Драги пријатели
секако дека мака ме натера да отворам за ова, да барам, да се распрашувам. и ве молам ако некој знае некое искуство или било што слично нека ми пише што поскоро.
Татко ми случајно отиде на матичен лекар,и му кажаа дека не дише со десното белодробно крило, па отиде во државна, на пулмологија, превише го чуваа во неизвесност и на крај му кажаа дека е јако воспаление, а да заборавив да нагласам дека му вадеа вода, имал и во левото но му се исчистило само од себе, всушност од што многу јадел овошје
Е сега, бидејќи не се чуваше, почна да работи кога се врати од болница, му се повтори водата и отидовме во Ре Медика.
Претходно на приватно му правеа анализи му вадеа брис, и му кажаа дека има почетна фаза на канцер ама не е сигурно, и дека е на обвивката не е навлезен внатре.
Тој нема никакви болки, не осеќа ништо, не плука не кашла значи нема никакви симптоми, ама откако му извадија и во ре медика, почна да отекува, му кажаа дека е од воздух при вадење на дрен, ама тој е многу исплашен.
На кратко тоа е па ако некој нешто е запознаен со сличен случај би била благодарна ако сподели.