Кисела вода

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.950
Јасно де, никој не негира дека парата ја отвора секоја порта.
Што останува ако никој не се буни? :D

И јас знам да речам џабе се буните, секако ќе ви изградат. Што да направат луѓето за да се спречи лудилото во Скопје, а решението да не биде преселба во странство?
Мене многу ми се погревни оние што се смеат од страна на оние што се обидуваат да истераат правда. Да излезат и они на улица, ќе биде подруго. Старите ги направиле помладите генерации да бидат меки, за ништо да не се бунат, затоа не сере кој стигне.
Расадник е огромно маало, да излезат 10% од граѓаните, има доволно луѓе да ја запалат цела општина. Ама, треба истрајност, треба напор и покажување муда. Пример Трнодолците :D

Македонецот чека друг да му ја тера битката и секогаш има оправдување.
Јас ти го кажувам исходот бидејќи ова е капитализам, ако тој и бапнал на општината 1 милионче за парцела и комуналии не го запирате во никој случај, т.е општината нема да даде да го запрете оти во тој случај тие ќе треба да го обештетат неколку пати по таа сума.

Бунењето требало да биде кога се носел ДУП за таа локација, арно ама тогаш никој не се замара (а ретко и кој разбира) + голем дел од народот си ќути оти треба да јаде гомна во тој случај против својата партија.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
На долг рок, Скопје -> странство, внатрешноста -> Скопје, шпонови од селата -> внатрешноста + Скопје. Лека полека се збогуваме од секој град и секое маало, баш затоа што луѓето се пички за да се спротстават.
Каде пишува дека МОРА ТАКА ДА БИДЕ? Ние сме им дозволиле и им дозволуваме да биде така.
Посакувам да грешеше посакувам навистина,НО си ебано во право за некоја година има да биде калакурница,и сакато,и рогато,измешано па трупање со еден тон бетон има да свршат кога ќе налупат толку.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
@POWER-MKD жив си друже? Гледам и функција си лапнал некоја :D
Почнаа да се будат жителите на општината, откако општинарите решија да ги збогатат Кисела Вода, Црниче и Пржино со 200 нови згради.
Менување на ликот на населбите, на штета на граѓаните.

Во Пржино веќе неколку денови траат протерстите на група граѓани од улица „Пржино“. Имаше и инциденти со инвеститорот, како и со полицијата. Инвеститорот им се цепал на жителите на улицата, ама кога му се собравме повеќе луѓе минатава недела, се скри во дупката, чекаше да дојде полиција за да го вади. Бетер од шипци сме биле, во Чаир полесно ќе изградел :D
Утре се оди на мирен собир од целата населба, иако ние засега сме најмалку загрозени. Додека во Црниче и Кисела Вода спиеа почнаа да им никнуваат еден куп згради, не личат на себе населбите. Ние ќе се обидеме од старт да се кренеме, иако во државава гласот на народот се множи со нула.
СТОП ЗА ЗГРАДИ НА СЛАВИЈА!!!
Zidot kolku sto znam (iako nema vrska so toa sto go "lapnav") e na privaten imot na investitorot, a kako i so Slavija, tie se stari vazecki dupovi doneseni pred 5,6,7 god koi ke treba da se smenat vo tekovniot period. Taka da, za se drugo od urbanizmot, prasaj si vo toj sektor
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.989
Леле што прочитав, Орце во Драчево ќе правел втор по големина крст во Македонија. :facepalm:

Ко океј, и јас сум Христијанин и воопшто не ми пречи споменик крст ваму таму но мислам дека има поприоритетни работи, колку ли ќе кошта чудово? Пре би сакал да се направи нова поликлиника во Кисела Вода или пак нека се инвестира во таа во Драчево* (РТГ имаше, се поплави пред 5 години и сеа курац, исто и Итна Помош), да се среди Расадник, да се избие пат до бул. 3та Македонска Бригада преку 11 Октомври населбите или што ти знам... Што стана со ул. Есеинова, да не ја чуваат за избори 2025?

Ако ништо друго се надевам ќе има голем среден парк каде што ќе биде крстов, гледам има доста донации така да ваљда општината нема да потроши премногу средства.

*Да, да, знам дека тоа е под капа на ЗД-Скопје/МЗ но сепак.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Фиксацијава на вмројциве со крстовиве треба да се проучува на посебна катедра. :icon_lol:
bdd7260cd7417cdd799052aa10fc0c618b418675_434x519_Q75.jpg park_idnina.jpg

... ова, со јарболите поставени со македонско знаме (општина Кисела Вода) ќе да е исто фиксација на вмројците, на која катедра тоа би се проучувало или би било на иста катедра со крстовите, за пријателка прашувам? :toe:
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484
Прегледај го приврзокот 328945 Прегледај го приврзокот 328946

Не сум политички определен но потсвесно ме тера да ти одговорам.
Ти во која држава живееш, не си прави во главата некои филмови како јарбол леле не ми треба вакво. Ти припаѓаш на нешто или си туѓинец. Ако не ти се допаѓа гитла од таму каде што доаѓаш африка или азија немам појма....
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718

Da, najbitnoto za kvalitet na zivot vo edna urbana zaednica e jarbol I krst.
Zaebi toa sto KV kako edna od pogolemite opstini nema poliklinika, nema dovolno parkinzi, Ima totalen urbanisticki I soobrakaen haos, Ima ulici polni so dupki, Ima nekakov "dom na kultura" sto 5-6 godini voopsto ne funkcionira....

Ama bitno sega ke znaeme "kade pripagame I deka ne sme tuginci"....
 
Искрено знамето и крстот не ни се криви затоа што нашите сонародници се клептомани. Само да укради и ништо да не направи. Те молам немој да правиш вакви споредби. Крстот и Јарболот не се виновни. Во секоја држава каде што шеташ има Јарбол и Национално обележје.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.271
Поени од реакции
974
Ете знаев дека ја и орце ќе се разделиме, ќе дојде тој ден да си го покаже лицето.

Дојде со гласови дека ќе ја трга болницата за 100 дена, одеше од ќуќа по куќа да каже се што сакаа да чујат луѓето, расадник ќе го средувал улици ќе праел…

Епилогот е крст, и го напуни за еден ден базенот за Водици и да се фрлаат по крстот.

Базенот за греота остана како и населбата.

Тоа е секташи. Елементарна непогода.

Човек што идел на полагање сеа со вмровски мускули општина води.

Другиот реално беше дечко со посебни потреби, тој у нормална држава ќе е у установа.

Смрдлива населба ќе си остане со low life. Без паркинзи ,без дозвола да се гради кај сакаш, без велосипедски патеки, со дупки, без поликлиника, со отровот од цементарница, со манговци џганот, со жуљевци со зафири.Ако тргнеш накај Водно по патеката има 100 шприца у патика да наденеш, СИДА ќе фатиш.

Без парк,ужасно поврзана со соседите.

Кружен тек необележан стои така 10 Факинг години, кој се молиш да не те собере некој орангутан од припор.

За охис и да не зборам. Првомајска најнебезбеден булевар у Скопје.
У градинки нема место треба приватно 250 евра да даваш.

Ама нее шиптариве џамии граделе ние крстови. Топ браво толку и заслужуваме.

КРСТ.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Претераа со крстови, јарболи и цркви...и баш ми е гајле кој ќе го финансира овој крст од 63 м.што планираат да се гради во нас.Драчево, баш ме заболе кои се тие градежни фирми или тој некој си светски македонски конгрес :mad:..па аман бре луѓе, па еден куп крстови и цркви имаме во државава, а посебно Грујо додека беше на власт направи на секое ќоше црквиче, ете ги уште стојат недовршени, зјаат празни,баш во Кисела Вода...А ЗОШТО ЌЕ НИ СЕ, ИМА ЛИ НЕКОЕ ФАЈДЕ ОД НИВ..ќе привлекле туристи, на жими мајка, поред толку грандиозни градби и убавини во светот, они ќе дојдат во нашава смдрена полна со споменици и депонии и барокни гипс картони...абе ајде....
Кисела Вода ја запустија, ја упропастија..од рампа па надоле накај економското училиште, треба акробат да си за да се движиш...дупки огромни, тротоари со коли, улици со коли...јадни старци, јадни слепи лица, јадни луѓе со колички, да летаат треба за да поминат....грозно...а пред економското барем да туреа некој лежечки полицаец, оти таму е кркљанац, деца од школо излегуваат, шибаат луди возачи, нема прегледност,битно кладилници до школо ги има пет...мизерија.
Најгрозна, најсмрдлива населба.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Фиксацијава на вмројциве со крстовиве треба да се проучува на посебна катедра. :icon_lol:
...ај прочитај тука кој и како ги осудува поставувањето на крстовите!
Прегледај го приврзокот 328945 Прегледај го приврзокот 328946

... ова, со јарболите поставени со македонско знаме (општина Кисела Вода) ќе да е исто фиксација на вмројците, на која катедра тоа би се проучувало или би било на иста катедра со крстовите, за пријателка прашувам? :toe:
ај сега прочитај меѓу редови како напишав,
Не сум политички определен но потсвесно ме тера да ти одговорам.
Ти во која држава живееш, не си прави во главата некои филмови како јарбол леле не ми треба вакво. Ти припаѓаш на нешто или си туѓинец. Ако не ти се допаѓа гитла од таму каде што доаѓаш африка или азија немам појма....
... ај сега прочитај ти како си пишал и како осудуваш нешто што погрешно си го разбрал, мора да го разликуваш цинизмот во туѓото пишување, не смееш здраво за готово да прочиташ и да осудиш!
...овде не се гледа што е добро за сите и за државата и за Македонија како држава, туку се гледа ал се „вмројциве“ тогаш не чини, па макар цркнала и сопствената коза, важно на комшијата да не е жива!
... и точно, треба да има и религизоно обележие и државно обележие (обележије), не претерано, но нека има!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Претераа со крстови, јарболи и цркви...и баш ми е гајле кој ќе го финансира овој крст од 63 м.што планираат да се гради во нас.Драчево, баш ме заболе кои се тие градежни фирми или тој некој си светски македонски конгрес :mad:..па аман бре луѓе, па еден куп крстови и цркви имаме во државава, а посебно Грујо додека беше на власт направи на секое ќоше црквиче, ете ги уште стојат недовршени, зјаат празни,баш во Кисела Вода...А ЗОШТО ЌЕ НИ СЕ, ИМА ЛИ НЕКОЕ ФАЈДЕ ОД НИВ..ќе привлекле туристи, на жими мајка, поред толку грандиозни градби и убавини во светот, они ќе дојдат во нашава смдрена полна со споменици и депонии и барокни гипс картони...абе ајде....
Кисела Вода ја запустија, ја упропастија..од рампа па надоле накај економското училиште, треба акробат да си за да се движиш...дупки огромни, тротоари со коли, улици со коли...јадни старци, јадни слепи лица, јадни луѓе со колички, да летаат треба за да поминат....грозно...а пред економското барем да туреа некој лежечки полицаец, оти таму е кркљанац, деца од школо излегуваат, шибаат луди возачи, нема прегледност,битно кладилници до школо ги има пет...мизерија.
Најгрозна, најсмрдлива населба.
...а тоа што на десет куќи се гради една џамија некако не ти пречи или не ти се гледа? замисли пред балконот твој меѓу зеленилото да ти се изгради онака на диво без никаков урбанистички план џамија, како би изгледало?
ај прошетај малку накај Аквадуктот да видиш малку светско урбанистичко чудо каде се изгради религиозен објект под балконот на станарите, а тоа како и колку звучникот се огласува во тек на денот нема да коментирам!
...и не смееш „баш да те заболе“ за црквите, оти кога ќе одиш во иднина да се молиш во црква, иконата ќе ти возврати на твојата молитва со твои зборови „баш ме заболе“, а да, уште ова, остави го ти Грујо, не знам што после толку години што не е на власт ти боди очи, гледај го тој што е СЕГА на власт, а како читам не пишуваш ништо, оти прпа не смееш, ако си коректна ќе напишеш и за СДСМОто што ништо не направи додека Е на власт или лично ти направи?
...мора златна, да ги гледаш двете страни, ако сакаш да се покажеш како неутрална, вака како пишуваш ја губиш дискретноста!
 
Тука пишуваме стриктно за населбата Кисела Вода, значи нема потреба никаде да идам да прошетам и да гледам, всушност нема место кое не го познавам
Муабетот ми е дека имаме цркви кои се доволни за населението кое сака да оди и да се моли, но има и недовршени кои така ќе си стојат со години.
Да не мешаме партии, едно е сигурно, џамија во КВ никогаш нема шанси да се изгради, но од твоја соба да гледаш во туѓи станови на три метра раздалеченост,
залепени една до друга, изградено фушерајски, без паркинзи, без ништо...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom