излегувам по места кадешто треба да бидеш нешто посебно дотеран, обично сум по рок свирки, па и да сум на некое поозбилно место, фамерка и патика обавезно носам, другото може да е маичка, блуза некоја и сл. речиси исто како и сегде.