Поминаа постите, завршивме и со тавче-гравче па време е да зготвите некое
Селско месо
Потребни состојки:
- 1 кг. свинско месо кртина
- 500 гр. пилешки стек
- 2 главици кромид
- 500 гр. шампињони
- 200 мл бело вино
- 1 лажица сенф
- 1,5 л вода
- 200 мл. павлака
- 1-2 лажици брашно
- 1 лажица маргарин
- пола лажичка црвен пипер
- 1 чешне лук
- зејтин
- сол, црн бибер, вегета
Подготовка:
Месото исецкајте го на поголеми коцки, посолете го и побиберете. Во голем сад ставете зејтин да се загрее и додајте го месото да порумени, па со лажица решетка вадете ги коцките месо во сад на страна. Во истиот зејтин издинстајте го кромидот, па кога ќе омекне додајте ги шампињоните. Динстајте се заедно околу 10 минути т.е додека шампињоните да омекнат и да почне да испарува течноста која ја испуштиле. Додајте го месото, промешајте и неколку минути динстајте се заедно. Сипете го виното во кое сте измешале лажица сенф, а после 5 минути додајте вода. Гответе се заедно околу 45 минути додека месото не омекне.
Додајте ја павлаката, сол, вегета по вкус и ситно сецкано лукче. Во мала тава ставете го маргаринот да се стопи и додајте го брашното. Кога ќе почне да пени брашното тргнете од оган и додајте црвен пипер. Оваа запршка додајте ја во садот со месото и помешајте за да се згусне.
Истурете во земјена тава или во огноотпорен сад во кој сте ставиле малку зејтин. Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 220-250 степени и печете околу 1 час.