Кога би биле политичар: би краделе или не?

Да крадам,или да не крадам..?


  • Вкупно гласачи
    51
  • Гласањето е завршено на .

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.379
Поени од реакции
30.806
па нормално ќе крадам, нема на колегите да им оставам надеж.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.041
Немојте да се лажете. Секој од нас, како разумно човечко суштество, прво мисли на себе, па после на другите. Доколку на некого му се укаже можност да биде во позиција да украде без да го фатат, бидете сигурни дека ќе го направи тоа. Никој не би пропуштил можност да ја подобри својата положба и онаа на неговата фамилија. Тие што одговориле на последната опција, лажат-сушат... :) (не го сфаќајте ова како навреда :smir:) Секој од нив доколку би се нашол на видна позиција, би ставил по нешто во џеб. Е сега, кога крадеш, треба да крадеш со усул. Малку да крадеш, ама и на народот да му дадеш.
 
Г

Господ

Гостин
Ќе се дупнам од крадење,цела држава ќе ја оставам на питачки стап.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.928
Поени од реакции
23.048
Нормално дека ке крадам..Секој си гледа за себе...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Одговор по 5 јуни сега сум во кампања... а што сакаш да ме местиш со прашањево, па по јоу тубе после да ме дискредитираш, а?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Сеуште не сфаќам зошто е додадена оваа опција - “Нема шанси! Побитна ми е чесноста и образот,него парите“
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Кај ти е опцијата ,,Не планирам да бидам политичар'' ? :) Иначе гласав за последната. Сепак не го гледам светот преку пари, а таа плата што ќе ја зимам ако сум на власт ќе ми биде сосем доволна за солиден живот.

--- надополнето ---

Иначе гледам највеќе гласови има ,,Ќе крадам , ама со усул..малку ќе крадам,малку ќе градам.‘‘ Па тоа го прави сегашната власт незнам зашто толку се бунат дека не им чини. Поарен нема, овие опозиционериве се бетер...
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Зошто сите се тешите со тоа демек ај бе сите ќе крадат па и ја ќе крадам. Нема врска тоа има сеуште чесни луѓе. Уверен сум дека нема да крадам и ќе пробам да направам нешто позитивно на долг рок, особено на економски план. Прво што ќе направам ќе биде отпуштање на пола и повеќе во администрација.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Замислете ваква ситуација.. Ве избира народ,ви дава мандат од 4 години на некоја висока функција во државава наша и вие сте некое министерче,директорче на некое јавно претпријатие,пратеник или уште подобро премиер.. И нормално како што е ред,ја имате целата власт у раце,располагате со огромна моќ и нормално со државната каса :) И како што сме ние Македонците од бога такви дадени, за ништо не се буниме,само по малце мрчиме вие 4 години можете комотно да си ја накривите капата и да се нафатирате убаво...или не , ќе си кажете чекај,ќе ме казни Господ..греота е за народов, да не правам така ...
Што ќе правите во таа ситуација? Ќќе се омрсите убаво,ќе се обезбедите со дебела сметка во некоја странска банка, или ќе одолеете и ќе останете чесни ?

Одговор :)
е па цитро ако некоаш се прашуваш зошто не си политичар(или зошто не си станал) ,одговорот е лесен ,на анкетава си одбрал -

  • Нема шанси! Побитна ми е чесноста и образот,него парите !
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Нормално дека ке крадам..Секој си гледа за себе...
А да знаеш колку се нервирам,кога групно пцуеме и колнеме по политичариве.. :) а реално сите да сме на нивно место,може и бетер ќе бидеме .. дволични сме како народ у триста пм
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ne be zosto da kradam ke si zemam posteno na moj rodnina brat sestra bilo so ke i nateram da osnivaat firma koja ke se bavi za nekoja dejnost ke im bapnam nekoe tenderce i taka em volkot sit em ofcite na broj
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.599
А да знаеш колку се нервирам,кога групно пцуеме и колнеме по политичариве.. :) а реално сите да сме на нивно место,може и бетер ќе бидеме .. дволични сме како народ у триста пм
Е добро утро! Типови ко Бранко не паднале од Марс, нити некој ги донел од Монголија, тие произлегуваат од народов, од нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom