Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Некни во неделата им се заеба проекторот на сред проекција на Опенхајмер од 20:00. Прво ни кажаа за 20 секунди до минута ќе биде, на крај чекавме 40 минути и не беа сигурни дали ќе го средат, па ни понудија рефундација или замена за нови карти за тие што сакаа да си одат.

Јас пошто купив онлајн ми кажаа да пишам трансакциска на мејл, арно ама денес ми јавија дека било проблем од сметководство и ако сакам други карти за било кој филм неделава. На крај се договорив други карти ама било кога во наредните месец - два, бидејќи не планирам да бидам цело време во Скопје претстојниот период. У секој случај и вакво нешто доживеав прв пат во животот. :D
 
Ова не сум знаел за паркингот, треба тоа картончето од влез на паркинг да им го дадам на каса за овие 4 сата гратис паркинг така?
Можеш и после филмот да одиш на каса да ти го куцнат картончето.
Автоматски споено мислење:

Ако се резервирани, мора да појдеш пола саат порано за да ги купиш. Сега можеби нема да се продадат во меѓувреме и ќе можеш да ги купиш и минута пред почеток на филмот, но да знаеш дека картите ти се резервирани максимум до пола саат пред почеток на филмот, а потоа се во слободна продажба.

Ако ги купиш онлајн, тогаш не мора да одиш пола саат пред почеток на филмот, само ги покажуваш од апликацијата или од мејлот на дечките пред влез во кино салата.
Најдобра работа е ова онлајн да купиш да не се замараш да чекаш ред на каса. Иначе денес редот беше до Нептун и тоа два термина по ред, од 18 и од 21 часот :D
 
Која сала е најдобра моментално во Cineplexx? Последно што бев на Oppenheimer пола од звучниците издувани, пола не работеа... Не би сакал истото да ми се деси со Dune.

Sent from my Pixel 6 using Tapatalk
 
Јас го гледав Дјун во сала 5 и се беше ОК.
 
Знае некој дали ќе може резервирање на карти за Дедпул за петок, 26-ти, или ќе мора одма да се купат?
 
Од вторник 23ти ќе можеш да резервираш карти за во петок. Е сега резервациите кај Синеплекс се отворени додека да се наполни пола или 2/3 од сала, така да пробај вторник сабајлечки да резервираш.
 
Од вторник 23ти ќе можеш да резервираш карти за во петок. Е сега резервациите кај Синеплекс се отворени додека да се наполни пола или 2/3 од сала, така да пробај вторник сабајлечки да резервираш.

Фала, мислев да не се рачуна како премиера па да не дозволат карти да се резервираат. Али ваљда тоа само за четвртокот ќе важи.
 
Фала, мислев да не се рачуна како премиера па да не дозволат карти да се резервираат. Али ваљда тоа само за четвртокот ќе важи.
Премиера се рачунаат проекциите во четврток од 19 и/или 20 часот. Останатите се редовна програма :)
 
Пред 2 дена го гледав The Apprentice и седев на ВИП седиште, мошне фино е.
Лобито го забележав уште пред 2 месеци беше променето, на почеток ми беше чудно, ама сеа ми е ОК, има мали масички за да ги ставиш пуканките додека чекаш да влезеш.
Филмовите кои ги гледав периодов беа од оние кај кои побитна е приказната отколку визуелните ефекти па не приметив разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom