Имам чувано повеќе мачки и досега никогаш немав сличен проблем. Единствено едно мачорче, додека беше суште многу младо, знаеше да ја нападне нашата рака и да касне. Додека учеше лов. Потоа прекина. Другите никогаш ниту не гребнале ниту не каснале. Оваа сега, иако многу ја сакаме, повеќе тешко се поднесува. Обично е мирна и мила. Меѓутоа, понекогаш (се почесто) знае буквално да не нападне. Особено нозете и тоа претходно стои како кога се подготвува за лов. Еднаш дури на детето му скокна на грб додека сурфаше и го касна. Почна малку, како игра. Се обидовме со одвракќање на вниманието, потоа и со казни (игнорирање и сл.) и карање. Едно време се смири малку, но во последно време тоа е толку засилено, што со внимание се движиме по станот да не не нападне одненадеж. Секогаш сме се противеле на отфрлање на милениците, откако, додека се мали, децата ќе ги искористат само како живи играчки. Најмалку што сакаме е нејзино отстранување. Ако некој може да ми помогне со некаков предлог, би ме радувало.