Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Мини кинеска инвазија на Титовите држави!?
Кинезите не само што се најбројна нација, туку и како туристи се топ светска сила со над 46 милиони луѓи кои секоја година крстосуваат низ познатите туристички дестинации во светот. Според најновите сондажи извршени во Србија, Хрватска, Црна Гора, па делумно и кај нас, летово се очекува мини инвазија на кинеските туристи врз балканските земји. Па доколку тоа се случи, и доколку успееме да ги задржиме, тоа би бил голем долгорочен ќар за сите екс-ју држави. Кинески туристички агенции веќе контактирале со агенции од споменатите балкански земји и најавиле дека во Кина имало големо интересирање за посета на "Титовите држави" за чија историја и војувања учеле во школо.
"Кинезите не бараат луксузно сметување и тука не е тешко да ги задоволиш. Но, она што мора да постои, тое е наша беспрекорна организација, добра услуга и квалитет. Туристите од Кина кои шетаат низ светот, се луѓе кои имаат пари и за нив воглавно ништо не е скапо. Кај нас најмногу ги интересира - се за Втората светска војна, гробот на маршалот Тито, оштетените згради од бомбардирањето на НАТО, а особено оштетувањата на Кинеската амбасада" - вели Мирјана Љубинковиќ, генерален менаџер на агенцијата "Глоб Метрополитен".
Тие најчесто патуваат во групи од 15 до 20 луѓе и речиси секогаш знаат што точно сакаат да видат. Голем проблем е недостигот од добри, лиценцирани туристички водичи, бидејќи честопати се случува на кинеските туристи да им се преведува од српски на англиски, па потоа нивниот водич, доколку се разбрал, тоа да го преведе на кинески. А, при таков превод, секогаш се губи на веродостојност и квалитет.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2F4642DF0925C24C836C5D53AEF4743F