- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 3.947
- Поени од реакции
- 2.060
Ааа фала... ако треба да бирам јас, тогаш јас сум по тестото и месените работи .
Еве ви еден предизвик, готвиме КРОАСАНИ.
Потребно е: 500мл млеко
2 коцки квасец
4 супени лажици шеќер
2 лажички сол
2 јајца
2 мали филџани зејтин
1/2 растопен маргарин или путер
брашно по потреба (околу 900гр отприлика)

Подготовка: Се замесува тестото и се остава околу 15мин да одмори.
Тестото се дели на 30 топчиња, (3 реда, секој ред по 10 топчиња)
Прво работиме со првиот ред топчиња, значи се расучуваат сите 10 топчиња отприлика
форма на палачинка. Секоја кора посебно се мачка со маргарин и се ставаат една врз
друга, со исклучок на последната кора од горе која не се премачкува со маргарин.
Од така наредените кори една врз друга, со расукување се формира една голема кора која
се суче во форма на голем круг, кој потоа се сече на 16 дела, триаголници и се виткаат
кроасаните.
Истата постапка се повторува и за останатите два реда.
Кроасаните се мачкаат со јајце, се оставаат малку да одморат и се печат.
Ова е еден пример рецепт, ако имате свој слободно употребете го вашиот резултат. Кроасаните можете да ги филувате со крем, сирење, кашкавал или едноставно да ги оставите празни. Ваш избор.