Кога треба да се крштеваме?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се разбира дека ќе те просветлам. Разликата е очигледна.
Христијаните се држат исклучиво до Божјиот Збор и го следат Христовото и апостолско учење.
Православните ги црпат своите догми од преданијата, од житијата на ткн. "свети отци", од вселенските собири итн. со еден збор кажано, тие само номинално го спомнуваат Светото Писмо, а нивните догми и учења ги црпат од човечки зборови, човечки одлуки, онака како што попот ќе им нареди.
Крштевањето на бебињата е еден пример за тоа.
Се согласувам за болтираното. Не само што е очигледна туку е и суштински различна.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
66
Поени од реакции
5
Се разбира дека ќе те просветлам. Разликата е очигледна.
Христијаните се држат исклучиво до Божјиот Збор и го следат Христовото и апостолско учење.
Православните ги црпат своите догми од преданијата, од житијата на ткн. "свети отци", од вселенските собири итн. со еден збор кажано, тие само номинално го спомнуваат Светото Писмо, а нивните догми и учења ги црпат од човечки зборови, човечки одлуки, онака како што попот ќе им нареди.
Крштевањето на бебињата е еден пример за тоа.
Пак ќе ти повторам:uvo: православните верници се христијани поради тоа што веруваат во Исус Христос.Крштевањето бебиња, раздавање храна за задушница, литургиите и останатите дејствија кои се различни од оние на католиците не ги прават нешто друго различно од христијани.
Горенаведените разлики :nesvest: за жал не ме просветлија, мислам дека само те збунуваат тебе , пошо све шо кажа за ,,христијаните,, не е разлика напротив карактеристика на сите христијани вклучително и на православните.:toe:
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Крштевањето, според христијаните, претставува одговор на добра совест кон Бог.
Дали мојата добра совест можам да ја изразам само со еден убав цврсто решен збор?
Зошто морам со вода, за да ми се вброи во Свето Крштение ?
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Можеби за тебе е тенко и неубедливо ама барем е библиско, за разлика од вашите филозофирања и тралалајќи.

"Во согласност со овој приказ, сега крштавањето ве спасува, кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку е покажување на добра совест спрема Бог, преку воскресението на Исус Христос"
(1 Петрово 3:21)

Пред да ја прочитам Библијата еден куп православни ме убедуваа дека пред да биде крстено бебето тоа смрдело, а потоа не. Но овој стих го зборува баш спротивното, дека крштевањето не е отстранување на нечистотијата, туку искажување на добра совест кон Бог.
Туку се одалечивме од темата, таа вели: Кога треба да се крштеваме.
Јас велам кога човекот ќе созрее, ќе ја спознае христијанската вера и самостојно ќе одлучи дали ќе ја прифати или не.
Христос секогаш повикувал на личен избор, а не на посреднички избор, кумот да одлучи за верата на бебенцето.
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Дали мојата добра совест можам да ја изразам само со еден убав цврсто решен збор?
Зошто морам со вода, за да ми се вброи во Свето Крштение ?
Дете доста замараш со тоа водата, темата не е во што треба да се крштеваме, туку КОГА треба да се крштеваме.
Зошто треба со вода? Затоа што така Библијата учи така.

1. Самиот збор крштевање (на грчки баптиѕо) значи "потопување", "да потопиш нешто".

2. Дали тоа може да се толкува дека може и во вино да се потопуваме? Не! Тоа се гледа од следниов стих:

"А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, евнухот рече: “Еве вода! Што ме спречува да се крстам? (на грчки: "потопам")"
(Дела 8:36)

Ете ти докажав, а сега доста замараш и врати се на темата. :kesa:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Можеби за тебе е тенко и неубедливо ама барем е библиско, за разлика од вашите филозофирања и тралалајќи.

"Во согласност со овој приказ, сега крштавањето ве спасува, кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку е покажување на добра совест спрема Бог, преку воскресението на Исус Христос"
(1 Петрово 3:21)

Пред да ја прочитам Библијата еден куп православни ме убедуваа дека пред да биде крстено бебето тоа смрдело, а потоа не. Но овој стих го зборува баш спротивното, дека крштевањето не е отстранување на нечистотијата, туку искажување на добра совест кон Бог.
Туку се одалечивме од темата, таа вели: Кога треба да се крштеваме.
Јас велам кога човекот ќе созрее, ќе ја спознае христијанската вера и самостојно ќе одлучи дали ќе ја прифати или не.
Христос секогаш повикувал на личен избор, а не на посреднички избор, кумот да одлучи за верата на бебенцето.
Не е баш така едноставно.
Ако човекот се крсти на бебешка возраст, тогаш неговата потенцијална состојба да поверува во Христа е неспоредливо поголема отколку можноста возрасен човек (кој се потпира исклучиво на своите преценети телесно-душевни сппсобности) да поверува! Лично познавам возрасни луѓе (колеги и колешки од работа) кои не се крстени а кои онака, горделиво тврдат нека никогаш нема да дозволат да ги крста своите некрстени деца! Само Севишниот нека им е напомош на таквите! Просто е неверојатно! Очиглчедна е опсаноста од некрштевање која после се пренесува и на наредните генерации! А уште е поголем апсурдот да се биде македонец/ка, припадник на народ кој 1100 г. има своја помесна Црква и онака, тврдоглаво, да се негира потребата од крштевање. А кога душата ќе излезе опред Христа да Му достави „сметка„ за својот живот на Земјата, што ќе Му каже!? Дека никогаш не слушнала за Него? Дека нејзе (на душата) не и требало крштевање кое Сам Христос го одредил, туку нејзе (на душата) и била доволна само добрата совест?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
А уште е поголем апсурдот да се биде македонец/ка, припадник на народ кој 1100 г. има своја помесна Црква
А порано од 876 не постоеше христијанска православна црква во Македонија?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Пишував за Македонската православна Црква, како помесна Црква од македонскиот народ, снована во доцниот 9-ти век од Св. Климент Охридски. Немислев на тоа дека и пред неа имало/немало Црква. Ако гледаме ретроспективно, тогаш Охридската архиепископија од Св. Климент има преемство од Апостол Павле, кој , минувајќи во јужниот дел од Балканот, (Филипи, и ако не грешам, Солун) формирал нови Цркви (заедници) од поединци кои се покрстиле и го прифаќале Христовото учење.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Би се вмешал овде.



Бебето нема свои лични гревови и нема потреба да се покае.

А дали ти некогаш си се запрашал:
Што во својата суштина е Крштевањето?
Зошто се Крштеваме во вода, а не преку закопување во земја па откопување? Зошто да не бидам крстен со посипување со песок или пепел? Зошто Крштевањето да не биде едно цврсто решение, изразено САМО преку мој збор?
Дали мислиш дека потопувањето во вода е формален чин или има длабока суштина во себе?

Ајде по ред:
Да се создаде Личност е еден голем ризик. Ризик зашто таа личност може да избере! Да избере пат на Вечно Напредување, Усовршување и Уподобување (станување се’ послична и послична) на Бога. Но таа личност може да избере и пат на Вечно се’ поголемо и поголемо пропаѓање.

Уште пред да биде создаден човекот Господ знаеше кои се опциите кои таа Личност која Господ ја создава - ги има пред себе. Избор на пропаст или на напредок во Доброто.
Господ знаеше дека човекот можеби ќе падне, зашто го има ИЗБОРОТ!

Но знаејќи го тоа, Тој уште веднаш го осмисли патот за да го спаси човекот доколку го избере својот пат на пропаст, но по извесно време се покае. Тоа (овој чекор на Бога) се случи заради Неговата Љубов кон човекот (таа - Љубовта беше на самиот почеток, таа беше иницијал, поради неа Господ го создаде светот - БЕЗУСЛОВНО, бидејќи Тој е Љубов, а Љубовта - Вистинската Совршената е некористољубива)

Значи најнапред беше Љубовта!
Потоа Божјиот План за Спасение!

Кога го создаде човекот, Бог го создаде како Добар, односно во Доброто, со еден вртоглав подарок - Слободата.

Човекот доколку се раководел од Добрите Принципи и ако останел во доброто, тој никогаш немало да почувствува глад, болести, вируси, студ, жештина... би бил И телесно совршен.

Но, телото е поврзано со душата, а душата е во ширина на телото, додека е заедно со телото. Поради влегувањето во грев на сокриениот човек (душата), почнало да страда и телото. Гревот се вгнездил во човечкото тело и ги нападнал и гените. Тој се пренесува од човек во човек, но не гевот како формалност (кражба, убиство...), туку како нагон, како тежнеење, како наклонетост. Кај некои од нас нема броба против злото во себе, а кај некои има. Кај некои од нас борбата е поизразена, кај некои од нас е послабо изразена. Кај нас се борат тежнеењето да не се греши од една страна и нагонот за зло од друга страна.
Е поради тоа комплетно опседнување (можеби е “комплетно опседнување“ погрешен термин) на телото и душата од болеста на гревот, Господ промислил начин: како да ги излекува и двете - и душата и телото. Така се случил Чинот на Свето Крштение, кое не претставува само формалност, не претставува само ритуал без суштина, туку претставува бањање на телото и душата во Осветена вода. Точно така, тоа не е САМО едно обично базенче во кое ние налеваме обична вода “од чешма“, туку е базен во кој налеваме вода која бива Осветена, односно, пред чинот на потопување на Личноста (на оној кој се Крштева) во водата, најпрвин се принесуваат до Бога молитви да ја Освети водата, односно да Го испрати Својот Свет Дух да водата ја преобрази во онаа совршена предпадовна состојба. Само да се потсетиме, во првата Книга од Мојсеевото Петокнижие пишува дека на почетокот Божјиот Дух лебдел над водата. Не е ни чудо што до ден денес токму водата е онаа материја без која нема Живот. Во неа се’уште има знаци од онаа благословена состојба опишана во претходно споменатиот стих од Првата Мојсеева Книга. Кога принесуваме молитви за да биде водата осветена ние молиме да таа дојде во онаа состојба како онаа од стихот, а тоа значи да таа во себе ја има потполната сила која Светиот Дух може да и’ ја даде за да таа вода во потполност го излекува човекот како Личност (состав од душевна и телесна компонента) и потполно да го преобрази човекот да го препороди, да му го врати во потполност оној образ кој го имал пред падот, пред да се случи запаѓањето во решност, во порочност, во зло, и да го исчисти од страстите. ЕТЕ ЗАТОА - ВОДА, а не земја, не песок, не пепел, не збор, не ништо друго!
Дали детето го поима Бога? Да!
Дали детето е способно да ги прими Божествените принципи? Да! “На таквите е Царството Небесно“, а и децата се такви, па следствено и децата се способни да ги примат вредностите на Царството Небесно. Можеби да се крштева дете или бебе е за неговото спасение поарно, бидејќи тоа колку повеќе расте толку повеќе му се развиваат Личносните перцептори (сетила на личноста) и тоа колку повеќе почнува да го перцепира злото околу себе, толку повеќе, бидејќи е се’уште слабо и безсилно да се бори против злото, ќе почне да станува роб на злото, а Крштевањето ќе му даде СИЛА, па во детето, доколку се внимава на неговиот психички развој уште од мало, т.е. доколку расте во здраво семејство и здрава околина, уште од мало ќе почне да се развива вистинскиот предпадовен Адам (Ева). А возрасниот кој и покрај тоа што и со својот ум и срце на рационален начин ќе го прими Христа и Неговата Наука и Жртва, макар колку и да е развиена личност со изградени принципи за Доброто, во него се поприсутни изразите на злото, кои се остаток од паднатата човекова природа. А вкоренетите зла (во возрасен човек) и страстите потешко се чистат, отколку да се заштити младата лоза (детето / бебето) од злото, а вистинската заштита и поткрепа доаѓа од Бога, па примајќи го Светото Крштение, Личноста на човекот уште од мал е облечена во СИЛА(ТА НА СВЕТИОТ ДУХ) и се’ повеќе во текот на Животот расте и јакне во БОГА.

Затоа Крштението е наречено БАЊА НА НАНОВОРАЃАЊЕТО, бидејќи во човекот се обновува образот, се обновува Потенцијалот на Совршениот Човек, создаден да расте и да станува се’ посличен на својот Творец.
Што би можело да биде Бања на НановоРаѓањето? Словото? Светото Писмо? Ако е така, тогаш зошто се употребува терминот “Бања“, а не терминот “Слово на НановоРаѓањето“ или “Свето Писмо на НановоРаѓањето“. Баш затоа за да се приближи концептот на потопувањето, концептот на Водата.
Дури сега може на вистински начин може да се разберат стиховите приложени погоре.
Возрасен човек не би ни можел да се прероди ако најпрвин не му биде соопштено Спасителното Дело на Живиот Бог, за да би можел откако би го чул Словото да се очисти од своите гревови и СКЛОНОСТ КОН ГРЕШЕЊЕ и ПРАВЕЊЕ ЗЛО, за да би можел, односно би бил способен, т.е. би имал капацитет да Го прими Христовото Учење за ПРАВЕЊЕ ДОБРО. Зашто во човек кој има зло во себе, сериозно е прашањето дали тој може и колку може да прави ДОБРО. Затоа Бањата на НановоРодувањето го Очистува човекот од злото и му втиснува потенцијал за правење Добро. Сето ова оди во согласност со неговата слободна волја. Не можеш да Крштеваш насила возрасен човек.


Затоа, слободно Крштевајте ги Вашите деца, бебиња, немојте да мислите дека е неБиблиски, бидејќи очигледно е дека АРГУМЕНТИТЕ од БИБЛИЈАТА зборуваат дека може. Но, за тоа на колку дена/месеци треба да се Крштева бебето, е тоа прашајте ги Презвитерите (тоа се луѓето што Ви се попознати како “Попови“, ако евентуално не знаете).
-----------------------------------------------------------
Прво браќа сметам дека крштевањето не може да спаси, простете што се повторувам спасение само преку Вера во Исус Христос - делата не можат да не спасат ниту крштавањето како чин. Што ќе се случи со човекот што го има чуено Евангелието - Радосната Вест поверувал во Исус а не се крштавал ? дали тој нема да биде спасен ? а што се однесува до она дали имаме потенцијал да правиме добро ап. Павле до Римјаните зборува дека никаково добро не живее во мене, желба за добро има но не и сила да го правам тоа. Од друга страна Римјаните 2:13 вели (спободен превод) Зошто Бог е Оној кој ве поттикнува да сакате и да дејстувате според Неговата Волја. Од свое лично сведоштво јас се крштавав на 27 години во оној момент кога јас го разбрав Евангелието, Спасението и помина извесно време кога можев да ја утврдам верата во себе и посакав да бидам крштеван на река она библиски. Иако моја семејна позадина е православна и сум крштаван како бебе (не го сметам тоа за вистинско крштавање) - бидејќи ми беше наметнато. Сега со смелост можам да кажам дека старото во мене умреме - дека се ново (наново сум роден) благодарение според Божјата благодат (која е незаслужена) но според Божја волја ми е подарена. И сметам дека сега сум храм на Св. Дух кој живее во мене (во нас) и дејствува преку нас. Како што Исус во споредбата со Никодин му вели треба да се родиш од озгора , еднаш се раѓаш телесно - вториот пат се раѓаш духовно како наново родено битие. Поради горе-наведените причини сметам дека не треба да се крштеваат мали дечиња и бебиња.

Божјата благодат нека биде со вас, Браќа
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Цитирај и објасни што тоа во коментарот кој го напишав е небиблиско.
Друго, дали Протестантите знаат што е Светото Крштение во својата СУШТИНА? Значи, не да пречитуваат што пишува во Светото Писмо за тоа КАКО се врши Крштението, туку да дадат објаснување за СУШТИНАТА на Крштението!

... на возрасни луѓе...

А кој ти гарантира дека дека Крштеван човек на 30 години нема да отпадне од Верата еден ден и/или дека не би станал нов Хитлер, нов Сталин?
---------------------------------------------------
само сакам да напиштам, неколку стиха од Библијата:
Ефешаните 1 глава од 11 стих до крајот на 14 стих кој гласи:
Во Кого и ние бевме избрани за наследници, зошто бевме однапред определини според намерата на Оној Кој прави се по советот на Својата волја, за да бидеме за величење на Неговата слава, ние, кои се надеваме во Христос. Во Него сте и вие, откако ја чувте пораката на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако поверувавте, запечатени со Светиот Дух на ветувањето, кој е залог на нашето наслество, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост за величење на Неговата слава.

Според Словото јасно ни кажува дека се станува според Божјата волја според неговата намера, создадени сте за да го славиме, прославуваме и величиме Господовото име отако ќе поверуваме во Евангелието за нашето спасение и вели откако ќе поруваме запечатени сте со Св.Дух.

Човек кој вистински му го предал животот, и верува во Исус - Евангелието, тој веќе го примил Светиот Дух го примил Божиот печат кој ние гаранција за нашето спасение и вели тој е веќе Божја сопсвеност. Ако си Божја сопственост неможеш да отпаднеш. Или си негов или воопшто не си бил.

Поздрав,
Благодат со сите кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос!
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
И јас се крстив со сопствена воља и сопствена одлука на мои 23 години откако со сопствен ум ја запознав христијанската вера и со сопствена воља го прифатив Христос и лично јас се покајав за моите гревови.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Начелно, повеќето од христијанските деноминации не ни познаваат Свети Тајни па одтаму и нивниот однос кон Крштевањето како една од Тајните. Дел од протестантите прифаќаат не повеќе од 3-4 „тајни„ кои кај нив ионака немаат ефект поради немањето благодатана енергија од Светиот Дух, без која тајните се обичен ритуал и церемонија која нема ни потенцијален ефект а не реален.
Праволосавието прифаќа од римокатолицизмот само една Света Тајна а тоа е токму крштевањето. Но и тука постои услов: ако римокатоликот сака да прејде во православие а притоа е крстен во римокатоличката Црква, треба да се откаже од сите римокатолички догми и искривувања на изворното христијанско учење, кое РИм ги има направено минативе 1000 години.
Ух, ова звучеше многу супериорно Мики Христос се прашуваше кога ќе дојде повторно на земјата дали ќе најде вера. Сега потполно го разбирам што сакаше да каже (ова тие разводнување на верата) Христос не користеше префикси првославна - католичка.

Би ти го посочил стихот од Римјаните 14 глава (Зошто го судиш брата си) па стихот вели вака Примајте го слабиот во верата, но не за да го судите неговото мислење! Еден верува дека не смее да јаде се, а оној кој е слаб јаде само зеленчук. Оној што јаде нека не го презира оној што не јаде , нека не го осудува оној што јаде зошто Бог го прифатил таков. Кој си ти што судиш туѓ слуга. Тој стои или паѓа пред својот господар, а ќе стои зошто Господ е силен да го поткрепи. и во 12 стих од истава глава вели вака:
И така секој од нас за себе ќе одговара пред Господ.

Ова го пишувам за си мудруваме едни со други туку сакам да ве поттикнам да размислувате за итноста на спасението за која што ни зборува Исус - Христос и да се запрашате колку луѓе има на овој свет кој допрва треба да им се каже Евангелието на нашето спасение. Наместо да се натегаме која доминација има апостолски корени и колку свети тајни постојат јас велам дека нема ништо тајно што не би го знаеле оти Христос веќе се ни откри за наше добро.

Размислувајте на колку луѓе треба да им се каже за Исус. Размислете колкава одговорност носиме како Христијани пред Бога и пред другите народи. За да ги воведеме во послушноста на верата. Да се изградуваме едни со други за Бог да се прослави преку нас Амин !! Браќа.

Поздрав,
На единствениот мудар Бог, нека биде слава преку Исус Христос во сите векови. Амин !!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Уфуран,
се разбира дека на памет не ми паѓа некого да судам, оти сам Христос тоа го забранува! „Не судете за да не бидете судени. Оти со каков суд судите, со таков ќе ви се суди. Со каква мерака мерите, со таква ќе ви се мери„.
Она кое го напишав за христијанските деноминации и римокатолицизмот е точно и тука не се работи за никакво судење на другите. Немам намера да судам никого како што немам намера да ја сокријам праовославната вистина и православниот став кон нив. Значи, се работи за црковен (колективен) став а не за мој личен став.
Од друга страна, повеќе пати на форумов имам напишано дека спасението на поединецот не зависи од него самиот ( и од неговата верска а определба) туку пред се и над се од милоста Божја. Православната Црква пак додава: најголема веројатност некој да се спаси е е членувањето во Црквата Христова, а не било која заедница која себеси се именува како „црква„! Надвор од неа можеме да имаме се, освен спасение!
Биди поздравен.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И јас се крстив со сопствена воља и сопствена одлука на мои 23 години откако со сопствен ум ја запознав христијанската вера и со сопствена воља го прифатив Христос и лично јас се покајав за моите гревови.
Паметно и корисно.
Подобро и на 23 отколку никогаш.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
---------------------------------------------------
само сакам да напиштам, неколку стиха од Библијата:
Ефешаните 1 глава од 11 стих до крајот на 14 стих кој гласи:
Во Кого и ние бевме избрани за наследници, зошто бевме однапред определини според намерата на Оној Кој прави се по советот на Својата волја, за да бидеме за величење на Неговата слава, ние, кои се надеваме во Христос. Во Него сте и вие, откако ја чувте пораката на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако поверувавте, запечатени со Светиот Дух на ветувањето, кој е залог на нашето наслество, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост за величење на Неговата слава.

Според Словото јасно ни кажува дека се станува според Божјата волја според неговата намера, создадени сте за да го славиме, прославуваме и величиме Господовото име отако ќе поверуваме во Евангелието за нашето спасение и вели откако ќе поруваме запечатени сте со Св.Дух.

Човек кој вистински му го предал животот, и верува во Исус - Евангелието, тој веќе го примил Светиот Дух го примил Божиот печат кој ние гаранција за нашето спасение и вели тој е веќе Божја сопсвеност. Ако си Божја сопственост неможеш да отпаднеш. Или си негов или воопшто не си бил.

Поздрав,
Благодат со сите кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос!
Кон болтуваното:
Божјиот печат, т.е. печатот на Светиот Дух се прима едновремено со крштевањето , како маслен намаз/крсен знак врз крстениот. Не ми е познат друг начин на примање на Божјиот печат. „Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен„. „Кој ќе се роди од Дух и вода, ќе има живот вечен„. Тоа се Христови зборови па според тоа, „нема бегање„ од крштевањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom