[Кајгана готвач] Специјално издание: Мојот омилен рецепт

Статус
Затворена за нови мислења.

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Стигнавме до 100 натпревари во кајгана готвачот. Некогаш теми со поголема, некогаш со помала заинтересираност ама сепак натпревар што го живна Гурманското Катче.
Верувам дека дури и оние што се на минување овие две и пол години можеби научиле нешто плус.

Не само како модератор во оваа една година туку и како член ви благодарам на сите што било како допринесовте и во иднина ќе допринесете за кајгана готвачот да опстојува.

Од таа, јубилејна причина, ја отварам оваа тема во која ќе имате можност наредните две недели да се пријавувате со вашиот омилен рецепт, без ограничување.

Редакцијата одлучи тројцата со највеќе гласови да добијат топло чоколадо во Бар Он, како благодарност за учеството.


Повелете, можеби плус некој нов готвач ќе не изненади. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.700
Јас не се пријавувам за наградата бидејќи како прво не сум од Скопје па да го кркам чоколадото, а како второ предлагам брз и едноставен лично мој рецепт од сегашнава сезонска понуда:

Се обаруваат брокула и карфиол на парчина, после се ставаат во стаклена тава заедно со многу морков, и понекој компир на коцки. Ставам само вегета и масло и во рерна.

Сум го комбинирал и со залевање со јајца и павлака(можи и со рендан кашкавал/пармезан), а сега планирам да го пробам со плус парчина исечкано пушено месо(димено)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас не се пријавувам за наградата бидејќи како прво не сум од Скопје па да го кркам чоколадото, а како второ предлагам брз и едноставен лично мој рецепт од сегашнава сезонска понуда:

Се обаруваат брокула и карфиол на парчина, после се ставаат во стаклена тава заедно со многу морков, и понекој компир на коцки. Ставам само вегета и масло и во рерна.

Сум го комбинирал и со залевање со јајца и павлака(можи и со рендан кашкавал/пармезан), а сега планирам да го пробам со плус парчина исечкано пушено месо(димено)
Треба слика да ставиш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.700
брокулата денес ја обарив, ама ја оставив за утре пошто нешто друго денес излезе (најдов во месара селски колбас внатре со кашкавал :bravobe:)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.730
Поени од реакции
24.325
Јас не се пријавувам за наградата бидејќи како прво не сум од Скопје па да го кркам чоколадото, а како второ предлагам брз и едноставен лично мој рецепт од сегашнава сезонска понуда:

Се обаруваат брокула и карфиол на парчина, после се ставаат во стаклена тава заедно со многу морков, и понекој компир на коцки. Ставам само вегета и масло и во рерна.

Сум го комбинирал и со залевање со јајца и павлака(можи и со рендан кашкавал/пармезан), а сега планирам да го пробам со плус парчина исечкано пушено месо(димено)
Голема работа ако не си од Скопје! Учествувај од забава, како и останатите тука.
И не, не фукционира ова како што мислиш, повели со слика од рецептот што го сподели.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.700
Еве ја тавата, со тоа што можи да се додади било што по вкус. Обично добро би дошло сечкано пушено месо и одозгора да се изренда кашкавал или пармезан

.Капачето од Еурокрем го ставив да се види дека сликата не е од интернет:ROFLMAO:

 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.365
Поени од реакции
3.117
Името на рецептов е Gougères ама јас ги нарекувам Солени перничиња

Состојки:
- 1/4 шоља сирење;
- 1/4 шоља кашкавал;
- 1/4 лажичка пипер црвена;
- 1/4 лажичка пипер црна;

- 1/2 лажичка сол;
- 70 гр путер;
- 3/4 шоља вода;
- 1 шоља брашно;
- 4 јајца;

Рецептот оригинал е погоре, во линкот и е видео !! (Да не ја пишувам постапката повторно)

Моите испаднаа вака:
IMG_20151024_175603_1.jpg IMG_20151024_175610_1.jpg IMG_20151024_175620.jpg [DOUBLEPOST=1445700605][/DOUBLEPOST]П.С.

Ако сум во срекниците за топлото чоколадо, таа чест сакам да ја има @sankerce (aко е од Скопје) или @ЏинЏер :vozbud:
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Печен сом :D

- сом
- сол
- брашно
- масло за готвење
- бело вино
- моркови
- компири
- лимон
- магданос

Исчистениот сом се сечи на парчиња. Се посолува и става во брашно. Во тава за печење се редат парчињата сом, а потоа сечканите компири, моркови, лимони, магданос и на крај се става бело вино и масло.

ace.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Два омилени рецепти што брзо ем радосно се прават.
Едниот е тарана со козји кашкавал и шампињони, другиот е непечен чизкејк.
Имено, се’ правам од ѓутуре, така да мерки, ич. Се’ ми е од око, вкус, и чат пат знам да заокружам со намирници.

Тараната:
Се става половина пакетче (200 гр) тарана во зовриена солена вода со лажица путер. Треба да биде покриена еден прст и да се вари на тројка. На 10 мин пред крај се ренда обилно козји кашкавал, се додава бибер, куркума, кари, се меша и се остава покриена да се смири. На страна се пржат шампињони на крупни парчиња и се додаваат во тараната. Се’ се прави за 30 минути.
Слика:
11892316_10153522311678516_4427272024671735644_o.jpg

Чизкејк непечен
Во длабок сад мешам 1 павлака со 1 малечко крем сиренце (АБЦ е некако најубав), 2 лажици шеќер во прав и еден ванилин шеќер. Мешам со маталка за да убаво се стопи шеќерот.
Во миксер или уште подобро блендер, ставам едно кутивче неутрална хопла (200 мл) со екстракт од ванила. Треба да се крене двојно хоплата како шлаг и да биде цврста. Првата и втората смеса се соединуваат и се мешаат нежно, за да не ги претепате. Оставам во фрижидер да се стегне.
Кората е најлесна. За кружно тавче колку средна пица, ви требаат околу 250 грама бисквити или чајни колачи ако имате дома, уште поарно. Ги блендирам за да бидат како трошки и ги мешам со растопено едно пакетче маргарин Кристал, да стане смесата како мокар песок. Значи еднаква количина стопен путер со бисквити.
Смесата се распоредува по тавчето (финта ге шес, ставам долу хартија за печење, како би го извадила после чизкејкот, немам онаква за тарт тепсија) и убаво се натапкува. Треба да е еден прст дебелина, зависно од количината бисквити. Оваа смеса ја ставам во фрижидер за длабоко 10 мин за да се стегне и потоа убаво го распоредувам оладениот горен фил од хопла и крем сирење. Во последниот случај, украсив со растопен џем од јагода. Се прави за 1час сосе оладувањето.
Слика:
 

Attachments

S

StormRage

Гостин


mah meatballZ

додуша втор омилен рецепт ми е... Немав кременадли, па уште ден два во маринада... И згора компири да поховам...

this is good enough :D

Рецепт:
едно паковање шпагети
for the meatballs:
-Пола кило месо 250 со 250 грама свинско и телешко.
- две чешниња лук
- едно јајце
- 100 грама пармезан
- 100 тина грама презла
- босилек
- црвен пипер
- брашно (малку за од згора, да се направи коричка)

за сосот:
- 500мл пасирани домати
- малку црвено вино
- половина кромид
- испечена пиперка (без лушпа де)
- ловор некој 2-3 листа
- нане
- еден морков
- една лажица чили
- 250 мл вода

optional:
моцарела... ама немав при рака...
Сево ова со сол и пипер, многу од двете

Испржи то месото, свари макароните.
Сосот остај кромидот пиперката, морковот и сите зачини да искрчкаат, туриго виното, доматите и уште 250 мл вода. Да се искрчкат таму некој 15тина минути, месото внатре уште 15тина минути заедно. И на крај умри од јадење :D
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.730
Поени од реакции
24.325
Како голем љубител на италијанска и азиска кујна, се решив за ова, затоа што веќе сум учествувала со суши и остало...

Бавети со школки, ракчиња, кромид, лук, чили и fenkål(не знам како е на македонски, али проклето добро оди со комбинацијава) и бело вино. Ги пишав само состојките, не го објавувам рецептот затоа што е научен од ресторанот каде што работи мојов и ме искара затоа што сакав да го пишам. :( (се надевам ќе се снајдете и без него)

SAM_4082.JPG

Еве кој ми прави друштво до крај
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Пита

Еве чим @Agda Beata е претставник на италијанската и азиската кујна, јас ќе бидам на Македонската кујна:D

Рецептот е пита, поточно пита со праз. Состојќите се брашно, квасец, сол, вода, маргарин и праз. Квасецот се растопува во млаката вода, се додаваат брашното и солта, се меша и се остава тестото да нарасне. Кога ќе нарасне тестото се дели на неколку дела и се сукаат сите посебно. Едното исукано парче се премачкува со растопен маргарин, па се става другото врз него, па пак се мачка со растопениот маргарин.... и така со сите делови од тестото. Потоа повторно се сука, се растегнува тестото и се полни со празот кој претходно е омекнат (читај омекнат со малку вода во тенџере на оган или се пропржува со малку зејтин). Ваквото тесто се прави во вид на ролна и кружно се поставува/реди во тепсија претходно премачкана со зејтин. Потоа оди на печење и тоа би било тоа........:D

Па пријатно јадење Кајганџии..........:)

1.jpg
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Се пријавувам со фото-сторија: Una historia de тутриња :D
Све је почело овако:
Се меси тесто од 600 грама брашно, 3 лажици шеќер, 1 кафена лажичка сол, 100 гр путер, 300 мл млеко и 1 коцка свеж квасец. Прво квасецот се става со малце млако млеко и 1 лажица шеќер да нарасне околу 10 минути, се става во брашното помешано со 2те останати лажици шеќер и солта и се додава путерот растопен во останатото млеко.
Се остава тестото да втаса околу 1 саат, во меѓувреме се спрема филот. 2 главици кромид се потпржуваат и се додава 300 гр мелено месо и 100 мл кечап (јас ставам лут и 100 наместо 200 мл што стојат во оригиналниот рецепт). Тоа се крчка околу петнаесетина минути и се трга од рингла да се подолади.
Откако ќе втаса тестото, се земаат топчиња големи отприлика колку орев и се расукуваат.
На средината на расуканите топчиња се става по една лажичка од филот
И потоа се туткаат (а ако се осеќате особено креативни се прават и како панцероти :giggle:)
Тутките се редат во тавче. Ако сакате може да ја подмачкате тавата, јас повеќе сакам да ставам хартија за печење, нема утка со хартијата. Се премачкуваат со жолчка и се става сусам (јас ставам и од турскиот црн сусам, зачин за баничка, како и да се вика).
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу триесетина минути.
Крајниот резултат:

Хаосот кој останал зад нас го оставаме на другите членови на пучанството да го средат. Кој сака да јаде мора да плати :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom