Приватизацијата на „Фершпед“ е незаконска. Државниот правобранител Оливера Китанова поднесе тужба до судот, со која бара поништување на приватизацијата, дознава А1.
По неколкумесечно анализирање на целокупната постапка за приватизација, со документите достапни од владата, Агенцијата, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, правобранителот бара, судот да го утврди учеството на државниот капитал.
Да се вратат 51% од капиталот од сопственоста на „Фершпед“ на Јавното претпријатие Македонски Железници.
Според наши извори, до конечната одлука, на судот му се сугерира да го замрзне прометот со сите недвижности и средства што во Катастарската управа се заверени како сопственост на акционерското друштво „Фершпед“.
Антикорупциската комисија уште во 2003-та поднесе иницијатива до Правобранителство, со која бараше да почне судски процес за поништување на приватизацијата на една од најмоќните компании.
Според документите на Антикорупциска, „Фершпед“ во 1994-та бил незаконски приватизиран.
И Управата за јавни приходи до сега изготви три извештаи, во 1995-та, 2002-ра и 2006 година. Два од нив, обелоденија бројни незаконитости, приватизиран бил државен имот што не смеел да се продава.
Но, досега не се докажаа сознанијата, оти во текот на приватизацијата постоеле две акционерски книги. А правобранителката Зоја Лега Станоевска не виде никакви докази за криминал.
Случајот „Фершпед“ на неколку пати е внесуван во судот. Врховниот суд приватизацијата ја прогласи за чиста.
Првиот човек на „Фершпед“ Штерјо Наков се повикува токму на оваа одлука, дека издвојувањето на компанијата се одвивало според законските прописи, иако одделни владини функционери со години бараат ревизија на приватизацијата.
Штерјо Наков припаѓа на групата олигарси блиски до СДСМ, но за време на кампањата важеше за еден од поважните финансиери на Груевски.