[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ти благодарам @pearl. Ја прифаќам твојата понуда...... до вечер ќе го објавам неделниот рецепт :)
Ajде чим @pearl ти дава шанса во нејзино име да дадеш предлог за готвење, те чекаме до вечер да објавиш.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Полнети пиперки


Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 1 чаша ориз
  • 6-7 големи пиперки
  • 1 поголем домат или 2 помали
  • 1 помал кромид
  • 1 лажица црвена пипер



    Подготовка
    Пиперките се мијат и се чистат од рачките и семките.
    Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи. Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна.
    Со оваа смеса ги полниме пиперките и отворот го затвораме со парче домат.
    Ги редиме во тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло.
    Печиме на температура од 220 степени половина час.

    polneti-piperkiGS.JPG-4056.jpg


    @Олимпија можеш да го смениш насловот :)

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да ја знаев темата порано ќе го сликав тавчето пред да ручаме, ова е после ручек негде околу 2-3 саати.
Мислам дека подобро е да кажеш:
Пиперките беа толку вкусни па почнавме веднаш да ги јадеме. Дури подоцна ни текна дека треба да ги фотографираме
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Едвај чекам да започне натпреварот :)
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Не се важи! Пола од овие што гласаа, гласаа со пиштол на глава. :icon_lol:
Едно време со Кафе бевме разлика со еден глас, го чував мојот за да стиснам во последен момент, ако е потребно, и да бидеме изедначени со гласови, да биде поинтересно, ама ништо од планот... Во секој случај, навистина ми беше предизвик да се „натпреварувам“ со две тетки, кои се добри во кујна. :)
Какви тетки бе дете, тетки да те тектосаат.
Тури сега сарма за рецепт, да видиш баби како (се) виткаат и покрај реумата. :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
дајте нека прават нешто благо. Еклери, меклери ово оно. D
 
A

AnFem

Гостин
Шпагети „Карбонара“

Потребно ви е: сланина, пармезан, шпагети, јајце/а, сол и бибер.

Количината на состојките е по желба.
Сварете ги шпагетите. Во меѓувреме сланината ја сечкате на мали, тенки парчиња и ја пржите во неколку капки маслиново масло(не ја мешајте многу, почекајте да се испржи од едната страна, па потоа измешајте. Не смее многу да се меша). Откако ќе се испржи, намалете го огнот на најниска температура, додајте ги шпагетите и ренданиот пармезан. Мешајте додека не се стопи пармезанот. Изгасете го шпоретот и додајте жолчка од јајце (или повеќе, во зависност од количината на шпагетите), зачинете со бибер и сол(не претерувајте со солта!).



@Ilumious
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Се надевам ќе успеам да стигнам на време да направам и јас нешто вакво и да учествувам за прв пат на натпреваров :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom