Ке се гради хотел кај Рамстор

Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Во строгиот центар на градот, веднаш зад трговскиот центар Рамстор, ќе биде изграден хотел на локација од 4930 квадратни метри.
Локацијата ќе биде продадена на понуди на јавно надавање кое ќе се одржи на 19 април годинава. Право на учество на лицитацијата ќе имаат само физички и правни лица кои поседуваат хотелски синџир или имаат деловна соработка со хотелски синџир. Право на учество ќе имаат и лица или компании кои поседуваа франшиза.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека најголем интерес за локацијата покажале лица и компании кои поседуваат франшиза.
Заинтересираните ќе треба да обезбедат банкарска гаранција од еден милион евра и да уплатат депозит од три милиони денари.
Почетната цена за еден квадратен метар изнесува осум илјади денари.
Најповолниот понудувач ќе треба да го изгради хотелот најдоцна за 18 месеци од денот на добивањето на дозволата за градба која мора да ја добие шест месеци по склучувањето на договор за отуѓување на земјиштето.
(Тотал)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Me нервираат вакви услови:
Macedonian напиша:
Право на учество на лицитацијата ќе имаат само физички и правни лица кои поседуваат хотелски синџир или имаат деловна соработка со хотелски синџир.
Зошто?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ne znam, ama mi se cini kako obid za da se spreci prenamenata na zemjisteto, kako sto se sluci so onaa zgraduriinata vo park koja prebase da bide garaza, pa sportski hotel, pa na kraj ja prenamenija vo stambena zgrada.

Verojatno i za toa, oti prominenten hotelijer verojatno nema da padne nisko i bedno da kupi zemjiste, a potoa da go prenameni, da receme vo zgrada stambena ili vo trgovski ili drugo.

Ne znam, nagagjam, moe mislenje.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Мистичен напиша:
Me нервираат вакви услови:

Зошто?
Донесување на познато-ценето хотелско име, нешто што го немаме, а кое е барано од бизнис елитата и е добар маркетинг за нас.... можеби :toe:. Исто и коментарот на Гарфилд стои на место...
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
ajdee uste hotel fali tamu da staat so ne nesle drugo mesto
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Нема што, кога е крива, оваа влада се брани само со молчење и игнорирање, демек ќе помине.... со историја се покажува дека амнезија и амнестија е најдобар лек за македонските граќани.

Кој го интересира што се случи со хотелот, нека ги прочита сториите на овие два линка, посебно првиот:

1. MKDLife, патем Зоран веќе пишуваше на порталот за исти бизнис "финти" на ОРКА.

2. "Владата, пак, повторно одби да каже дали постои било каква поврзанот помеѓу фирмата "ХЛХ МАЦ ЛЛП" која ја доби атрактиваната локација за хотел кај Рамстор и македонската компанија "Орка холдинг", под образложение дека тоа не било предмет на интерес на тендерот и не е предмет на било каква проверка од страна на Владата. (коментар: алоооо, кој се пофали дека е избрана реномирана странска компанија). Ако ве интересира за која фирма станува збор, проверете на нивниот веб сајт. Има таму контакти, телефони, мејлови, па можете слободно да проверите", им порача на новинарите владиниот портпарол Ивица Боцевски." извор

Трн, чекам коментар :smir: (не во стил на Радка :helou:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Горчо не мора трнот да ти реплицира , фирмата инвеститор официјално доставила информација која е нејзината поврзаност односно неповрзаност.

Вест 12.09.2007 напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СЕ ОГЛАСИ БРИТАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Партнер на Орка не поттикна да вложиме во хотел [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Британската компанија Херитиџ Лондон и Хановер УК Лимитед (ХЛХ УК ЛТД ) вчера се огласи за случајот со продажбата на плацот зад Рамстор за изградба на хотел. " ХЛХ МАЦ ЛЛП ДООЕЛ е македонска компанија во 100-процентна сопственост на британската компанија ХЛХ Македониа ЛЛП. ХЛХ Македониа ЛЛП е гранка формирана од ХЛХ УК ЛТД со единствена цел изградба на Резидор хотел во Скопје, во партнерство со друга британска компанија Џерома (Лондон) Лимитед", стои во дописот.
"Ниту Јордан Камчев, ниту Орка немаат сопственички удел во оваа компанија или во ХЛХ Македонија ЛЛП. Немаме друг удел во Македонија или друга македонска компанија. Можноста за инвестирање во Македонија ни ја посочи Џерома (Лондон) Лимитед, компанија со која соработуваме долги години, и која самата е вклучена во бизнисот со текстил во Македонија веќе десет години и работела со фабрики на Орка", стои во дописот.
А опозиционата СДСМ укажа дека владата само во еден број на "Фајненшал Тајмс" го огласила јавното наддавање за градежната парцела наменета за хотел.
Владата, пак, повторно одби да каже дали постои било каква поврзанот помеѓу фирмата "ХЛХ МАЦ ЛЛП" која ја доби атрактиваната локација за хотел кај Рамстор и македонската компанија "Орка холдинг", под образложение дека тоа не било предмет на интерес на тендерот и не е предмет на било каква проверка од страна на Владата. "Ако ве интересира за која фирма станува збор, проверете на нивниот веб сајт. Има таму контакти, телефони, мејлови, па можете слободно да проверите", им порача на новинарите владиниот портпарол Ивица Боцевски. (Б.Б.)
[/FONT]
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Фала Баци што ми појасне :uvo:, исто како да несум ја постирал точката 2 :tapp:... а сигурно не си ја погледнал серијата текстови за ОРКА на порталот MKDLife. Ебате беља... читај:
"Министерството за транспорт на 26 јули соопшти дека „на јавното наддавање за земјиштето зад ‘Рамстор’ за најповолен понудувач е избрана реномирана странска фирма. Премиерот Груевски на 19 август на прес-конференција објави дека „Резидор хотелс груп“, која ги поседува хотелите „САС Радисон“, „Риџент“, „Мисони“, „Парк ин“ ќе го гради хотелот зад „Рамстор“. Неколку дена подоцна „Резидор“ објави дека не поседува никакво земјиште во Македонија и дека нивната компанија ќе управува, но не и да вложува во Македонија."
Тазе вест:
Човек на Орце Камчев, сопственикот на „Орка холдинг“, се крие зад фамозната фирма „ХЛХ Македонија“ која го купи земјиштето зад „Рамстор“.

31-годишниот Дејан Златановски, според документите од Трговскиот регистар, е управител на фирмата. Златановски целата своја бизнис кариера ја градел во компании сопственост на семејството Камчеви.

„Згора на се, сосема случајно и управителот на победничката фирма, која го доби плацот за да гради хотел, е лице кое на 1 август 2007 година е прекомандувано од фирмите на Орце Камчев во ХЛХ МАК ЛЛП. Од лажго премиер не бидува“, изјави Јани Макрадули, СДСМ.

Иако, според СДСМ, ова е доволен доказ дека луѓе блиски на Премиерот стојат зад продажбата, Груевски и натаму тврди дека на локацијата ќе се гради хотел од светски бренд.

Социјалдемократите го повикаа МВР.

„СДСМ ја повикува министерката Јанкуловска по службена должност да ги повика во МВР на информативен разговор својот шеф Никола Груевски, својот колега министер Миле Јанакиески, како и бизнис миленичето Орце Камчев. СДСМ бара оставки од сите замешани во оваа афера. СДСМ бара одговорност од Никола Груевски, кој ја лажеше јавноста“, рече Макрадули.

МВР на СДСМ му понудија инспектори од организиран криминал да утврдат дали има корупција, кој зел поткуп и за колкав поткуп се работи при, како што наведуваат во соопштението, наводниот скандал околу продажбата на земјиштето зад „Рамстор“.

Владата уште еднаш одби да каже дали зад „ХЛХ“ стои Орце Камчев.

„Јас неколку пати ја информирав јавноста кој стои зад оваа фирма. Зад оваа фирма стои „ХЛХ УК ЛТД“ и никој друг“, вели Ивица Боцевски, портпарол на Владата.

Социјалдемократите презентираа доказ дека фирмата „ХЛХ Македонија“ е регистрирана со основен влог со околу 5.000 евра.
Да се докаже корупција, тоа и ВМРО го знае дека не е можно, затоа и ги нуди инспекторите :helou:... али тешка местенка. Затоа велам СДСМ се добри како опозиција, му дишат у врат на Грујо, не го вадат од уста :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom