Кога молиш за вистина

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сигурно ви се случило, некогаш во животот тоа. Си дознал за некоја работа, 100 проценти си сигурен за тоа, одиш кај персоната која е во релација со тоа што си го дознал и кажуваш што знаеш. И она ти кажува друго и упорно "те лаже" а ти упорно и кажуваш дека знаеш веќе се. Практично молиш да ти каже. Причините за упорно лажење, иако се соочени со вистината се многубројни. Дали позитивни или негативни, зависи. Те лаже, за да не те повреди, за да не се расипе ситуацијата/причината/штобило која е предмет на дискусија, за да не те изгуби и секако лошото - зашто ужива во тоа. Што мислите за тоа, кога некој моли да се потврди тоа што го знае. Дали и покрај последиците, треба да се каже вистината? Зошто (не)треба? Дали би ја кажале вистината иако знаете дека ќе се скрши се тоа што сте го имале со личноста?


Секако се добредојдени секакви мислења околу темава. Можеби не се објаснив како што треба но добро е да се обработи која било тема околу тоа со откривање на работите.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Малку ме збрка на почетокот...

Кога ќе дознаам нешто и решам да зборам со личноста за која сум дознала и почне да ми врти муабети....е толку ме нервира тоа што мислам дека ќе ги истепам сите околу нас.
Ќјути! Па што ќутиш бре, кога гледаш дека веќе се знам?!? Демек ако ми речеш не е така, јас ќе поверувам? Ќе ме наведат на некоја друга вистина?
Демек помалку ќе ме повреди ако преќути? Како па да не!

Ми се има случено една личност да дојде и да ми каже ...вака и вака...ајде да разговараме за ова. Вистината беше лоша..болна. Не сакав да го повредам. Но јас несвесно веќе го повредив. Молчев. Не знаев што да кажам. Мислев дека ако преќутам нема да има уште поголема болка. На крај не издржав. Кажав се што е и како е. Товарот ми беше голем. Од тој ден (кога се најдов во таква ситуација) не премолчувам кога веќе гледам дека се се знае.
Премолчувам кога никој ништо не знае. Кога ќе можам некого да заштитам од непотребни нервози.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Најчесто во таквите ситуации веќе сметам дека личноста не заслужува маубет како проблемот би се решил, и коа ќе и кажам што знам, а одбива да ми признае дека е вистина, само се смешкам и враќам со "Дообро."
Мене ми е битно да ја знам вистината, а дали тој/таа ќе ми ја признае или не, и не ми праи голема разлика.
На неа и праи, од тоа зависи каков ќе биде мојот однос кон неа во иднина...
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Кога ќе дознаам нешто и кога сум сигурна во тоа веднаш одам да се соочам со таа личност која што има врска со ова,а уште ако продолжи да ме лаже во лице кога јас ја знам вистината е тогаш стварно ми се спојуваат сите жички затоа што не постои нешто на светов што ме ириртира и што мразам повеќе од лажење. И кога веќе сум дошла да се соочам и да ја слушнам и вистината од устата на таа личност тоа и го очекувам, а не да слушам уште глупости, без разлика која причина ја има за да не ми ја каже вистината. И секогаш сум за тоа да се каже вистината (доколку е стварно нешто битно, а не се работи за некоја ситница со која што само би се набила нервоза, тоа може и да се премолчи) без разлика дали ќе се скрши тоа што си го имал со личноста, затоа што колку повеќе време поминува, а тебе те "хранат" со лаги, толку полошо ќе биде кога ќе се дознае вистината, а богами секогаш се дознава.
 
A

Auditore

Гостин
Вистината треба и мора секогаш да се кажува без размислување за последиците.Искреноста е најголемата и највредната особина на еден човек, секој нормален човек нема да излаже и ќе ја каже вистината колку и да била болна и за тоа ќе се поразговара.
Иначе кога сум сигурен дека тоа е вистина воопшто не го ни прашувам дотичниот/та.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Се е џабе.

Досега ни една личност која сум ја фатил во лага со докази не ми признала туку напротив се терало со лагата до апсурд да почнеш да се осеќаш ко идиот што воопшто инсистираш да отворите карти. Па дури и кога сум рекол, се знам и секако имало причина зашто така си реагирал/а, ајде да бидеме искрени за заедничко добро и тогаш било џабе.

Одговорите се најчесто: нема врска, кој ти рекол, зашо така мислиш, сам/сама би ти рекла да беше така итн.

И тогаш едино ти останува ако личноста не ти значи да и го стајш крстот а ако ти значи да стиснеш заби, да си имаш повеќе резерва за следен пат и да викаш ахам, ок, добро, да се смешкаш и малку да се прајш на луд...

Луѓево се толку навикнати на лагата што не можат да бидат искрени дури и кога е за нивно добро а ќе те исполажат дури и на нивна штета...
 
T

Tetro

Гостин
Многупати сум се нашол во таква ситуација. Знаеш дека те лажат, сигурен си и имаш аргументи за тврдењето, но сепак сакаат да помислиш дека е така како што те убедуваат.

Нема врска ова што некој ти кажал, не бев таму, бев на друго место,.... Но, на лагата и се кратки нозете, иако за некои дела луѓето најчесто се вадат со некој глуп изговор (а изговори има колку (не)сакаш), па така мислејки дека си заборавил, ќе се издаде некогаш, ќе и се испушти пред тебе (збориме за блиски личности).
Најчесто лагата се открива со вино, и тоа црвено. :)


друѓи примери на лага:
јас не го скршив, скршено беше. :(
му падна главата на папагалчето додека го галев. :(
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Sum se nasla povekje pati da "molam" za vistina i pokraj toa sto sum bila sigurna vo vistinata nekogasmi bila priznata no nekogas za zal i ne mi bila i uporno mi se tvrdelo sprotivnoto,a nekoj koga vo oci me pravi budala so sila od pamet me vadi i ja zamrazuvam osobata koja sto go pravi toa
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....секогаш постои МОЈА вистина и ТВОЈА вистина....и доколку МОЈАТА вистина се разликува од ТВОЈАТА вистина не значи дека те лажам
....секој човек, секоја религија, секоја политичка гарнитура се обидува да изгради монопол врз СВОЈАТА вистина....ова е причина за најголемиот број судири во светот (лични, религиски, политички)

...секој од нас случувањата околу себе ги перципира и доживува на свој начин.....

...мравката, жирафата и соколот....опишуваат една иста работа - СЛОН....секој ја зборува ВИСТИНАТА....но СЛОНОТ на мравката не е ист со СЛОНОТ на жирафата, а уште помалку со СЛОНОТ на соколот....
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Сигурно ви се случило, некогаш во животот тоа. Си дознал за некоја работа, 100 проценти си сигурен за тоа, одиш кај персоната која е во релација со тоа што си го дознал и кажуваш што знаеш. И она ти кажува друго и упорно "те лаже" а ти упорно и кажуваш дека знаеш веќе се. Практично молиш да ти каже. Причините за упорно лажење, иако се соочени со вистината се многубројни. Дали позитивни или негативни, зависи. Те лаже, за да не те повреди, за да не се расипе ситуацијата/причината/штобило која е предмет на дискусија, за да не те изгуби и секако лошото - зашто ужива во тоа. Што мислите за тоа, кога некој моли да се потврди тоа што го знае. Дали и покрај последиците, треба да се каже вистината? Зошто (не)треба? Дали би ја кажале вистината иако знаете дека ќе се скрши се тоа што сте го имале со личноста?


Секако се добредојдени секакви мислења околу темава. Можеби не се објаснив како што треба но добро е да се обработи која било тема околу тоа со откривање на работите.
Слушај ангел,
Вистината во форма на ОСУДА - е осуда!
Признанието на вистината како ВИНА- е вина!

Што очекуваш? Покајание? Прошка? Да се заборави и се биде како порано? Ова ајде да речеме можеби но....

А ако сакаш некого да промениш- не мачи го/ја. Се додека сам секој од нас не се промени и за тоа не пронајде причина во себе апсурдно е да се надеваш. Тоа е како да чекаш да се преврти панетата.

Една друга добра мудрост вели Не жалиш за тоа што ќе го оставиш, туку жалиш за тоа што не го најде таму каде го бараше.

Искрено “да ми се умира- јас ваквите ги бришам и од вокабуларот“ нема иднина со некој кој нема иста визија со твојата, ист поглед на светот.

Лажгото е даден да биде лажго, арамијата да биде арамија, чесниот чесен. На оваа тема како да имам докторат, и што ми вреди. Единствена шанса да ја спасиш ситуацијата е ти да се промениш.

Ти посакувам ЧУДО да ти се случи и да ти се исполни жебата да заблеска твојата љубов така како што ја посакуваш.
 
M

Mussolini

Гостин
кога треба некој нешто да ми признае, одам до крај: не навалувам и тонот на гласот го држам до нормалата. му правам ментален притисок со прашања и пробувам да го завртам у круг со прашањата додека се збрка и забраве како одеше редоследот на одговорите додека ме има лажено таа личност да на крајот сама признае оти ме има лажено. у некои случаеви ја имам и следено таа личност (знам, тоа е тешка љубомора ама целта ги оправдува средствата) да на крајот у моментот на самата лага ја фатам. А кога треба јас да признаам нешто тогај едноставно молчам ко гледам оти не можам да се извлечам или едноставно кажувам как шо е и тргнувам се...
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Како што кажа некој погоре искреноста е најдобрата и најголемата особина на еден човек. Мене за среќа сеуште не ми се случило такво нешто со личноста со која сум во врска и не би ни сакал да ми се случи некогаш. Сега нормално, јас не ги кажувам сите мои домашни проблеми а не очекувам ниту таа да ми ги каже нејзините но тоа не го сметам за лажење, сепак сеуште не сме во брак ниту пак живееме заедно за да се чувствувам обврзан дека морам да кажам се. А со одредени трети лица, другари, пријатели, роднини итн. сум имал многу вакви "извртувања" на вистината и наведувања да верувам во нивната "вистина" а не во мојата. Моите така наречени другари ми удрија нож во грб за една ситуација а после тоа сите мене ме обвинуваа и никој не сакаше ниту да ја слушне мојата вистина и да се обиде да ја сфати, додека јас за нив рака во оган ќе ставев. Ама тоа ти е, ми вратија како што мислеа дека заслужувам. Во таков свет живееме, секој си гледа за себе.
 
П

Пепси_

Гостин
Кога молиш за вистина... зошто баш да молиш ? не е баш добро дефинирано ама ајде....ако ја знам некоја си вистина и сеа идам да ја слушнам од тој што треба и ако почни да ми мати баби и жаби едноставно си заминувам и крај го бришам од листата! кај мене нема 1-2-3 мајка... првата мајка ако ја заебиш и си се заебал сам.Кај мене е така, можеби не е добро ама не трпам лаги сакам вистината да се каже па каква сака нека биде! :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ај лажењето и вака и така, ама кога ќе ја дознае човек вистината и после тоа да го каже на особата која го излажала дека ја знае вистината и пак да лаже за мене е правење будала. Лажењето колку толку ќе го сфатам, ама да ме прави некој будала во мозок, е тоа не можам да го сфатам. Што би рекле, не ми е криво што ме лажеш, криво ми е што мислиш дека ти верувам.
 
E

elena.

Гостин
Епа ако го прашам и не ми каже, нема да го молам. Јас ја знам вистината и точка. Остај тоа што ме излажал, па сега и откога му кажувам дека знам се пак да ме лаже? Тој човек веќе нема да постои за мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom