Кога ќе почнеме да се цениме?

Член од
16 октомври 2013
Мислења
33
Поени од реакции
48
Сиве овие пропаганди што ги прави светов против Македонија е доказ дека ние македонците вредиме како народ со огромно минато, само ние тоа никако да сфатиме. Секогаш кога ќе помислиме на некој што не е македонец го ставаме над нас. Зашто? Ние сме дел од најстарите цивилизации ако не и најстара во Европа. Додека ние живеевме во општество тие (ЕУ и пошироко) се уште беа номади без никаква култура. Тие се тие што треба да не гледаат од доле а не ние. Ние сме првите што создале цивилизација, своја култура, не тие. Ние вредиме, народе македонски, почни да се цениш!
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Се додека Македонецот не гледа да му го ископа гробот на другиот до тогаш ситуацијата ќе биде таква. Бидејќи верувам сите сте забележела дека брат, брата не рани па таква е ситуацијава и тука во Македонија не се ценат Македонците помеѓу себе зарем очекувате некој друг да ве цени повеќе?
 
M

Muranyi

Гостин
Ние сме дел од најстарите цивилизации ако не и најстара во Европа. Додека ние живеевме во општество тие (ЕУ и пошироко) се уште беа номади без никаква култура. Тие се тие што треба да не гледаат од доле а не ние. Ние сме првите што создале цивилизација, своја култура, не тие. Ние вредиме, народе македонски, почни да се цениш!
Ти се имаш преценето.
 
D

devojcence

Гостин
dodeka se krade na veliko vo drzavata do togas nema da ne bide. ete zatoa ne prostuvam kradenje najstariot i najteskiot zanat kaj nas.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
191
Поени од реакции
122
Сиве овие пропаганди што ги прави светов против Македонија е доказ дека ние македонците вредиме како народ со огромно минато, само ние тоа никако да сфатиме. Секогаш кога ќе помислиме на некој што не е македонец го ставаме над нас. Зашто? Ние сме дел од најстарите цивилизации ако не и најстара во Европа. Додека ние живеевме во општество тие (ЕУ и пошироко) се уште беа номади без никаква култура. Тие се тие што треба да не гледаат од доле а не ние. Ние сме првите што создале цивилизација, своја култура, не тие. Ние вредиме, народе македонски, почни да се цениш!
Da se cudis site ni zaviduvaat i sakaat da ni ja unistat drzavata oti golem faktor sme vo svetot! Se se mislam oti soros ni ja mesti rabotava!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Темава не е за овој форум, повеќе за Општи Дискусии.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Сиве овие пропаганди што ги прави светов против Македонија е доказ дека ние македонците вредиме како народ со огромно минато, само ние тоа никако да сфатиме. Секогаш кога ќе помислиме на некој што не е македонец го ставаме над нас. Зашто? Ние сме дел од најстарите цивилизации ако не и најстара во Европа. Додека ние живеевме во општество тие (ЕУ и пошироко) се уште беа номади без никаква култура. Тие се тие што треба да не гледаат од доле а не ние. Ние сме првите што создале цивилизација, своја култура, не тие. Ние вредиме, народе македонски, почни да се цениш!
Проблемот зошто тоа така Европјаните гледаат на нас е затоа што додека ние си ги меревме за тоа колку бевме јаки порано, тие работеа на иднината. Ние уште се драпаме како сме "најстарата цивилизација" (како што и впрочем мислат многу други цивилизации), додека другите работат на иднината. Додека ние се давиме во медиокритет и самобендисаност, истите тие што ни се смеат создале повисок стандард на живот кој им дава право да не гледаат онака како што им чини.

Разбуди се, историјата е минато.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
33
Поени од реакции
48
Значи зборот ми е дека ние како народ не се цениме, а причина да се цениме го кажувам нашето минато. А за да создадеме висок стандард на живот и еден куп други работи тоа е веќе друго. Али нема ништо да создадеме се додека не почнеме да се цениме самите себе и се делиме по партии.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Кој не се цени? Ние ли? Колективно? Па ние сме толку самобендисани и мегаломани, властите(последнава особено) се шетаат на избори само со мегаломанска реторика. Со коњи и триумфални порти, со ненормални тези дека денешниот литературен јазик е природна еволуција на јазикот на кој говореле античките Македонци. Со промоција на ликови како Ниче Димовски и до неодамна, Паско Кузман. Со упорно удирање во гради и барање некаков екскузивитет кон хероите, просветителите, кон настаните од антика па до Илинден. Со навреди и плукање кон соседите од кои, да не се лажеме, зависи нашиот опстанок. Грците се педери(и цигани), Бугарите се Татари, Монголи, Хуни, Албанците се племе инцестоидно. А ние? Ние сме ги покориле Вавилон и Персеполис. Сме стигнале до Индија. Тука Павле ширел христијанство. Македонците Кирил и Методиј им дале јазик, ги описмениле словените. Да се разбереме, не се дистанцирам од овие генерализации, особено не од ставовите кон соседите. За жал, ги делам, најмногу тие кон соседите на северозапад. Сепак, тоа чукање во гради е и смешно и опасно. Смешно затоа што е невидена ароганција на едно мало народче кое може да биде смачкано преку ноќ, а опасно затоа што ни се множат непријатели со секое наредно инсистирање на таа ексклузивност.
Тоа што го немаме е солидарност. Да не забегаше авторот во acid-трипови за панмакедонизмот, можеби ќе беше подобро да се разговараше зошто луѓето овде, ставени во една ваква неповолна клима, газени од сите страни, не покажуват ни трошка солидарност. Грците, тие педерите и цигани, матер расплакаа во нивните фабричиња за текстил. Даваат плата ако сакаат. Бркаат кога и кого сакаат. Работно време одредуваат како им одговара и колку им одговара. Заштитени се тие жени? Не. Ако една се обиде да се побуни и побара поддршка од колешките - не ја добива. Власта зема мито од грко за да не го задева. Исто како да ја нема. Главатарите во синдикатот земаат мито од грко. Синдикат исто како да не постои. Колективен договор исто како да не постои. Кој треба да крене глас? Сигурно не ние пред монитор. Тоа нас не не засега. Нека си бркаат работа шивачките, нивен проблем.
Проблемот со синдикатот, колективните договори, правата, слободите се баук во Македонија. Да не беа, многу одамна ќе ја сфатевме солидарноста како потреба, интерес да задржиме што поголема индивидуална автономија и што поголема професионална стабилност. Тие работи се дериватив на овие повисоки концепти како национална гордост, чувство на припадност, тантара-пантара. Не може со една вакво елементарно неразбирање на сопствената моќ како колектив да бараме било што или да се надеваме на било каков прогрес.
Сите гледавме по вести кога дојде емирот од Катар. Ни кажуваа на Сител дека дошол за да договори инвестиции во Македонија. Не е точно. Емирот дојде за Грујо да потпише договор за испраќање робинки во Катар. Робинки - волонтерки, нормално. Девојчиња кои сами ќе се пријават да бидат робинки на година - две, ќе потпишат, ќе се качат во авион мислејќи дека ќе работат како собарки и кога ќе стигнат во Катар на нивниот газда ќе му биде дозволено се освен да ги убие. Се. Смее да им намали плата со било каво штуро оправдување, смее да им одредува сам работно време, забрането им е да си заминат од државата или кај негова конкуренција, забрането им е да ја напуштат работата, нивните права и слободи се целосно укинати под превезот на "обичајното право" на Катар. Добра бројка робинки си потпишаа и летнаа на бољи живот во Катар. Кој се зазеде да ги заштити нивните права? Скоро никој. Тек-тук по некоја невладина. Зошто тој договор мораше да биде силно и жестоко нападнат, независно од тоа дали тие девојчиња свесно потпишале и знаејќи ги условите таму, сепак заминале? Затоа што таквиот договор е силен шамар кон државата. Огромно понижување. Афрички држави, далеку поотепани од нас го одбиле емирот и не го потпишале тој договор.
Имам уште многу примери за оваа наша анемичност и незаинтересираност. Постојат уште многу кои и јас не ги знам поради мојата анемичност и незаинтересираност. Сите тие ќе се натрупаат доволно, ќе не разјадуваат и уништуваат додека не лажат и се лажеме со антички корени и библиски земји, па на крај ќе ја изгубиме државата која станува очигледно дека не ја заслужуваме и како народ ќе заминеме во заборав.

 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Кублај Хан , мене баш ме интересира што имаш да напишеш после ова што ти го пиша Разиел и баш ме занима зашто ние вредиме? Со што ние денешни Македонци од сегашноста сме заслужиле почит од другите?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Далеку од тоа дека народот не заслужил почит. Едноставно толку многу ги дотолчиле секојдневните егзистенцијални проблеми што се уморни и буквално безживотни.
Географски, како хиени се надвиснати сите околу со виртуелни приказни и преданија и самата поставеност некако присилно ги замолчува луѓево. Рака на срце (ова е мое лично мислење па фрлајте камење директно кон мене), бугариве секогаш ми биле со дискутабилна историја (непотврдена и полудокажана) и тоа ми се прелева и на нивната култура; грциве имаат пребогата сопствена историја и не знам од каде потреба се да се присвојува (претпоставувам поради хронолошката преплетеност и премногу историски информации); србиве како народ се гласни и наметливи; албанците се со историска геометриска прогресија... а македонецот е во средина!
Не мислам дека не се почитува... ги остава да се изморат „околните“ од лупање во гради а во моментов е фокусиран на побитни работи. Кај нас „горните“ ни ја убија почитта и не натераа да се срамиме пред најблиските терајќи не да се срамиме од себеси и наметната неспособност да се реализираме како луѓе.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Го прочитав пријателов погоре кој муабет го праи и ова ми падна на памет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom