Квизовите по телевизиите ... добри или лоши?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Значи колку многу имам "среќа" секој ден кога пуштам ТВ да ги начекам овие два квизови. Кешоловец е преку ден накај 4 саат, а другиов е после полноќ. Не престанувам да се нервирам што сеуште просперираат такви квизови, спротивно од кукањето на народот колку се нема пари де. Овие два ги земав како примери дека незнам кои други се емитуваат, а мислам на сите општо.

Прашањето ... што мислите за ваквиот начин за брза заработка на некој минимален кеш (големиот како втора шанса во сите квизови, не сум видела некој да го земал), колку губите, а колку добивате ако евентуално ви се посреќи да сте вие победникот?

А пред тоа, сте размислиле ли колкави се шансите да добиете некоја сума на пари што во краен случај би ви ја покрила телефонската сметка?

Пак ќе се вратам на моите примери, да ги образложам малку за тие што не ги гледале воопшто ... во Кешоловец треба да погодите за кое македонско презиме се работи, а дадени ви се првата и последните 2 букви со една црта меѓу нив, која може да значи 3-4-5-6 букви ... Повикот е 30 денари плус ддв нормално, а наградната сума се зголемува во тек на квизот како што се јавуваат гледачи ...
Најглупавата работа што сум ја приметила е дека секогаш првото презиме гледачите го погодуваат порано, кога се работи за 5-6 илјади денари. Второто презиме се случува еднаш на две недели да го погодат (мора оптичка варка де), а тоа второто прашање (обично забрзана или матна слика, па да се погоди што или колку предмети има на неа) никој никогаш не го погодил дека е невозможно.
Па, колку треба да се глупави луѓето за да се јавуваат и по три пати во една емисија???

А тој другиот квиз Happy Hour уште покрш е. Едно половина час водителките (кои се преглупави) кршат јазик, се отепуваат од зборење, а во меѓувреме вие вртите за да ви се меморира бројот кај нив, па ако сте 10 по ред (само ако сте 10, влегувате во можните среќници на кои може да им се јават) чекате да ве усреќат. Е сега, прашањата обично се повеќе од глупави, се работи исто за некоја сума која се зголемува, а најчесто се движи до кај 10-12 илјади. Арно ама, финтата е што можете милион пати да вртите, секое вртење ви е исто 30 и нешто денари плус ддв, но на крај вртат кај еден човек, кој никогаш не згрешил (боза се прашањата) и сите останати со прстот во уста чекаат до другиот ден, нормално.
Е па уште еднаш да прашам после образложеново ... кој уствари врти на овие срања, и дали воопшто некој прави некоја математика или пустата сиромаштија го блокира паметот и дозволува да се лажат луѓето за ситна пара, која нема да им е доволна за телефонската сметка?:lud: :nesvest:

Ау преголем текст знам, ама крајно сум накур*ена, иако незнам дали повеќе на мутавиот народ или на мутавите безосетни луѓе вработени по телевизиите, кои безосетно прават тешки пари на туѓа несреќа буквално кажано.

Па повелеле со критики или пофалби и размислувања на оваа тема ...
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
Додека има овци, ќе има и кој да ги стрижи.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Aбе што сакаш, прост народ. Немаат пари за леб, ама имаат пари да ја плаќаат сметката на мобилниот. Леле тоа кешоловец ми иде да се убијам. Еднаш имаше презиме П_____ски и се јавуваат едно 50 души, никој не погаѓа нормално, има 5 милиони комбинации... И сеа се јавува еден тип видно накурчен и оваа цурава му вика "можеби вие сте добитникот бла бла кој е одговорот?" И дечково: "Пичловски" :pos: И го исклучија одма. А дечково очигледно му с*урчиле па се јави изнервиран...
Иначе од тие квизови поглупа работа нема. Ај сваќам некои квизови за знаење што се, прашања од разни области, да има нешто и да поднаучиш ако седнеш да гледаш... А не ова кешоловец погаѓај презимиња бе, или Хепи Ауор изброј колку разлики има меѓу двете слики. Срања живи. Ама македонче пусто без два грама мозок... Ко што рече Мемберикс- начекале овци па ќе стрижат...
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Леле еј ... тој Happy Hour, како не му е мака на луѓето да ја слушат таја водителката, пардон, водителките?! Катастрофа... Од квизовите на телевизија, ги поштовам само Милионер, и Najslabija karika, на Хрватската програма. Од нив стварно можи да се поднаучи по нешто. А од овие катастрофалните, можи да се заработи само висока телефонска сметка и многу нерви.
 
N

NeMiRnA

Гостин
lesen nacin da mu gi soberat parite na i onaka siromasnoto makedonce,aj na kesolovec davaa i nekoja bukva u sredina ama sea vidoa se lze narodov pa aj so ski i prva bukva.Svasta a za na a1 posle 12 nemam komentar mi se smacuva da gi slusam voditelkite,sto i samite ne se svesni sto zborat!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Врска немет !
ако се згрешиш да се јавиш на секое јавување ќе ти речет или дека не си 10 по ред или дека е зафатено
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Ти накурчена???..една вечер мислев таа глупачата од Happy Hour да ја чекам пред А1! Гледав нешто на А1 и сум заспала а уклучен тв и си почнал квизот и едно време онаа ненормалнана незнам како се вика,почна да вришти" Јас намерно зборам толку гласно за да не заспиете,ајде станувајте,земете ги телефоните"!!!!
А Дивајн ти убаво си кажа,мутав е народот,зашто да не им собираат пари!Да се јавувам да погодувам презиме,абе ајде!!!
Да не им се јавуваат луѓето нема да има такви дебилни квизови, а глеаш они се бунат зашто тешко добиваат!?
Паметни се они,нашле лесен начин на поголема заработувачка!
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
PSYtisfaction напиша:
Aбе што сакаш, прост народ. Немаат пари за леб, ама имаат пари да ја плаќаат сметката на мобилниот. Леле тоа кешоловец ми иде да се убијам. Еднаш имаше презиме П_____ски и се јавуваат едно 50 души, никој не погаѓа нормално, има 5 милиони комбинации... И сеа се јавува еден тип видно накурчен и оваа цурава му вика "можеби вие сте добитникот бла бла кој е одговорот?" И дечково: "Пичловски" :pos: И го исклучија одма. А дечково очигледно му с*урчиле па се јави изнервиран...
Иначе од тие квизови поглупа работа нема. Ај сваќам некои квизови за знаење што се, прашања од разни области, да има нешто и да поднаучиш ако седнеш да гледаш... А не ова кешоловец погаѓај презимиња бе, или Хепи Ауор изброј колку разлики има меѓу двете слики. Срања живи. Ама македонче пусто без два грама мозок... Ко што рече Мемберикс- начекале овци па ќе стрижат...
Они му ги земале парите за повикот па он ако сака и нега ги пцуе.
Луѓето се јавуваат само поради лошата економска состојба во земјава. Луѓето се надеваат дека преку игри на среќа ќе успеат да излезат од немаштијата, па затоа и учествуваат во секакви квизови, па дури и во оние во кои не можеш да добиеш без претходно да потрошиш повеќе пари од можната добивка. На луѓето им остана само надежта, а некои го злоупотребуваат тоа за да излечат пари и од така сиромашниот граѓанин на Република Македонија.
 

*P|nK_G|rL*

~Pretty in Pink~
Член од
21 мај 2006
Мислења
761
Поени од реакции
5
У моментов ја слушам, гуската од Happy Hour. Зар толку ли бре тие шо се јавуваат не сваќаат дека се ова е само да им ги земат парите.....Нц нц нц ...Ептен стана прост народов.
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
memberix напиша:
Они му ги земале парите за повикот па он ако сака и нега ги пцуе.
Луѓето се јавуваат само поради лошата економска состојба во земјава. Луѓето се надеваат дека преку игри на среќа ќе успеат да излезат од немаштијата, па затоа и учествуваат во секакви квизови, па дури и во оние во кои не можеш да добиеш без претходно да потрошиш повеќе пари од можната добивка. На луѓето им остана само надежта, а некои го злоупотребуваат тоа за да излечат пари и од така сиромашниот граѓанин на Република Македонија.
На сиромашниот граѓанин убаво му пишува колку му чини повикот,нели?
Ја ако немам пари ке бројам денес колку пари ќе потрошам за неопходните дневно потреби,другите ќе ги заштедам за да платам струја на пример,за школарина и облека на децата а не упорно да вртам по телефоните и да погодувам презимиња!:lud:
 

skorpija^m

seven & seven
Член од
5 мај 2006
Мислења
492
Поени од реакции
4
Штом постојат овци , постојат и бербери за нив , иначе станаа досадно со квизовите, ама пуст народ сиромашен се коцка ..
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
Убедливо најлош квиз е тој со презимињата!!!А и народов што се јавува е глупав мисли така се зимаат пари!Али нема везе они си знаат!И после сметките телефонски биле големи па не знам што!Едноставмо ќе ја цитирам бибе ‘патетика‘:pos2::pos2::pos2:
 

*P|nK_G|rL*

~Pretty in Pink~
Член од
21 мај 2006
Мислења
761
Поени од реакции
5
Lele guskava sto kaza sea :):):) Razmisluvase zenski rod od Junak i nakraj zakluci deka toa bi bilo JUNAKINA:pos: A sega pa od vozbuda ne znaela sto zboruva :poss:. Pa bogami i ne znae.

Pa barem mozele nekoi podobri voditelki da najdat. Ako kvizot ne im cini, barem voditelkata da im cini.
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
RealGirL напиша:
На сиромашниот граѓанин убаво му пишува колку му чини повикот,нели?
Ја ако немам пари ке бројам денес колку пари ќе потрошам за неопходните дневно потреби,другите ќе ги заштедам за да платам струја на пример,за школарина и облека на децата а не упорно да вртам по телефоните и да погодувам презимиња!:lud:
Da ama nekoi se nadevaat deka i pokraj visokata cena na povikot ako zrtvuvaat i ne taka mala suma pari (koi na siromasniot mu znacat mnogu) deka ke dobijat vredna dobivka iako nedovolna za luksuziranje ke im ovozmozi polesno da go pominat mesecot. Poznavam lugje koi na sportska imaat potroseno golemi sumi pari za niv vo rok od 1 godina,50den po 50den i se sobira, a nemaat dobieno dolgo vreme. Milo mi e sto nekoi od niv veke ne se oblozuvaat.
Kako sto rekol narodot:
Gladna kokoska, proso sonuva
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
abe definitivno ova kvizovive se loshi:lud: mislam toj kesholovec zivi gluposti, iz zemaat pari na starite luge ili na tie maleckite de4inja koi nemaat sto da pravat doma pa vrtat na KESHOLOVEC:pishtoldz ... definitivno ova kvizovive si vadat cela provizija samo od NEODGOVORENITE POVICI... a kade se togas parite od ODGOVORENITE???? Kako i da e:nenene: :nenene: :nenene: za ovie kvizovi!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom