Малиот пожарникар Боб
Двадесет и шест годишната мајка гледаше надолу кон нејзиниот син кој умираше од терминална леукемија. Иако нејзиното срце беше исполнето со тага, таа исто така имаше силно чувство на одлучност. Како и секој родител, таа сакаше нејзиниот син да порасне и да ги исполни сите свои соништа. Сега тоа веќе не беше можно.... Леукемија беше главниот виновник за тоа. Но и покрај се, таа сеуште сакаше соништата на нејзиниот син да се исполнат.
Таа ја зеде раката на нејзиниот син, и го праша: "Боб, дали некогаш си размислувал за тоа што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Дали некогаш си сонувал и посакувал за тоа што ќе направиш со твојот живот? "
"Мамо, јас секогаш сакав да бидам пожарникар кога ќе пораснам."
Мајката се насмевна и му рече: "Ајде да видиме дали можеме да направиме твојата желба да се оствари"
Подоцна истиот ден таа отиде во локалната пожарна во Феникс,
Аризона, каде што се сретна со Пожарникарот Сем, кој имаше срце големо колку Феникс.
Таа му објасни последната желба на нејзиниот син и го запраша дали би било можно да му овозможат на нејзиниот шест годишен син прошетка низ целиот блок со пожарното возило.
Пожарникарот Боб и одговори "Види, можеме да направиме и подобро од тоа. Ако го подготвите вашиот син во 07:00 среда наутро, ние ќе го направиме почесен пожарникар за целиот ден. Тој ќе може да дојде до пожарната
станица, да појадува со нас, да излегува со сите повици за пожар, во целиот блок.
И доколку ни ја кажете неговите димензии, ќе набавиме вистинска пожарникарска униформа направена за
него, со вистинска пожарникарска капа, а не играчка, заедно со амблемот на 'Феникс Пожарникарната Служба' на неа, и жолт мантил каков што носиме и гумени
чизми. Тие се сите произведени токму тука во Феникс, така што можеме да ги добиеме многу брзо."
Три дена подоцна Пожарникарот Сем го зеде Боб, го облече во пожарникарската униформа и го придружуваше од неговата болничка постела до пожарникарското возило.
Боб требаше да седне во задниот дел на камионот додека во вратат назад до пожарната станица. Тој се чувствуваше како во рајот.
Имаше три повици за пожар во Феникс тој ден и Боб мораше да излегува на сите три повици. Тој се возеше во различни пожарникарски возила, болничка амбуланта, па дури и во автомобилот на шефот.
Тој исто така беше снимен на видео камера за програмата на локалните вести.
Исполувањето на неговиот сон, со сета љубов и внимание, кои великодушно му беа дадени, толку длабоко допреа до Боб со што тој живееше дури три месеци подолго одколу докторите што мислеа е возможно. Една ноќ, сите негови витални знаци почнаа драстично да му се намалуваат, а медицинската сестра која веруваше дека никој не треба да умре сам, почна да им се јавува на членовите од семејството во болницата. Потоа, таа се
сети на денот кога Боб го помина како пожарникар, па му се јави и на шефот од пожарната и го праша дали ќе биде можно да испрати еден пожарникар во униформа во болницата за да биде со Боб, додека тој го испушта последниот здив. Шефот
одговори: "Можеме да направиме и подобро од тоа. Ќе бидеме таму за пет минути. Ве молам дали ќе може да ми направите услуга?
Кога ќе ги слушнете гласните сирени и ќе ги видите ротационите светла, дали ќе можете да објавите со разласниот микрофон дека нема никаков пожар?
Тоа е само пожарна која доаѓа да го погледа еден од своите најдобри членови за последен пат. И дали ќе можете да го отворите прозорецот од неговата соба?
Ви благодарам ".
За околу пет минути подоцна, пожарникарскиот камион пристигна во болницата, ги прошири своите скалилата до третиот кат кај отворениот прозорец на Боб и 14 пожарникари и 2 пожарникарки се качија преку скалата во соба на Боб. Со дозвола на мајка му, тие го прегрнаа и му кажаа колку сите тие го сакаат.
Со неговиот смртен здив, Боб погледна во шефот и изговори:
"Шефе, дали сега јас сум навистина пожарникар?"
"Да, навистина си", рече шефот.
Со тие зборови, Боб се насмевна и ги затвори очите за последен пат...