Ненормална работа!
Кешоловец бе! Да погодуваш презиме, а не знаеш дали презимето завршува на ВСКИ или СКИ. Треба да си мутав за да се јавуваш и да погодуваш, а знаеш дека секогаш може да кажат дека одговорот не е точен, за на крај да кажат дека точен одговор е некое сосема десетто презиме кое не било кажано во текот на квизот. Фала богу што не треба да ја слушаш водителката да го дрви цело време, да зборува само таа, туку се јавуваат почесто гледачи.
Happy Hour:pop: Една вечер се прибрав дома и демек да гледам телевизија и гледам една типка се дере, дрнда, си прај сама муабет. Ај си реков да видам што е квизов. И гледам, и гледам, и гледам, и гледам. Никаде јавување и не ми беше јасно што е. Па уште си седев и гледав до крај како ненормална, за на крај да вклучат гледач и да му дадат награда. Да вртиш цела вечер (2 часа чинам трае квизот) и да се надеваш дека токму ти ќе бидеш избран, треба да си ненормален.
А тие водителките не знаат што да зборуваат толку време, за греота. Или смешни се што ќе почнат една реченица, застанува, се мисли, не знае што да каже понатаму и ќе стресе глупост.
Два пати го гледав, еднаш кога не знаев за што се работи, а вториот пат со Еко и Дивајн за сеир. Овој квиз е само за сеир да им фаќаш на водителките.
Ама народов се мами и секогаш ќе се мами. Замислете едно семејство кое е во криза и си гледа квиз. Гледа некои 10000 денари дека даваат, па ќе вртат со надеж дека ќе ги добијат тие пари со кои ќе ја платат сметката и ќе закрпат некое дупче.
А такви квизови секогаш ќе има.