[Кајгана готвач] Специјално издание: Мојот омилен рецепт

Статус
Затворена за нови мислења.

Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
@CafeDelMar ме изнасмеа.
Ме стави на мисла што уствари ми е омилено, пошто ја се си јадам :D. Како и да е ќе дружам деновиве.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Да ве повикам пак, во недела ќе ја затвориме темава.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
За недела го спремам да ви го постирам околу ручек време моето ремек дело, уметност од јадење кое кога би требало да го каснам последниот залак во животот би било тоа. Не го јадам често, обично еднаш до два пати во годината, така да ве молам воздржете се. Се надевам ќе влезам во специјалново издание со омилени рецепти, пред да се затвори темата :cuc:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Не е никаков проблем! Ќе ја затвориме темата утре доцна навечер, само ти повели со ремек делото. :)
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Полнети ширдени.
Затоа што имав поголема група луѓе спремав 2 килограми свинско, 2 килограми телешко месо. Најбитно за ова јадење е да одберете многу чисто месо, без никакви жили и маснотија. На почеток на ситни коцкички се сецка и свинското и телешкото месо. Се започнува со пржење на телешкото месо, затоа што му треба подолго време, се пржи околу 1 час, а потоа се додава и свинското месо. DSC_6332.JPG

За време на пржењето.
DSC_6336.JPG
Откако месото ќе се испржи се вади од оган и се зачинува. 3 лажички мелен ким, 3 лажички јенибар, 3 лажички црн мелен бибер, сол по вкус, црвена пипер околу лажичка ипол.
DSC_6362.jpg DSC_6368.jpg

Претходно јагнешките ширдени се чистат еден по еден со јадра сол и вода. Се отпревртуваат и се чисти внатрешноста на ширденот. Имаат специфичен мирис и треба добро и детално да се исчистат.

Потоа ви е потребна помош при полнењето на ширдените. Некој треба да ви ги држи отврорени а вие само полнете со лажица. Кога целосно ќе се наполнат се шијат со игла и конец.
DSC_6373.jpg DSC_6375.jpg DSC_6378.jpg

Се додава вода во тавата и се печат на 200 степени, отприлика час и половина. При печењето треба да се превртуваат од сите страни за еднакво да поруменат.

DSC_6380.jpg

Еден ширден се сечи во зависност од големината, моиве ги сечев секој на 4 парчиња. Се сервираат со додаток од свежа лута пиперка или лути феферончиња. Немам фотографија од тоа како е сервирано, многу гладни беа гостите и се изедоа.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас сега го гледам тагот. Ако не е финиширано, до крајот на денот да направам некоја магија у кујната. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom