[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кога бев дете ич не сакав да јадам грав. Просто секогаш кога ќе слушнев дека за ручек има грав јас барав во фрижидер да земам нешто друго да јадам, се до еден средношколски ден кога после школо отидов кај баба ми и дедо ми на гости и баба ми ми направи тавче гравче, па од тогаш гравот баш ми е драг кога е подготвен за ручек. Меѓу другото и немав/немам пробано повкусно тавче гравче од она на баба ми.

Иначе еве ме мене повторно во натпреваров и драго ми е што повторно имаме една вака добра тема/рецепт, а се надевам дека за истата ќе има и интерес. Да не ја должам:D....................., состојќите се грав, кромид, зејтин, сол, бибер и црвен пипер. Гравот се вари и кога убаво ќе омекне се цеди водата. Кромидот ситно се сечка и се пржи во сад на оган, а потоа му се додава пола лажиче црвен пипер и продолжува да се пржи. Го додаваме гравот, му додаваме сол и црн бибер и мешаме. Кога убаво се ќе се искрчка, во посебен сад запржуваме зејтин и црвен пипер и со истата содржина го прелеваме гравчето. Тепсијата оди во рерна и по 5 - 10 минути гравчето може да се сервира. Во прилог има салата од патлиџани, зелено луто пиперче и кромид.

Па пријатно јадење Кајганџии...................:)

3.png

тавче гравче 2.png


Иначе прееска ја разгледував темата кога се готвело тавче гравче од пред 3 ипол години, па ја користам оваа прилика да ги повикам @Let 3, @blue ladybug, @Windfucker, @Anne. и @PurplePuma уште еднаш да покажат како се прави тавче гравче:D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
состојќите се грав, кромид, зејтин, сол, бибер и црвен пипер. Гравот се вари и кога убаво ќе омекне се цеди водата. Кромидот ситно се сечка и се пржи во сад на оган, а потоа му се додава пола лажиче црвен пипер и продолжува да се пржи. Го додаваме гравот, му додаваме сол и црн бибер и мешаме. Кога убаво се ќе се искрчка, во посебен сад запржуваме зејтин и црвен пипер и со истата содржина го прелеваме гравчето. Тепсијата оди во рерна и по 5 - 10 минути гравчето може да се сервира. Во прилог има салата од патлиџани, зелено луто пиперче и кромид.
He така
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Денес топрва тешко да можам да правам, така што ќе морам со стара слика...
Постапката ја опишав во претходниот пост. Тоа врз патлиџанот изглеа ко шеќер у прав со кокос, али е пармезан, ок.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Еве ме и мене :D
Не успеав да најдам убав крупен грав, али не испадна лошо.

Со колбаси, чили пиперки, моркови, кромид, зачини (сол, црн пипер, сув магдонос, оригано, буковец) и запршка (сосема малку брашно и црвен пипер).




Салата ме мрзеше да правам. :unsure:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.391
Ајмо!
Втор пат во животов правам, се откажав затоа што Црногорецов не сака да јаде „сув грав“ па обично он прави на црногорски начин. Иначе гравот го сакам посен или вегански што би рекле овде на западов, али јеби га, морав да правам компромис за да го јаде и ставив пушени колбаси. Годинава има да нанижам пиперки да ми се сушат во кујна. :D

^AB5B211FC7C012EF9CC77FA6136A540E63BEA91C0973CBD68D^pimgpsh_fullsize_distr.jpg

^4F980986B910A9D34D28818DEA6C80E4251E2D86697F776ADB^pimgpsh_fullsize_distr.jpg
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Баш пред скоро купивме од овие традиционални грниња (јас дрвени си ги викам иако се земјени, керамички :LOL:), па еве сефте и тавче-гравче во нив, таман се погоди за темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom