[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
@ Anne PurplePuma

Браво и за двете! Елем пак за етно декорот :)
Пуме, гледам дека и апаратот за сликање ти е поправен ;)
Не е, сјебан е блицот, ама никако време да најдам да го опраам :)
Дур работеше блицот, лудница беше.... :D
 
Факерче следен пат и вецето сликај го не сме го виделе :icon_lol:
Anne.; ѕупер :)
Тоа го правам за на фејсбук пред огледало.
Не гледам како поинаку би се натпреварувал во ваква конкуренција освен да се расфрлам со хедонизам и придобијам гласачите.
 
Еееј, мн малце овој пат :(
 
Олимпија Имав понуди за брак предходно, ако им се бендисало мојто тавче гравче. Сега за сега собирам само понуди:pos:
Ја викам фер и демократски да отвориме една тема, па во темата да си пишат образложение црно на бело, CV, мотивационо писмо, па една анкета фино лепо да си гласаме, чисто во духот на демократијата.
 
Поминаа постите, завршивме и со тавче-гравче па време е да зготвите некое
Селско месо :D
Потребни состојки:
- 1 кг. свинско месо кртина
- 500 гр. пилешки стек
- 2 главици кромид
- 500 гр. шампињони
- 200 мл бело вино
- 1 лажица сенф
- 1,5 л вода
- 200 мл. павлака
- 1-2 лажици брашно
- 1 лажица маргарин
- пола лажичка црвен пипер
- 1 чешне лук
- зејтин
- сол, црн бибер, вегета

Подготовка:
Месото исецкајте го на поголеми коцки, посолете го и побиберете. Во голем сад ставете зејтин да се загрее и додајте го месото да порумени, па со лажица решетка вадете ги коцките месо во сад на страна. Во истиот зејтин издинстајте го кромидот, па кога ќе омекне додајте ги шампињоните. Динстајте се заедно околу 10 минути т.е додека шампињоните да омекнат и да почне да испарува течноста која ја испуштиле. Додајте го месото, промешајте и неколку минути динстајте се заедно. Сипете го виното во кое сте измешале лажица сенф, а после 5 минути додајте вода. Гответе се заедно околу 45 минути додека месото не омекне.
Додајте ја павлаката, сол, вегета по вкус и ситно сецкано лукче. Во мала тава ставете го маргаринот да се стопи и додајте го брашното. Кога ќе почне да пени брашното тргнете од оган и додајте црвен пипер. Оваа запршка додајте ја во садот со месото и помешајте за да се згусне.
Истурете во земјена тава или во огноотпорен сад во кој сте ставиле малку зејтин. Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 220-250 степени и печете околу 1 час.
selsko_meso_recept.jpg
 
Лесно беше колач и гравче, ова му е ко „д ултимејт тест“... Ама на крајот на краиштата, не е битно дали ќе го јаде кучето или вие, битно е добро да изгледа :pos:
 
Пих. Наредна недела јас :)
Сепак ќе гласам! :)
 
Рецептов за цела војска :eek:
Ќе пробам деновиве да го направам, ама дефинитивно со помалку материјал. Ако ме нема да ставам слики, а маалските кучиња во Карпош се повесели значи резултатот не бил баш најбољи :D
 
Моето омилено јадење (y)

...но по доста поинаков рецепт :)
 
Таман ќе се решам да учествувам ...... :(
 
Епа, тоа го прави интересен натпреварот... Не е интересно кога секој би можел се' да направи :)
 
Ништо од рецептов оваа недела. Јас сум на диета, така да не се стрвам само за да готвам, па да не можам да јадам после. Ќе го чекам следниот, се надевам ќе биде помалку калоричен од овој (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom