Кајгана помага - Тие прават могучи бизнис

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Просто и јасно доста више да им се дава на овие со семинарскиве, па по 250 денари или 300 колку одат по Скопје? Толку не сфативте?

Доаѓаат на форумов пишуваат 2-3 мислења 5тото им е одма дајте семинарска ... ќе направи 10-15 страници материјал и ете готова семинарска спремна за продавање.

Епа еве ви :pusk:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Не знам само кој е глупавиот во случајот. Тој што ги дава парите или овие што им праќаат да продаваат...
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Не знам само кој е глупавиот во случајот. Тој што ги дава парите или овие што им праќаат да продаваат...
Ма парче прават, разбирам сам да ги правиш, но не и да искористуваш луѓе по форуми, мислат некој е простак од од сите оние 100 души(пример) што побарале глава давам дека 20 се од они препродавачи.

Се затупува младинава.

:/
 
T

Tetro

Гостин
Ретко кој ќе врати откако ќе му доставиш материјал. Барем едно фала да речеше, еба*о.
Уште малку се повлекувам од темиве за помош со семинарски, се идат некои новорегистрирани да бараат, а едно фала не знаат да речат :nesvest:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Иако донекаде го разбирам овој гнев, но сепак, воопшто не гледам поента на темава. Секој, без разлика дали е со години и со стаж на кајгана или некој новајлија има право и слобода да побара помош. Секој друг има целосно право и слобода да пружи или да не пружи помош. Бидете си сами судии, што да кажам.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јас мислам дека „помошта“ со семинарски не е помош.
Тоа е само поддржување на мрзата по која овој народ е надалеку познат. Тие што помагаат се може алтруисти - фер. Ама мрзливите што се затупуваат китејќи се со туѓа логика и труд и опортунистите што вадат пари од сето тоа се мизерни фраери.
Сметам дека „помош со семинарски“ треба да се забрани!
 
С

сашенко

Гостин
И јас мислам дека треба да се забрани, не е фер некој да заработува на тоа а и ако сака некој маубет да направи и да добие идеја ке му кажеме овде ама цели семинарски да им ги постираме и некој да си користи не е фер...Ај да гласаме напрајте анкета и може да ја променат темата и да не се постираат сееминарски таму....
 
T

Tetro

Гостин
Тогаш ќе се зголеми отворањето на нови теми секогаш кога некому му затреба помош. :)
Би се постигнало контраефект
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Тогаш ќе се зголеми отворањето на нови теми секогаш кога некому му затреба помош. :)
Би се постигнало контраефект
Не би требало да се затвори темата, освен тоа што ќе се отвараат теми, можеби на некој член ќе можеш и ќе сакаш да му помогнеш.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Форумов е место на кое секој може да побара помош без разлика дали од тоа ќе има некаков профит. Едноставно, побарал помош - и он некој ја добил истата.
На членовите е да изберат дали ќе му помогнат на некој кој ја бара помошта или ќе го игнорираат.
Лошо е да се земе како факт тоа дека некој можеби вади пари од тоа, кога на некој навистина може многу да му притреба помошта од Кајганџиите.

Да не правиме муабет тогаш дека некој може од темата Прозни искри да земе и книга да напише - па ете, не ја затвараме темата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Глеам ја дека од време на време има некој просјак што моли интелектуалната работа друг да му ја сврши, али никад не сум видел некој да постува семинарска. Тоа би било десет+ огромни поста. Имало ли некој некогаш што напишал на форумов семинарска за некој? Дајте линк, да видам како изглеа тоа трошење простор на форумов.


или пак по ПП им ги праќаат?
 
T

Tetro

Гостин
Глеам ја дека од време на време има некој просјак што моли интелектуалната работа друг да му ја сврши, али никад не сум видел некој да постува семинарска. Тоа би било десет+ огромни поста. Имало ли некој некогаш што напишал на форумов семинарска за некој? Дајте линк, да видам како изглеа тоа трошење простор на форумов.


или пак по ПП им ги праќаат?
Повеќето одат на ПП, но ако е потребно нешто кратко, може и на темата да иде...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?32018-Семинарски-состави-есеи/page92
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Абе луѓето си бараат, а причините не ми се битни. Според логика би требало да се забранат многу муабети пошто како водечки, форумов низ годините беше извор на информации, идеи, поставки за колумни низ весниците (од кои се вадат добри пари), промоции на институции, школи, социолошки/психолошки тестови/истражувања...Бар за мене есапот од збор, однос, помош физичка и со (поретко) идеја тука и во реалниот свет не е пресуден.

На крај краева јас да знам да напишам добар текст од кој некој ќе може да заработи (ја ако не сум можел, никој не ми е виновен), зашто да не...нека му се со среќа парите :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom