Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 август 2011
Мислења
4.954
Поени од реакции
15.141
Challenge ACCEPTED ---easy 30 книги

Тек сега ја видов темава. Како шо сум болен сега ќе надокнадам за изгубените денови.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
02 Одговори – Кен Хем, Џон Сарфати, Карл Виленд – 359 Страници

Интересна книга. Опишани се одговорит на 20те прашања кои најчесто се поставуваат/ле за настанокот на светот во кој денеска живееме. Книгата е напишана од тројца писатели и вреди да се прочита, издадена е 2003 година. Ја читам по втор пат книгава, кој ја нема читано нека ја прочита.

Ете ја и втората. Следна е султановиот харем од 651 страница!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Прва книга.

Моќта на сегашниот миг - Екарт Тол

Книгава ја имав прочитано на англиски pdf верзија пред 4 години можда, и се решив да ја купам и да се потсетам затоа што навистина ми остави голем впечаток и многу ми го смени погледот на животот.
Ваквите книги не се за сите, затоа што не сите имаат потреба од ваквите книги. Постојат многу слични книги како што е Подарок итн, но сепак оваа книга е темелот на сите тие затоа што најдетално, најубаво е прикажан начинот како да го доловиш чувството на моќ и како да останеш на површината во сегашноста.
Книгата не се чита еднаш туку најубаво е константно секој ден по малку, многу пати, за да развиеш навика и имуност на илузијата за животот која ни ја наметнува сопствениот ум потонувајќи во грижи, стресови, страв и сите негативни чувства кои потекнуваат од лажната престава пред се креирана од нашето ЕГО.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
1. За содржината на пеесете нијанси нема да искоментирам ништо. Сепак се работи за чик литература и не ни очекував нешто wow. Не ми се ни допадна.

2. Женско родословие - Лилјана Хабјановиќ Ѓуровиќ

Е ова е веќе книгиште. Антологија на женската крвава судбина низ годините, со дејство кое се одвива во периодот од крајот на 19век па до денес. (Дејството конкретно е во Хрватска)
Закоравени традиции и третирање на жената како машина за раѓање деца, како безгласна буква, како последното дупче на свирчето. Само нашите прапрабаби знаат како било да се живее живот во кој немаш право на сопствено мислење, а не пак на одлука.
Роман за потребата на човекот општо од пронаоѓање на целта и смислата на животот.
Прв роман после Пиреј кој ме има трогнато на таков начин затоа што знаеш дека оваа нечија, туѓа приказна е воедно и приказна на некоја твоја прапрабаба.
Посакав и јас едно семејно дрвце да си имам направено...

3. Се викам црвено - Орхан Памук

Првата специфична карактеристика на овој роман е тоа што секоја глава има посебен наратор и тоа како наратори освен луѓето се јавуваат и животни, предмети па дури и апстрактни поими како смртта.
Дејството се одвива во Истанбул, 16 век, а приказната се врти околу една книга порачана лично од Султанот која ќе го слави неговото владеење, а ќе биде изработена од најдобрите сликари. Еден од сликарите е убиен што значи дека имаме криминалистички роман. Но романот изобилува со прекрасни описи и приказни што некако дознавањето на виновникот за убиството и не ти е некој приоритет додека ја читаш.
При читањето нема шанси а да не се соживееш и самиот со ликовите. Нема шанси да не ги засакаш, почнувајќи од Кара па завршувајќи со Катиљот.
Многу ми се допадна стилот на Памук, а ако има нешто специфично по што ќе го паметам тоа е дефинитивно талентот со зборови да опишеш уметничка слика и тоа да го направиш беспрекорно.
Малку е комплексна, бара висока концентрација и слободо време, но дефинитивно вреди секој час потрошен на неа.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
1. Neverwhere - Neil Gaiman

Првата книга прочитана во 2013. Meh. Ништо посебно, иако има и серија по неа. Иако има ветувачки почеток, дејството беше линеарно и без цел. Фантазија која се одвива во Лондонското подземје. Веројатно да имав некои предзнаења за ангелите од религиозна страна, ќе ми беше поинтересна.


2. Where's you go, Bernadette? - Maria Semple

Преубаво книжуле. Дефинитивно must read за сите љубители на бестселери. Најтопла книга што ја имам прочитано во животот. Според корицата ќе помислите дека станува збор за чик лит, но воопшто не е така.



Авторката на книгата си има кариера во Холивуд - има пишувано за Елен ДеЏенерис, Arrested Development и Mad about you која едно време ја даваа по нашите телевизии.

Прочитајте само какви reviews има на Амазон.

Значи, се работи за Бернадет која има anxiety issues и едноставно не сака луѓе. Сопругот и е еден од најпознатите луѓе во Microsoft и има одржано TED талк. Но, Бернадет исчезнува без трага. Ќерка и, очајна по неа, собира писма, пораки, статии пишувани од личностите кои би можеле да имаат некаква врска со исчезнувањето и на тој начин ни ја открива целата приказна. На Амазон читам дека книгава многумина ги натерала да се смеат на глас, но најверојатно треба да живееш во Сиетл за да ги разбереш шегите. Мене барем ништо не ми беше смешно.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
02. Нешто да ти кажам - Ханиф Курејши (527 страници)

Книгата претставува нешто помеѓу роман и автобиографија на самиот писател. Се работи за главниот лик Џамал, кој има син Рафи и во моментот се разведува. Во книгата честопати се преминува од една тема на друга, па на почеток малку е напорно за читање, додека сфатиш што се случува. Се разработуваат доста теми во самата книга, повеќепати се споменуваат философски книги, бидејќи самиот главниот лик е психотерапевт и тоа го студира. Низ целата книга се провлекуваат доста прашања, но главната е за пороците на луѓето и нивната грижа на совест. Исто така, романот е преполн со дигресии за политиката и имигрантите во Лондон (воедно и самиот автор е Индиец, муслиман), негови согледувања за модерната култура итн.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
02. Мокинџеј - Сузан Колинс (343 страници)
Прекрасен завршеток на една одлична трилогија. Секоја чест на Колинс. Нема што понатамо да се коментира.
 
R

redhead

Гостин
1. Името на розата - Умберто Еко

Фасцинантен роман, барем според мене.
Можеби ми требаше подолго време да го прочитам али вредеше.
Прв пат се сретнувам со стилот на Еко, и ме воодушеви.
Накратко, се работи за мистериозни убиства во еден средновековен италијански манастир.
Случајно во манастирот ќе допатуваат еден поранешен член на шпанската инквизиција и неговиот ученик.
Од тука започнуваат да се одвиваат настаните.
Но ова е повеќе од обичен трилер. Ќе наидете на многу теолошки расправи, многу живописни описи на манастирот и ликовите, на религијата (на католицизмот), на човековата природа.
Како подвижна мала енциклопедија, со еден збор ќе ви го разработи мозокот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
2) All is mind - David Samuel

Мало книгиче кое преставува уште една алатка за разбирање на човечкиот ум, начинот на кој реагира, преставена на начин кој може да се разбере како игра, како нешто што треба да го согледаме во себеси да го анализираме и да ги препознаеме сите наши негативни појави.
Пак ќе нагласам книгиве доколку немаш посебна желба и веќе навлезеност во тој терен ќе бидат ужасно досадни и не баш сфатливи
(на англиски пдф верзија ја читав).
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
3. The Hobbit - J.R.R.Tolkien

Трилогијата LOR ми е одамна прочитана, знам дека за да се зачува правилно распоредот требаше Хобитот да ја читам прва, ама ја немав тогаш таа можност. Како љубител на Толкин и на трилогијата, не можам да не сум воодушевена од оваа книга, која ги следи авантурите на хобитот Билбо, 13-те џуџиња и Гандалф, до конечната дестинација на која се наоѓа огромното богатство чувано од еден моќен змеј... А во меѓувреме следат средби со тролови, гоблини, елфи, еден шејпшифтер, орли итн. а ќе има и една голема битка, сето тоа водено од вештото магично перо на веќе потврдениот раскажувач Толкин... За љубителите на овој жанр, следи искрена препорака :)...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
3. Султановиот Харем – Колин Фалконер –
Има само еден кој владее со османлиската империја, а тоа е добро познатиот Султам Сулејман. Приказна за животот на робинките на султанот, приказна која се случува во османлиското царство. Робинките се во харем, таму престојуваат а потоа султанот одбира со која да биде. Има и серија за Султанот Сулејман и неговиот харем кој моментално се пренесува на Канал 5 телевизија под наслов Величенствениот султам Сулејман, една од најдобрите турски серии.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
3. Ноќниот воз за Лисабон - Паска Мерсие (393 стр.)

Се работи за интересна книга, која во себе содржи извадоци од уште книга, напишана од португалски доктор и член на отпорот во времето на португалската диктатура во 1970-тите. Имено, Рајмунд Грегориус, професор по класични јазици во Берн, потполно невообичаено за сите познаници заминува од часот во гимназијата и се упатува кон Лисабон поради средба со една Португалка во Берн и пронајдената книга од португалскиот доктор. По пристигнувањето во Лисабон, приказната се повеќе навлегува во тајните на докторот Прадо и неговиот живот. Извадоците од книгата на Прадо се доста интересни бидејќи опишуваат некои работи за животот и однесувањето на луѓето.
 

*Smurfette*

He smurfs me, he smurfs me not
Член од
10 јуни 2006
Мислења
538
Поени од реакции
38
1. Pride and Prejudice - Jane Austen ( 361 стр )

ретко кој не слушнал за книгата по која има и направено и доста филмови, кратки серијали .. занимлива содржина, малку тешка за читање ама нема да се откажете :)
Дејството во главно е околу Елизабет Бенет и господинот Дарси, нивниот живот во раниот 19ти век и како судбината ги тера да ги надминат својата гордост и предрасудите. Убаво е прикажан животот во тоа време, манирите на луѓето, колку внимание се обрнувало на социјалниот статус, врските, браковите..
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
3. Врати ми се - Гијом Мисо ( 318 стр )
Едно утро Итан ќе добие покана за свадба на жената која некогаш одамна ја љубел. но која ја осталвил за да и се посвети на кариерата. Тој е сега еден од најдобрите психијатри на Менхетен - богат, познат но и многу осамен. Ова е ден кога тој реши да ја поправи грешката од минатото и повторно да ја освои Селин. По 24-те часа обвиткани со мистерија, еден непознат човек ќе го убие Итан. Меѓутоа, следното утро ќе се случи неверојатното. Итан ќе се разбуди во својот кревет и ќе сфати дека го преживува истиот ден. Дали ќе ја искористи приликата што ја доби?
* Интересно романче за потполнување на време, интересна приказна која цело време ве држи во исчекување.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо

Мисо у ниеден момент не зарибува во своето славје на љубовта ( дури тумач за мој вкус). Те шљака со напнатост, дешавки, траги - комични ситуации и цело време додека ја читаш имаш некое проклето чувство дека ги познаваш луѓето за кои ти збори. Па херојо му, фан на Сикс фит Андер, ка да не го искаш :) Ласкавец е Мисо и тоа да кажам, ти се вовлекува под кожа и дур се свестиш отиде со се тестиси. :)

Денес почнувам пак негова книга.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom