Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА СВЕЌА

Ме палите и ја гледате мојата светлина...
Се радувате на јаснотијата и топлината која ја дарувам...
Се веселам што смеам да горам за ВАС...
...Да не е така, би лежела во некоја кутија без корист, а смислата ја добивам баш по тоа што горам...
Но, добро знам, што повеќе горам, тоа пократка станувам, повеќе се ближам кон својот крај.-
Изгоре !!! Ќе кажете, а она што останува го фрлате...
Знам, за мене постојат само две можности: Или да останам во кутија, во темнина, или со горење да постанам кратка, да дадам се што имам во корист на светлината, а со тоа да се доведам самата себе до крајот.
Сепак, УБАВО Е АКО ИМАМ ШТО ДА ДАДАМ...
- ГЛЕДАЈТЕ !!! Истото се случува и со ВАС, ЛУЃЕТО...
Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено, празно и темно, или се зближувате со другите и им дарувате од својата ЉУБОВ и ТОПЛИНА, и тогаш ВАШИОТ ЖИВОТ добива смисла...
Но, знаете и тоа дека за ова, мора да дадете нешто и од ВАС самите... Нешто од Вашата радост, од Вашата срдечност, од Вашата смеа... Можеби нешто и од Вашата тага... И не треба плашливо да размислувате за тоа, како ќе се сочувате самите себе...
Само оние кои другите ги веселат, стануваат многу повесели, само оној кој е светло за другите и самиот ќе прими светло... Што повеќе горите за другите, толку посветло ќе биде за ВАС...
Многу луѓе само затоа се тмурни и нерасположени, плашливи и затворени, бидејќи се плашат да бидат ТУКА за другите!.. ТИЕ не го разбрале најважното: ЕДНО ЕДИНСТВЕНО СВЕТЛО КОЕ ГОРИ, Е ПОДОБРО ОД ЦЕЛАТА ТЕМНИНА НА СВЕТОТ!
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
3
Зошто живот? За да се мачиме додека некој ужива во тоа? За да работиме како мравки и пак преку зимата ништо да немаме? Да седам цел ден преку компјутер? Некој идиот да ми кажува иди најди си живот?
А истиот идиот е секогаш онлајн? За разлика од тој идиот јас имам два пати поубав живот. Мислам од страната на социјалните вештини и дружењето со вистински личности , но сепак животот ми е срање. Зошто некој е роден со диплома, а некој треба половина живот да учи и да се мачи додека додека ја добие? А под незнам кој член на уставот стои дека сите сме рамноправни. Хмм ако сме сите рамноправни тогаш зошто некој има пред да плати а некој плаќа пред да има? Или како што сакав да се изразам: некој има без да плати а некој плаќа дупло, т.е. плаќа и за тој што не платил. Но денес нема да вреѓам туку напротив сакам да ги пофалам оние луѓе од мојот слој. Зборувам за луѓето кои се отепуваат од работа за да го прехранат своето семејство, зборувам за оние кои работат од утро до мрак па немаат време го видат своето семејство. За оние чие срце се кине кога ке му речат на своето дека немаат пари да му ја купат таа играчка, за оние кои веруваат дека ке биде подобро иако потајно знаат дека нема, оние кои не се скржави да ти дадат другарство а да не побараат нешто друго за возврат. Така сакам да ги пофалам тие луѓе кои и покрај се го живеат животот и не ни размуслуваат да се откажат од него. Секоја чест за тие луѓе. Оваа приказна и не е поучна а сепак од неа се вади поука. Кој разбра, разбра, а тој што не разбра мислам дека не е тој тип на човек кој сакам да го пофалам.
NO COMMENT! Дифинитивно мај фав пост на оваа тема.!:zver::oeoeoe::wink::bravo::smir:
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Тој беше храбар човек,со јак глас и одлучни чекори.Таа беше нежна и чувствителна.Се зедоа.Тој се трудеше на неа ништо да не и фали,а таа ја пазеше куќата и ги одгледуваше децата.Децата пораснаа,се омажија и оженија,тргнаа по свој животен пат...вообичаена приказна.
Кога сите деца беа добро згрижени,жената ја фати некоја тага,се повеќе слабееше и пропаѓаше.кога веќе и не се хранеше,падна во постела.Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница.Околу неа се трудеа лекари и специјалисти,но неможеја да ја најдат причината за болеста.На крајот еден од лекарите го викна мажот и му рече:„Јас би рекол...дека вашата сопруга...едноставно веќе нема волја за живот.„
Човекот ништо не одговори.Седна покрај креветот и ја фати жената за рака...нејзината рака се изгуби во неговата голема дланка.Ја погледна и со длабок одлучен глас рече:
„Ти нема да умреш!„
„Зошто мислиш така?„ - го запраша таа со тивок глас.
„Затоа што си ми потребна!„
„А зошто тоа до сега не си ми го рекол?„
Од тој ден на жената и е се подобро.Лекарите се прашуваа од која болест боледувала и со какви лекови се излечила.Никогаш не дознаа...

Немој никогаш да чекаш утре да му кажеш на некого дека го љубиш.Речи му го тоа одма.Земи го телефонот и речи:„Јас сум,сакам само да ти кажам дека те љубам!„.Дали вие некогаш би се умориле слушајќи ја љубената личност како ви кажува дека ве љуби?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мајката со својот седумгодишен син шетала по плажата.
Во еден момент детето прашало:
- Мамо, како се чува љубовта?
Мајката малку се замислила, па му рекла:
- Земи од песокот и стисни го во раката.
...Детето ја послушало, го стискало песокот во раката, но колку повеќе стискало тој повеќе истекувал меѓу прстите. - Но, мамо, песокот ми бега - рекол малиот.
- Знам, сине. Ајде сега убаво отвори ја раката.
Детето ја послушало, но во тој момент дувнал ветер и му го однел сиот песок од раката.
- Ниту вака не можам да го задржам песокот, мамо!
На тоа мајката со насмевка рекла:
- Ајде сега повторно земи малку песок во раката, но држи ја дланката во форма на лажица, така да биде доволно затворена да го заштитиш, и доволно отворена тој слободно да стои на неа.
Момчето направило како што му објаснила мајка му и песокот му останал во раката - доволно заштитен од ветрот да не го оддува, а и слободен да не се лизга низ прстите.
- Ете, така се чува љубовта!
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
ROYAL SONG OF SARAHA


I bow down to noble Manjusri,
I bow down to him who has
Conquered the finite.
As calm water lashed by wind


Turns into waves and rollers,
So the king thinks of Saraha
In many ways, although one man.
To a fool who squints,
One lamp is as two,
Where seen and seer are not two,
Ah! the mind works
On the thingness of them both.
Though the house lamps
Have been lit,
The blind live on in the dark.
Though spontaneity
Is all-encompassing and close,



To the deluded it remains
Always far away.
Though there may be many rivers,


They are one in the sea.
Though there may be many lies,
One truth will conquer ail.
When one sun appears,
The dark, however deep,
Will vanish.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи.
Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столица со кутија колачи, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: види молим те, да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев... Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче во пакетчето. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче.
Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната.
Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста.

ЗАКЛУЧОК:
Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !!!

Во животот постојат 5 работи кои не може да се вратат:
- Каменот кој е фрлен;
- Зборот откога ќе се изусти;
- Можноста откога ќе се изгуби;
- Времето кога ќе помине;
- ЛУБОВТА ЗА КОЈА НЕ СЕ БОРИ;
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Како да се ослободиме од замката на стравот?

11.06.10 11:45
Jolly Roger
Дерик Џенсен



Држам исечок од весник од 1996 год. Рабовите се искинати, страницата пожолтена. Насловот гласи „Мајка мечка напаѓа возови“. Возовите ги убиле нејзините два сина, па затоа оваа мајка гризли почнала да напаѓа воз по воз по воз.
Отпрвин го носев исечокот во мојот паричник, а потоа го закачив над моето биро. Ме потсетува на тоа што значи да се биде храбар, што значи да се биде жив.
Порано мислев дека светот го уништува алчноста, омразата и лудилото на оние што се на власт. Се разбира дека сè уште го мислам тоа - како и секој што ги следи работите - но сè повеќе сфаќам како нашиот страв нè тера да бидеме во спрега со таквото уништување.
Не, не досадувам со старата фраза дека со тоа што користам тоалетна хартија сум подеднакво виновен за дефорестацијата како и генералниот директор на Weyerhaeuser. Не велам дека треба да сочувствуваме со оние што ја убиваат нашата планета, дека треба да се ослободиме од сета омраза во нашите срца пред да ги запреме оние што ги уништуваат нашите домови. Не го поддржувам магичното мислење кое вели дека сите сме одговорни за уништувањето на планетата и дека ако јас лично заедно со еден куп други „заштитници на природата“ колективно сме доволно „чисти“, доволно „добри“, имаме доволно „љубов“, работите ќе излезат на добро.
Ни најмалку. Зашто тоа нема да се случи.
Не верувам дека мајката гризли била загрижена за „чистотата“ на нејзиното срце. Таа едноставно го следела своето срце и дејствувала против оние што ги убиле нејзините сакани.
Мојата одговорност за дефорестацијата е многу поекстремна од едноставното користење тоалетна хартија. Мојата вина е во тоа што јас физички не ги спречувам оние што ја вршат дефорестацијата, што не го бранам својот дом и домовите на оние (луѓе и нелуѓе) што ги сакам со жестокоста и љубовта манифестирани од мечката.
Ние страдаме од едно погрешно верување дека љубовта подразбира пацифизам. Не верувам дека мајките гризли би се согласиле, ниту пак многу други мајки што ги знам. Ме нападнале мајки кобили, крави, глувци, кокошки, гуски, орли, јастреби и колибри кои сметале дека сум закана за нивните деца. Познавам многу луѓе мајки што би убиле кого било доколку тој ги повреди нивните деца. Ако мајка глушец е спремна да го ризикува нејзиниот живот напаѓајќи некој што е 8.000 пати поголем од неа, што кажува тоа за нашите срца? (Патем, мајката глушец победи).
Велам дека ги сакам лососите што пливаат во потоците во близина на мојот дом, но лососите се истребуваат и што правам јас за да им помогнам? Пишувам за нив, им пеам љубовни песни, стојам и ги гледам со насолзени очи како се мрестат во калливите потоци. Но, што правам?
Проблемот не е комплексен. Ако навистина сум загрижен за лососот, треба да ги отстранам браните, треба да го запрам индустриското експлоатирање на шумите и комерцијалниот риболов и треба да го запрам глобалното затоплување. Ова се всушност обични технички задачи. Но јас не ги правам.
Зошто не?
Можам да приложам секакви псевдоинтелектуални, псевдоспиритуални или псевдоморални причини, но кога сум искрен со себеси, вистинската причина која се наоѓа зад сето тоа е дека се плашам. Се плашам дека ако ефективно дејствувам полицијата ќе ме убие или ќе ме затвори засекогаш. Се плашам дека ако ефективно дејствувам ќе станам отпадник од ова општество. Се плашам дека ако ефективно дејствувам, некои луѓе нема да ме сакаат. Ќе ми судат.
Еве некои прашања за кои размислував во последно време. Ако нацистите или некои други фашисти ја окупираат Северна Америка - долга пауза, кревање веѓа - што би направиле сите ние? Земете ја предвид дефиницијата за фашизам на Мусолини: „Фашизмот посоодветно би требало да се нарече корпоратизам, бидејќи претставува спојување на државата и корпоративната моќ“. Што ако таа окупирана земја се прогласи за демократска, но речиси сите знаат дека изборите се наместени, а граѓаните имаат право да избираат меѓу различни крила од истата Фашистичка (или следејќи го Мусолини, Корпоративна) партија? Што ако протестите и останатата ненасилна опозиција се пречекани од јуришни единици и тајна полиција? Ќе им возвратиме ли? Ако веќе постои движење на отпор, ќе му се придружиме ли?
А што ќе направевме ако оние на власт донесеа закони кои им дозволуваат една третина од сите мажи Евреи на возраст од 18 до 35 години да ги стават во концентрациони логори? Ставете Афроамериканци место Евреи и поставете си го одново прашањето.
Би се спротивставиле ли доколку фашистите ја загадат природата, ја затрујат храната, го дефорестираат континентот или ги загадат реките за да не може да се пие вода или плива во нив? Што ако фашистите не ја затрујат само земјата туку и телата на оние што ги сакаме со диоксин - една од најтоксичните супстанции - и разни други канцерогени материи? На моите говори ја прашувам публиката колкумина сакале луѓе што биле убиени од рак. Околу 80% ги креваат рацете. А би се спротивставиле ли на оние на власт кои ги трујат не само телата на оние што ги сакаме, туку и нашите сопствени тела?



Ако не се бориме кога нашите сакани умираат или кога нашите тела се трујат, тогаш кога ќе го сториме тоа? Сите треба да го пронајдеме нашиот праг: точката кога ќе се ослободиме од нашиот страв и ќе дејствува во име на оние што ги сакаме.
Зошто сме толку преплашени? Од што се плашиме? Ниту едно од овие прашања не е реторичко. Во овој миг, тие се едни од најважните прашања што треба да си ги поставиме.
На најосновно ниво, стравот е верување дека можеме нешто да изгубиме. А на одредено ниво, се разбира, имаме многу да изгубиме. Сите знаеме што оние на власт им прават на оние кои им се закануваат нив или на она што тие го поседуваат. Џефри Луерс запали три теренски возила во чин на симболички отпор и беше осуден на повеќе од 23 години затвор, значително поголема казна од онаа што вообичаено им се дава на силувачи, на мажи што ги претепале своите жени до смрт, на директорите на хемиските компании кои со своите одлуки испуштаат отрови од кои многумина од нас добиваат рак. Ако сериозно се заканиме на наводното право на оние што се на власт живиот свет да го претвораат во потрошувачки производи за продажба, тие би се обиделе да нè запрат со сите расположливи средства.
Но, постојат и други стравови. Знаеме дека ние - оние од нас во САД кои се примарните физички корисници на експлоатацијата - би изгубиле пристап до некои потрошувачки добра. Што кажува тоа за нас кога сме подготвени да го прифатиме уништувањето на планетата во замена за производи како кафе, чоколадо, автомобили и електрични ќебиња?
Сите се соочуваме со избори. На пошироко ниво, можеме да имаме автомобили или да имаме леденици и поларни мечки. Можеме да имаме брани, хартија и дрвени производи или да имаме лососи. Можеме да имаме картонски кутии или да имаме живи шуми. Можеме да имаме струја и свет уништен од рударство, или да немаме ништо од тоа: и соларната енергија сепак изискува индустриска инфраструктура. Можеме да имаме увозни овошја, зеленчук, месо и кафе или да имаме барем малку сочувани човечки и нечовечки заедници во Латинска Америка.
Дали ова значи дека треба да очајуваме? Можеби. Очајувањето секако е соодветен одговор за очајна ситуација. Но можеби уште повеќе од тоа, треба да сфатиме дека овие избори навистина и не се некои избори: во повеќе од 99,9 проценти од нашето постоење, луѓето живееле прилични среќно без да ги уништуваат заедниците или планетата. Овие избори во најголема мера се резултат на ненормален и бизарен начин на живот.
На едно полично ниво, можеме да се приклониме кон главните токови на една култура која не ни служи за наше добро - не нè прави среќни, не прави да ни е удобно, не прави да се чувствуваме сигурно; туку само ни нуди илузии на среќа, удобност и сигурност - или можеме да ја започнеме честопати трнливата потрага по нашите срца, да се запрашаме кого и што сакаме, за кого и за што имаме доволно силни чувства за да ги промениме нашите животи, за што да се бориме или да живееме. Што велите за вашата лична среќа? Долго време имам навика да ги прашувам луѓето дали си ја сакаат својата работа: околу 90% велат не. Што значи тоа кога мнозинството луѓе најголемиот дел од времето кое се будни прават работи што повеќе би сакале да не ги прават? А што е со вашето здравје? Што е со здравјето на вашите деца? Што е со нивната среќа (под што не подразбирам колку многу играчки имаат, туку вистинскиот квалитет на нивните животи)? Што е со здравјето и радоста на земјата каде што живеете? Што со убивањето на планетата? Што е најважно за вас?
Не можеме да имаме сè. Верувањето дека можеме е едно од оние нешта кои нè доведоа до оваа ужасна позиција. Ако лудоста може да се дефинира како губење на функционална поврзаност со физичката реалност, да веруваме дека можеме да имаме сè - да веруваме дека истовремено можеме да го уништуваме светот и да живееме во него; да веруваме дека бескрајно можеме да користиме повеќе енергија отколку што ни обезбедува сонцето; да веруваме дека можеме да земаме повеќе отколку што природата своеволно ни дава; да веруваме дека свет кој не е безграничен може да поддржи безграничен раст, а уште помалку безграничен економски раст кој сè поголем број на живи суштества претвора во мртви објекти (индустриското производство во самата своја суштина е претворање на живото - дрва или планини - во мртво - талпи и лименки за пиво) - е лудо.
Длабоко во себе, сите го знаеме ова. А сепак не можеме да си го кажеме, затоа што се плашиме. Се плашиме да го изгубиме она што го имаме. Па затоа си стоиме настрана.
Но се плашиме и од нешто друго. Се плашиме да не припаѓаме. Дури и кога целиот општествен систем е луд, сè уште се плашиме да бидеме исклучени од него. Ете вчера ја однесов мајка ми во Wal-Mart да го замени новиот телефон кој не работеше. Пред да почнете да викате лицемер, сфатете дека во овој мал град Wal-Mart веќе ја има направено штетата, а Radio Shack беше нејзиниот единствен друг избор. На касата за вратени производи имаше долга редица, а денот беше убав, па одлучив да чекам надвор. Често повеќе сакам да сум во друштво на грмушки отколку на луѓе, па затоа седнав на жардинерата со заробени пираканти. Еве што ми е поентата: можев да видам дека нa оние што минуваа крај мене, особено вработените во Wal-Mart, им беше непријатно што седам на несоодветно место. Знам дека проблемот беше во тоа каде седев: немав несоодветна долга коса, ниту пак несоодветен мирис, ниту несоодветни валкани алишта, ниту пак се однесував на некој несоодветен начин. Но можев да почувствувам како луѓето сакаат да се поместам, а следствено и јас почнав да чувствувам како сакам да се поместам, да се вратам во редот. Чувството беше речиси неодоливо.



Истиот психолошки притисок за конформирање би бил и на работа, каде што би стоел пред полицата со списанија бирајќи меѓу Soldier of Fortune, Penthouse или Car & Driver. На следното ниво тој притисок би можел да ме наведе со моторна пила во рака да се најдам пред некое древно дрво, или во друга ситуација, со пиштол вперен во руски Евреин кој клечи покрај јама полна со лешови. Никогаш не смееме да ја потцениме моќта на всадениот општествен притисок да се конформираме.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Една од најпаметните работи што ја направиле нацистите било апсорбирањето на рационалноста, апсорбирањето на надежта, апсорбирањето на краткорочниот страв. На секој чекор од патот во најдобар рационален интерес на секој Евреин било да не се спротивставува: многумина Евреи имале надеж - а таа надеж била подгревана од нацистите - дека ако се покорат и ги следат правилата поставени од оние на власт, нивниот живот нема да се влоши, дека нема да бидат убиени. Биле соочени со овие прашања: земи документ за идентификација, оди во гето, влези во вагон или спротивстави се и можеби загини. Што се случува кога ние ќе си го поставиме истото прашање? Дали попрво би влегле во коморите за туширање или би се спротивставиле и можеби загинале?
Евреите што учествувале во бунтот во Варшавското гето - вклучувајќи ги и оние што учествувале во акции за кои верувале дека се самоубиствени - имале повисок процент на преживеани од оние што се покориле. Никогаш не го заборавајте тоа.
Еве уште нешто важно: Висок офицер за безбедност од време на Јужноафриканскиот апартхејд, подоцна во едно интервју изјавил од што најмногу се плашел во врска со Африканскиот Национален Конгрес (АНК). Не се плашел толку многу од насилните акции на АНК колку што се плашел од тоа дека АНК би можел да го убеди угнетеното мнозинство да не го почитува „законот и редот“, односно, да размислуваат и чувствуваат за самите себе. Дури и најмоќните и најдобро обучени „безбедносни сили“ во светот, вели тој, не би можеле да се справат со таквата закана. Кога ќе сфатиме дека законите на оние што се на власт немаат никаква морална или етичка тежина, стануваме слободни човечки суштества какви што сме родени да бидеме, способни да кажеме да и способни да кажеме не. Запомнете го и тоа.
Во 16-от век Етјен де ла Боетје нè потсетил дека кога моќните се ненаситни, покорноста е фатална - дека што повеќе се покоруваме на „законот и редот“ на оние што се на власт, тие толку повеќе ќе бараат. Напишал дека „што повеќе тираните грабаат, повеќе сакаат; што повеќе рушат и уништуваат, толку повеќе човек им се повинува и ги слуша, а на тој начин тие стануваат помоќни и пострашни, поспремни да пљачкаат и уништуваат. Но ако во ништо не им се попушти, ако без насилство едноставно не се послушаат, тие остануваат соголени и без сила и така, исто како кога коренот не се потхранува, гранките овенуваат и умираат.“
Да, се плашиме. Има многу за плашење. Но кога светот се уништува пред нашите очи, верувањето дека имаме нешто да изгубиме набрзо станува илузија. А најдобриот водич кој може да ми помогне да ги надминам тие илузии е моето срце. Кога сум го следел своето срце никогаш не сум погрешил.
Честопати помислувам на гризли мечката, исто како што помислувам на коњите, кравите, глувците, кокошките, гуските, орлите, јастребите, колибрите кои ги бранеле своите сакани. Помислувам на храброста на пчелите кои летале кон мене, кои се вплеткале во мојата коса за да најдат начин да ме боцнат, кои ме избкрале од нивните домови по неизбежната цена на нивниот живот. Помислувам на храброста на лососот, кој година за година се враќа дома и продолжува да се соочува со сето она што му го правиме, или ако сакате, што дозволуваме да му го прават.
И сфаќам дека пред да ги спасам нив, треба да се потпрам на нив да ме спасат мене, да ме научат и да ми помогнат да сфатам што значи љубов, што значи да исчекорам од мојот страв, што значи да се делува во одбрана на оние што ги сакам.




Превземено од: Окно.мк
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
10 Мудрости за животот

1.Човекот кој има еден часовник секогаш знае колку е часот. Човекот кој има два часовника секогаш е во двоумица.

2.Не гледај онаму каде си паднал, гледај таму каде што си се лизнал.

3.Гледај на животот низ шофершајбна, а не преку ретровизор.

4.Луѓето можеби се сомневаат во она што го велите, но веруваат во она што ќе го направите.

5.Бидете љубезни со луѓето додека се искачувате нагоре, затоа што може да ви бидат потребни кога ќе паѓате надолу.

6.Никогаш не им објаснувајте на пријателите – нема потреба. А, непријателите и онака нема да ви веруваат.

7.Кога се обидувате да се одмаздите ископајте два гроба – еден за вас.

8.Храброста не е недостиг на страв, туку способност да делувате додека сте соочени со стравот.

9.Морате да растете сами за себе, без разлика колку се (биле) високи вашите родители.

10.Најдобар начин да ја предвидите иднината е самите да ја создадете.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Klonim se ljudi koji misle da je drskost hrabrost,
a neznost kukavicluk.
A klonim se i onih koji misle da je brbljanje
mudrost, a cutanje neznanje.
Oni vele meni: Ako vidis roba kako spava, ne
budi ga, jer mozda sanja o slobodi.
Ja velim njima: Ako vidite roba kako spava, probudite ga i objasnite mu slobodu.

Ocuvaj me od mudrosti koja ne place,
filozofije koja se ne smeje, i velicine
koja se ne klanja pred decom.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ЛЕК ЗА ДУША

Најубав ден?
Денес
Најлесна работа?
Да згрешиш
Најголема препрека?
Страв
Најголема грешка?
Напуштање
Извор на сите зла?
Егоизам
Најубаво хоби?
Работа
Најголема катастрофа?
Малодушност
Најдобри учители?
Деца
Примарна потреба?
Комуникација
Најголем извор на среќа?
Да бидеш корисен за другите
Најголема мистерија?
Смрт
Најголем недостаток?
Лошо расположение
Најопасна особа?
Лажго
Најлошо чувство?
Горчина
Најубав подарок?
Простување
Непроценлива вредност?
Дом
Најбрз пат?
Исправен пат
Најпогодно чувство?
Внатрешен мир
Успешна одбрана?
Насмевка
Најдобар лек?
Оптимизам
Најсилна сила на светот?
Вера
Најнеопходни особи на светот?
Родители
Најубаво од сите работи?
Љубов
Интелегенцијата без љубов те прави неморален.
Праведноста без љубов те прави незаморлив.
Дипломатијата без љубов те прави лицемерен.
Успехот без љубов те прави арогантен.
Богатството без љубов те прави алчен.
Љубезноста без љубов те прави семоќен.
Сиромаштијата без љубов те прави горд.
Убавината без љубов те прави апсурден.
Работата без љубов те прави роб.
Едноставноста без љубов ти ја одзема вредноста.
Законите без љубов те покоруваат.
Верата без љубов те прави фанатик.
Крстот без љубов се претвора во мачење.
ЖИВОТОТ БЕЗ ЉУБОВ...НЕМА СМИСЛА...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Love thy "enemy"?
People have said that they can't understand why I say we must love those that seek to control us and
perpetuate human suffering. But love is Oneness and so love is the balance of all things. Hatred comes from
the illusion of division. Hate is not the other polarity of love because love is Oneness and Oneness has no
polarities. If we hate those who cause the mayhem we are holding ourselves in the illusion and, therefore,
the control of those we hate. This is yet another loop. The manipulators are full of hate and fear; so do we
want to join them?? To love someone is not to stand by and let them impose their will upon you or others.
Love stands up for what it believes to be right no matter what the challenge or intimidation. It is possible to
expose what is going on and change that reality without hating those involved. It is essential to do this
because, otherwise, we are the same as that which we claim to dislike. We see this all the time when we
delude ourselves into believing that the methods we condemn, when used by others, can be justified for us
to employ because we are trying to do "good". You do not achieve what you believe to be right by doing
what you know to be wrong. Friedrich Nietzsche put it like this:
"He who fights with monsters might take care; lest he thereby become a monster. And if you gaze for long
into an abyss, the abyss gazes also into You."
How often do we see those who challenge "evil" turn into a mirror of those they condemn? Look at the
political Left and Right as one prime example. The far Left hates the far Right and vice versa. Yet they are
the same in both thought and method. Hatred, resentment and a need for revenge are cancers of the soul.
When we feel these emotions, who are the victims? We are. The targets might be having a great time,
unaware of how we feel about them, while we cook in our own stew of seething fury at the expense of joy
and happiness. Hatred and resentment are, with fear, the ultimate in self abuse. It's time to let them go and
see them for the illusions that they are. We don't need to fight the Illuminati, but change the reality in which
they exist. Scientist" and philosopher Buckminster Fuller said: "You never change things by fighting the
existing reality. To change something, build a new model that makes the existing model obsolete."
Wise monkeys
In the years since that mound in Peru, I have seen the awakening of the human heart gathering in both
numbers and power. The transformation I was told about in 1990 is coming to pass, even as the forces of
control also appear to be increasing their power. But this is, in fact, the final card of a gambler who forgot
the golden rule: don't play with those w):1o know more than you do. The Illuminati plays Oneness = four
threes plays a full house. The awakening is challenging the domination of Illuminati reality in the collective
unconscious - consensus reality. The 'hundred monkeys' are pooling their realisations on the human
'Worldwide Web' and there they can be accessed by anyone attuning to that awareness. This is happening at
an ever quickening pace. It can be seen in the millions on the streets in protest at the invasion of Iraq - many
of whom had never done anything like that before. It can be seen in their articulated understanding that
those in authority are pedalling lies to sell a secret agenda to the people. It can be seen in the empathy with
those of other skins and other cultures who face the violence of the so-called civilised world. The hundredth
monkey syndrome means that people are spontaneously awakening with a knowing that something is
seriously not right with the direction they are being taken. Now is the moment to push on. We need to
become even more vocal with this knowledge and consciously connect with the Infinite knowing, Infinite
Love, that will dismantle the freeze vibration of 'solidified' ignorance. Those who know about the
suppression and manipulation in science, politics, the media and all the other vehicles for control need to
speak out and expand the understanding of the people for what is unfolding. If you know something, say so.
The fear of doing this will not even register compared with the consequences for you and your children of
looking the other way. Come on, let's go.
Live, love, laugh and be happy
This is such an exciting moment to be here in the five-sense illusion. We are witnessing and manifesting a
transformation of reality that will change our conscious experience on a scale that will beggar belief.
Oneness put the kettle on we're coming home. But then, we never left; we just deluded ourselves that we
had. Laughter is so important in all this. The voice that speaks to me is full of fun and laughter and having
experienced where it comes from, I am not surprised. There are no tears in 'heaven'; no pain in the One.
And, anyway, isn't it all such a bloody hoot? What can we do, but laugh? On the second night of ayahuasca
in Brazil, I could hardly stop laughing at what the voice was saying. For hours Pam and I were in hysterics
as the voice told me about the nature of human reality. It is so hilarious. Here we are running around a Time
Loop like a mouse in a wheel, believing in 'time' that doesn't exist. The quicker we 'move' 'forward', the
quicker we 'go' 'back', when, in truth, we never go anywhere. What a laugh. Our bodies only 'die' because
we think they do. We only feel pain and suffer illness because we think we do. We only grow old because
we think we do. We bang our heads against a solid wall that cannot be solid; we bang our toe on a table
when the table is an illusion and so is the toe. We fear the future when there is none. We regret the past
when there is none. We fear the unknown when we are the All-Knowing. In the words of .a Chinese saying:
"Finally, at the end when everything is finished and all questions answered, there is nothing left to do but sit
down and have a good laugh."
Ha,ha,ha,heh,heh,heh,heh,whoop,whoop,whoop,ha,ha,ha,heh,heh,heh, whoop, whoop, whoop. You mean
the Moon isn't real? Nope. Ha, ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop, ha, ha, ha, h~tt, heh, heh,
whoop, whoop, whoop. And what about the Sun? Nope. Ha, ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop,
whoop, ha, ha, ha, heh, heh, heh, whoop, whopp;whtJop. But I'm walking on the Earth, right? Nope, you are
standing on Yom.own mind. Ha, ha, ha,heh,heh,heh,heh,whoop,whoop,whoop,ha,ha,ha,heh,heh,heh,whoop,
whoop, whoop. OK, I'll see you tomorrow? There is no tomorrow. It is happening now, just like yesterday.
Ha, ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop, ha, ha, ha, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop.
What's the time? Whatever you think it is. Ha, ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop, ha, ha, ha,
heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop. No, really, you're joking, right? You're having me on? Nope, it's true,
honest. It's really true? Yeah - if you think it is! Ha, ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop. Ha,
ha, ha, heh, heh, heh, heh, whoop, whoop, whoop.
Hold on, I've got a pain. No, I can't have, pain is an illusion, ha, ha, ha, heh, heh, heh, whoop, whoop,
whoop. Hysterical. But what a wonderful realisation. We are Infinite Oneness. We cannot 'die' and we are
whatever we choose to be for all eternity. Whatever happens we make happen and have the infinite power
to change. My daughter, Kerry, would not think of herself as a philosopher, but she is and she lives her life
by manifesting what she needs whenever she needs it. One of her-gems is: "It's all good and if it's not it will
be because it always is in the end." Perfect.
Infinite love is the only truth; everything else is illusion. Nuff said. Over and out.
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
The purpose of human life, I believe, is to walk the path of this
Great Awakening of Self and to return home to who you once
were (and the place you once knew). My closely held belief is
that newborn children represent perfection and the state of
being to which each of us is duty-bound to return. In the
instant after you were born, you were fearless, pure love,
innocent, infinitely wise, of boundless potential and beautifully
connected with the unseen hand that created the universe. As
a very young child, you were filled with wonder and fully alive
to life. Indeed, at that time you were nearly enlightened (to be
enlightened is to be all light: one who is all light has no shadows,
no dark side, no fears, no anger, no resentments and no
limitations).
 

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
И тогаш поставуваш еден ѕид, велиш, готово, и нема да се повтори, нека биди проголтано од времето, во минатото, како нерефлективен објект, како мало парче земја, како зрно песок над кое се обвиснати секакви потисни материјали (никаква емпатија). Тогаш едноставно само се противи на самиот себе и се колеба дали да верува во себе, во својот дом, а кога станува збор за дома, повторно укажувам, не дома кај твоите туку дома кај себе (кон себе, во себе). Последните зборови летаат од усната празнина како камења и се тешки, безосетно ги испушта како еруптивен материјал и посочува со прсти кон сите околу себе (и кон секој предмет). Подоцна се помирува со фактите и сваќа дека згрешил, но мисли дека е касно, никогаш не е касно, сите сме грешеле и ќе грешиме неизбежно. Под ѕвездениот сјај типот сега добро чита од платното на животот и не се бори повеќе со самиот себе, не ни помислува на минатото. Не жали за работите кои ги поминал, жали за работите кои не ги поминал.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
144
Поени од реакции
12
sekogas imame hrabrost da gi napravime najludite raboti koi mozeme da gi zamislime osven onie koi navistina gi sakame
 

Kajgana Shop

На врв Bottom