Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
001. Марта – Горјан Петревски 251 страница
Оваа лектира ја имав читано порано едно 2-3 пати, па многу ми се допадна и е една од најубавите прочитани лектири во мојот живот. Инспириран од настаните кои се случуваат решив уште еднаш да ја прочитам оваа супер лектира. Во неа се раскажува за девојката Марта која ги живее најубавите моменти од својот живот – тинејџерството. Таа е многу убава девојка и учи во седмо-седум, најдобриот другар и е Борко ( кој е вљубен во неа) а другарка Емилија, но во неа е вљубен и Витез (Витан) кој заедно со уште тројца другари ги магебсуваат девојките низ градот, тие имаат таен план, тројцата и се пуштат на девојка, а Витез доаѓа и ја спасува девојката.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Ајде и јас да ја отворам годинава.
01. Раѓањето на огнот - Сузан Колинс
Прво го гледав филмот ( 1 дел ) ама после некое време се решив и да ја прочитам книгата. Зажалив што ја немав порано прочитано. Па така го зедов и продолжението на игрите, Раѓањето на огнот. Многу добро продолжение. Книга како книга си има некоја целина ама многу работи остануваат неразрешени и мистериозни. Сега моментално го читам и третиот дел, Мокингџеј, и сега за сега можам да кажам дека ова е една фантастична трилогија. Би им ја препорачал на сите.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Normal - 40 книги
Може и ќе прекорачам, не сум сигурна, годинава имам факултет за завршување, а тие книги не се бројат нели.
01. Малиот принц - Антоан де Сент-Егзипери
Книгава ја читав кога ми беше лектира пред 11 години и сега. Не ми се веруваше дека некои сликовити ситуации од книгата ми беа останати в глава, но сепак - сфатени површно. Ми се допаѓаше и тогаш, а сега ми е од омилените. Не се сомневам дека ја имате прочитано, но како што е ред - да си го напишам впечатокот.
Пилот, поради ефект на авионот е принуден да се спушти во Сахара, каде е оставен на немилост од пустината, со вода доволна за само неколку денови и неизвесност дали некогаш ќе се врати во цивилизацијата. Таму сретнува едно мало добродушно човече, со коса во боја на жито кој што тој си го нарекува Малиот Принц. Му станува пријател, припитоменик со бесконечна фантазија и чисто срце, партнер во борба против осаменоста, додека тој се обидува да го поправи ефектот на авионот и да си оди дома. Поминуваат заедно 8 дена, каде што полека го открива тоа мало момче кое никогаш не е гладно ниту жедно, но сепак тажно бидејќи потекнува од планета голема колку една куќа, каде го чека неговото осамено цвеќе. На секоја страна од ‘Малиот принц‘ има испишано понекоја мудрост, на индиректен начин, која ја претставува вистинската слика за овој свет кој го водат возрасните луѓе кои одат право пред себе и не можат да ги посетат оние посебни места кои ги посетувале кога биле деца, бидејќи она што е суштинско не го гледаат на начинот кој би им предизвикал исполнетост.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
01. Дух - Ју Несбе (573 стр.)

Една од поинтересните книги кои ја имам прочитано. И покрај големината, книгата се чита во еден здив, бидејќи во нејзе се испреплетени воена приказна од Втората светска војна, посета на американскиот претседател на Норвешка во текот на израелско-палестинските договори во Осло и планирање на убиство на кралот. Книгата е трилер, но изобилува со многу описи. Главен лик е детективот Хари Хуле, кој на крајот ќе ја разоткрие приказната, која навистина е непредвидлива и тоа е тоа што те тера да продолжиш да читаш понатаму.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Темата за 2012 е ззаклучена, па тука ќе се пофалам.
Ја стигнав 50ката. Последната прочитана книга за 2012 ми е Stealing faces - Michael Prescott.
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 13:57 ---
Бидејќи темата за 2012 е затворена, а технички сеуште сме 2012 ќе се изјаснам тука....предизвикот за 40 книги во 2012 година го прифатив...но морам да признаам не успеав....2012 година за мене беше исполнета со обврски....селење....и многууууу малку слободно време.....така да далеку сум од бројката 40
Вокерка е Хејтер, 10 дена пред 2013 ја заклучи а немаше потреба од тоа, и во секоја можна прилика нагласува дека нејзе не и се допаѓа предизвиков, срцка..


Иако јас сум за да и се направи pin на темава за не потсетува на предизвикот секогаш кога ќе го отвориме подфорумов.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 13:57 ---


Вокерка е Хејтер, 10 дена пред 2013 ја заклучи а немаше потреба од тоа, и во секоја можна прилика нагласува дека нејзе не и се допаѓа предизвиков, срцка..


Иако јас сум за да и се направи pin на темава за не потсетува на предизвикот секогаш кога ќе го отвориме подфорумов.
Хани темата беше затворена бидејќи веќе се отвори новата тема, а не за јас сто пати да ги повторувам моите ставови. Всушност не се ни значајни, слободно си пишувате, не ве спречив во броењето на книгите и прифаќањето на предизвикот. Терајте..

Ете ви и pin up на темава. ;)
 
L

Luki Junior

Гостин
Вокерка е Хејтер, 10 дена пред 2013 ја заклучи а немаше потреба од тоа, и во секоја можна прилика нагласува дека нејзе не и се допаѓа предизвиков, срцка..
не е само она хејтер. И мен не ме аресат такви бројачници. Повеќе личе на билдајне его, отколку на некаква интелегентна занимација.
 
R

Randy

Гостин
Убаво е да се чита, но ваквите предизвици не ми се допаѓаат. Многу подобро е да се земе едно ремек дело и да се прочита пополека па дури и два или три пати, да се проучи стилот на авторот, да се размисли зошто вметнал таков и таков дијалог зошто не поинаков, па да се прочита и некоја критика на тоа дело. Инаку пасивното и брзо читање на голем број третокласни книги и автори не се разликува многу од гледањето серии или политички дебати на телевизија. Бројката не е важна.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
не е само она хејтер. И мен не ме аресат такви бројачници. Повеќе личе на билдајне его, отколку на некаква интелегентна занимација.
Не е билдање его Луки, туку јасно поставени цели кои ќе се обидеме да ги оствариме, зш ако не ја гледаш метата нема ни да ја погодиш :D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
1. The Book of Skulls - Robert Silverberg

Иако е класифицирана во SF жанрот, нема ни вселенски летала, ни борби на супериорни раси со високософистицирани оружја, ништо налик на ова... Станува збор за потрагата на четворица цимери студенти по бесмртноста, на основа на еден стар текст кој едниот од нив ќе го пронајде во универзитетската библиотека... Цената која треба да се плати е следна - од четворицата за двајца да се стекнат со бесмртноста, двајца треба да бидат жртвувани и тоа едниот да се самоубие, другиот да биде убиен од останатите.

Авторот успеал во одличното профилирање на четворицата главни ликови, и тоа не само нивните карактери преку животните приказни, многу е посветено внимание на сексуалноста и фрустрациите во врска со неа, во развојот на личноста и она што е најинтересно релативизирањето на моралноста од аспект на бекграундот и менталниот склоп на секој човек... Необично и инспиративно четиво во секој случај, препорачувам :)...

2. ЕCCE HOMO - Фридрих Ниче

Oва е една крајно несекојдневна автобиографија, во која авторот дава и осврт и белешки за повеќето негови дела. Изобилува со критицизам насочен кон образованието, јазикот и културата, моралот низ призмата на христијанството, вредностите на времето во кое живее и кон особините на челниците на тоа време и структурата на моќта, дури се свртува против својот некогашен ментор Шопенхауер и својот некогашен другар Вагнер... Многу е всушност интересен неговиот, како што го нарекуваат критичарите - позитивен нихилизам, бидејќи во суштината се стреми кон превреднување на вредностите... Низ целото дело провејува и разочарувањето на еден голем мислител и гениј, поради неоддавањето на признание кое неговиот лик и дело го заслужуваат и сомнеж дека ќе дојде до негово правилно вреднување и разбирање.
 
W

Werther

Гостин
2. ЕCCE HOMO - Фридрих Ниче

Oва е една крајно несекојдневна автобиографија, во која авторот дава и осврт и белешки за повеќето негови дела. Изобилува со критицизам насочен кон образованието, јазикот и културата, моралот низ призмата на христијанството, вредностите на времето во кое живее и кон особините на челниците на тоа време и структурата на моќта, дури се свртува против својот некогашен ментор Шопенхауер и својот некогашен другар Вагнер... Многу е всушност интересен неговиот, како што го нарекуваат критичарите - позитивен нихилизам, бидејќи во суштината се стреми кон превреднување на вредностите... Низ целото дело провејува и разочарувањето на еден голем мислител и гениј, поради неоддавањето на признание кое неговиот лик и дело го заслужуваат и сомнеж дека ќе дојде до негово правилно вреднување и разбирање.
Oд каде ја купи?
И колку?

Јас во моментов ја читам Антихристот,по втор пат.
Ја купив од Матица,130 денари,бидејќи сум зачленет инаку 160 денари е.

:)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Oд каде ја купи?
И колку?

Јас во моментов ја читам Антихристот,по втор пат.
Ја купив од Матица,130 денари,бидејќи сум зачленет инаку 160 денари е.

:)
Не ја купив, ја позајмив од нечија домашна библиотека :)...
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 16:22 ---
Звучи интересно книгава, ќе ја ставам на to read листата.
Многу е интересна, на англиски ја читав, не знам дали ја има кај нас издадена воопшто... :)
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Го прифаќам предизвикот за 30 книги, патем кажано не знам зошто комплицирате некоја толку едноставна тематика. Предизвикот се става само како стимулација за одредени луѓе да фатат книга во рака макар и само една или две откако ќе напишат дека го прифатиле. Дури и оние кои што се спротиставуваат ќе се согласат дека некој да прочита некое литературно дело и да биде задоволен што го сторил тоа е подобро отколку да не прочита ништо и да се досадува дома да не сбае што да прави.

Се разбира дека ќе се најдат личности на кои предизвикот ќе им изгледа како билдање на нечие его со интелектуален снобизам, ама ако најдете во срцето простор да не се провоцирате од бесмислености и си ставите за цел таквите снобови да не се мешаат во вашиот живот било преку интернет или во вистинскиот живот оти неможете да го исклучите нивното постоење ќе ви стане многу полесно и нема зошто да си ги рушите нервите :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom