Најсреќна... Секогаш во мене ќе стои дел празнина и тага, и во најсреќните моменти во моите очи се гледа тага и копнеж по нешто загубено.. Затоа поимот НАЈСРЕЌНА стана непознат за мене.
Но, има мигови кога можам да речам дека “се радувам“, “среќна сум вака“ или “задоволна сум“.
Тоа е најчесто кога поминувам прекрасно време со оној што го сакам бескрајно, кога е полн со љубов и насмевка, кога го гледам светот во неговите очи, кога тој гледа во мене како да гледа во бескрајот.... Кога нежно ќе ме погали по косата и ќе ми рече “Се ќе биде добро, ќе бидеш среќна крај мене, јас ќе ти дадам се` што ти треба“, кога ќе ги земе моите раце во своите и ќе ми рече “Јас ќе те заштитам и чувам!“
Среќна сум и кога ќе положам некој тежок испит, кога минувам време со друштвото, а и осеќам чудно задоволство кога ја читам својата поезија, колку и да е тажна и тешка, задоволство осеќам затоа што ЈАС сум ја напишала, сум ја осетила!
Се радувам многу кога Федерер ќе освои голем турнир, тоа е и за мене голем успех, затоа што знам дека сум фан на некој толку величенствен!