Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Во строгиот центар на градот, веднаш зад трговскиот центар Рамстор, ќе биде изграден хотел на локација од 4930 квадратни метри.
Локацијата ќе биде продадена на понуди на јавно надавање кое ќе се одржи на 19 април годинава. Право на учество на лицитацијата ќе имаат само физички и правни лица кои поседуваат хотелски синџир или имаат деловна соработка со хотелски синџир. Право на учество ќе имаат и лица или компании кои поседуваа франшиза.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека најголем интерес за локацијата покажале лица и компании кои поседуваат франшиза.
Заинтересираните ќе треба да обезбедат банкарска гаранција од еден милион евра и да уплатат депозит од три милиони денари.
Почетната цена за еден квадратен метар изнесува осум илјади денари.
Најповолниот понудувач ќе треба да го изгради хотелот најдоцна за 18 месеци од денот на добивањето на дозволата за градба која мора да ја добие шест месеци по склучувањето на договор за отуѓување на земјиштето.
(Тотал)