Кафеџилница

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772


Тешко е да се замисли дека кафето го откриле стадо кози, пасејќи на Етиопските планини. Сепак,според една од најпознатите легенди, токму неколку кози, привлечени од живата црвена боја на плодовите на една грмушка
биле првите што ги вкусиле почетоците на еден од најраспространетите пијалоци денес.


Овчарот кој го чувал стадото,веднаш го забележал чудното возбудено однесување кај своите кози и загрижен однел неколку плодови во еден манастир на група познати монаси.Тие ги свариле чудните црешки и го испиле напитокот,чувствувајќи ја веднаш возбудливата сензација.

Но,ова не е единствената легенда. Се раскажува дека болниот Мухамед,благодарејки на темниот еликсир, кој му бил понуден од самиот Архангел Габриел, оздравел веднаш штом го вкусил и иако сеуште изнемоштен,успеал да задоволи цела група девици..Дури и Алах,според традицијата,пиел кафе на денот на создавањето.Тоа што со сигурност припаѓа на историјата на кафето, почнува на денот кога црвените црешки преку Африка, поминувајќи го Црвеното Море,стигнале во Јемен- тука се родиле првите плантажи, за потоа да се распространат низ целиот исламски свет.

Во 15-от век кафето се пиело во Мека и благодарејќи на исламските свештеници кои го употребувале за да го намалат уморот при религиозните обреди,набргу овој напиток стигнал и во Каиро.Пасијата за кафето е толку силна,што во 1511 год. се појавиле и првите опструкции од страна на властите,бидејки кафето набргу станало мотив за дружење и споделување на идеи, оддалечувајќи ги верниците од обврските на нивните функции.
Земјата каде што овој пијалок станал вистински колективен ритуал е Турција.Тука за прв пат се забележува начин на подготвување по пат на печење на зрната.


Во Константинополис,првите чајџилници каде што се вкусувало кафето дискутирајќи за трговија и слушајќи музика се отворени во 1544 год. и набргу широко се распространуваат. Најверојатно во овие места Европејците за прв пат го пробуваат кафето.Според ориенталаната филозофија Кејиф,пиењето кафе било можност за моменти на релакс и добро расположение,во кои се вкусувало заедно со кафето и времето кое проаѓа.Исламските теолози биле против овој начин на поминување на времето до тој степен што при крајот на 16-от век муфтијата од Константинополис го забранил пиењето кафе,очигледно без успех.


Пристигнувањето Во Европа
Благодарејќи на Турците црниот еликсир пристигнува во Европа при крајот на 1600 година. Обидувајќи се да го прошират Отоманското царство на портите на Виена каде што биле поразени,при повлекувањето забораваат, покрај другите работи и неколку вреќи кафе. Нив ги наоѓа еден угледен господин од Полска, кој веќе го имал пробано овој напиток. Неговата брилијантна идеја да го понуди на жителите на Виена се покажала повеке од успешна.

Првата венецијанска кафетерија се отвара во 17- от век, но конзумирањето кафе бил ритуал кој им припаѓал само на припадниците на високата класа.Најголемиот центар за експорт било јеменското пристанисте во Мока- Арапите љубоморно го чувале начинот на култивација на растението.Тие ги вареле зрната кафе,оневозможувајќи на Европејците да засадат и одгледуваат кафе на други места. Тоа било така, се додека еден Холанѓанец не успеал да земе една гранка од растението. Неколку години подоцна, од Амстердам тргнуваат растенијата кои ќе почнат да се одгледуваат во Азиските земји.
Кафе мода
Европа се повеке се заљубувала во црниот и вкусен напиток. Во Виена, повеќе од 600 кафетерии, нуделе на сребрена тацна заедно со чаша ладна вода “SHWARZ” - црно кафе, “MELANGE” - послатко со млеко или “ЕИНСПАННЕР” - со шлаг.Во Франција првите кафетерии се отвориле во Марсеј, каде што тамошните трговци закажувале состаноци и дискутирале пиејќи шолја кафе.Набрзо оваа мода стигнала и до кралскиот дворец каде што самиот Луј 16-ти го подготвувал кафето за себе и своите гости.

Во Германија, каде што националниот пијалок со векови било пивото, почетоците на кафето биле спори, но потоа се распространува во огромни размери до тој степен што Фридрих 2-ри од Прусија со декрет создава монопол за производство на кафе.Во Англија почетоците на кафето се поврзнаи со г-дин Даниел Едуард, кој од далечниот Исток ги донел зрната кафе, ги подготвил и ги почастил своите пријатели со овој чудесен пијалок. Веднаш овој ритуал станал вистинска мода во восоката бурзоажија, позната како љубител на доброто и убавото.
Една сосема италијанска љубов
Во Италија од самото појавување, кафето е вистински бум- првата кафетерија се отвара во Венеција во 1683г,на плоштадот Сан Марко.
Во 1750 во Венеција Карло Голдонија издава книгата “La Bottega del Caffe”, инспирирана од од шарениот свет на луѓе, идеи и размислувања кои владееле во кафетериите.
Во истите години во Милано Пиетро Вери го издава списанието “Il Caffe”.

Во 1700 и 1800 години, и покрај експанзијата на кафето тоа останува привилегија само на високата класа. Го пијат филозофи, уметници, поети и политичари. Станува пијалок на илуминираните и целиот универзум околу него добива огромен престиж.
Подоцна во почетокот на 20- от век, во Италија се создава првата машина за подготвување на кафе со систем на притисок и пареа,која што подоцна ќе ја насели секоја кафетерија и бар во светот.Во 1901 год. италијанскиот инжињер Луиџи Безера од Милано создава модел на кафемат,кој ги подготвува кафето по пат на екстракција,создавајки пијалок со густо тело,силен вкус и дотогаш непочуствувани ароми-Италијанското Еспресо.






* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

Воодушевена сум од ритуалот, сервирањето, уметноста, декорот на кафето, различните вкусови, мешавини... Најубавиот вкус го имаше едно кубанско кафе. Пиеш една шестинка од чашата и ко зомби си 12 саати:pipi:. Омилени ми се сите кафиња, но особено го сакам топлото нес со рум. Кажете си какво кафе преферирате, дали сте пиеле некое специфично и ретко и дали за вас пиењето кафе е ритуал и уметност?


 

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
Нес кафе матено хоум мејд(со прелив од чоколада и прелив од карамела,со 1 лажичка шеќер и 2 коцки мраз)
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
MOJA TEMA, Моја Моја!

:)

Најчесто си пијам топло јакобс али од така по специјално некое ми се допадна ова >


(irish coffee)

и


(cappucino en dragoste)

ииии најубавотоооо


(cafe biscolato)

ама да не забрааеме и на колачињата :)



 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.880
Манс и кафето се сакаат, независно дали е благо турско со прилог локумче, или некои од фамилијата на капучино, кафе со млеко, еспресо, мока, нес, фрула, итн...додека пак, најдоброто кафе кое сум го пробал дефинитивно е Arabian, налик на турското, само со убава златна боја, секси зачинета арома и локум со ф'стак = порнич.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
И јас сум голем љубител на кафето посебно со добро душтво и добар муабет(со членката која ја отворила темата:back:), апсолутно возвишено чувство.
Претходно не го конзумирав толку многу но животот те тера.Во почетокот го практикував баш од тие причини значи баш како рутина да останам будна, но со тек на време почнав да уживам и пробувам да изнајдам некои рецепти за кафиња, за следен пат кога ќе ми дојде членот над мене да го воодушевам со моите кафеџиски способности.Е така да си знајте:pipi:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Obozavam kafe, sekakvo pijam: tursko, nes, kapucino ... ali od site nekako najomileno mi e nes kafeto i sekogas go pijam so nekoja kocka mraz
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Кафе,кафе и само кафе...:vozbud:го обожавам во сите форми и видови.
Откако престанав да пушам цигари,нагло ми порасна желбата за кафе...ах,толку уживам да го пијам,признавам јас сум кафе-зависник:pipi:

Наутро си пијам нес топло со коцка шекер и млеко во прав.
А после SENSEO(то ти е типично холандиско кафе)и најубаво ми е што машината сама го прави:pipi:а у Македонија турско пијам и никогаш не одбивам и најмалер ми е што треба да го чекам да се вари а после еден куп талог за миење:nesvest:
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Без кафе сум како болна :nesvest:.Најчесто пијам турско и нес , но се случува и експресо.Обожавам кафе со млеко и ред чоколадо ммм.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
:back:
Кафе,кафе и само кафе...:vozbud:го обожавам во сите форми и видови.
Откако престанав да пушам цигари,нагло ми порасна желбата за кафе...ах,толку уживам да го пијам,признавам јас сум кафе-зависник:pipi:

Наутро си пијам нес топло со коцка шекер и млеко во прав.
А после SENSEO(то ти е типично холандиско кафе)и најубаво ми е што машината сама го прави:pipi:а у Македонија турско пијам и никогаш не одбивам и најмалер ми е што треба да го чекам да се вари а после еден куп талог за миење:nesvest:
Ај опиши тоа холандското кафе плиз и бапни некоја сличица ако имаш. :back::back::back:
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.397
Поени од реакции
21.952
Од кафе нема ништо поубаво...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Наскоро подготвувам воскресение на темава, за сите љубители на кафето на новиот портал www.kafepauza.mk кој е активен и оди напред со вртоломна брзина.

Сите љубители на овој ритуал, ќе може да читаат на раат, додека го пијат своето утринско кафе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom