Каролина Гочева

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.350
Поени од реакции
7.487
Матуфа станала :) Патем календарот е доказ дека со облека изгледа сосема коректно. Баш е за реклама за Стоби Флипс :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Матуфа станала :) Патем календарот е доказ дека со облека изгледа сосема коректно. Баш е за реклама за Стоби Флипс :)
Календарот е доказ дека 'мулти-таленат' ја бива и за пеачка и за моделка, и за глумица во филмови за возрасни
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Од утре официјално ќе биде пуштен во етер синглот Мој је живот моја пјесма,инаку песна која Каролина ја снимаше заедно со Александра Радовиќ,Нина Бадриќ и Маја Сар,а посветена на хуманитарна акција за борба против ракот на грлото на матка кај жените.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
KАРОЛИНА СО ПЕСНА ВО БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Под мотото „Го почнувам животот од почеток“ балканските жени ќе се борат против ракот на матката. Кампањата која во месец јануари ќе ја реализираат во регионот, има за цел да на модерен и современ начин испрати порака до сите жени, да им даде сила и да им каже дека ракот не бира.​


Во рамките на оваа кампања е и најновата песна на Маја Сар, отпеана од незаменливите балкански вокали, Нина Бадриќ, Александра Радовиќ и Каролина Гочева. Песната ќе биде регионална химна и ќе има за цел да пренесе ведра и позитивна порака. Спотот за песната, ќе имате можност да го погледнете утре, ексклузивно во Бекстејџ во 18.40.
Автор на песната е Маја Сар која вели дека доколку заинтригираат и само една жена или девојка, тогаш ја постигнале целта. За останатите три балкански диви, Нина, Kаролина и Александра, учеството во овој регионален проект претставува огромна чест и задоволство. Спотот за песната насловена како „Мој је живот моја песма“ освен во Македонија, утре премиерно, во исто време ќе биде прикажан уште во неколку балкански земји.​
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Мој је живот моја песма



--- надополнето ---

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Мегапопуларната Каролина на новогодишните програми на Сител и Канал 5.
Каролина ќе биде дел од Новогодишната програма на Сител, а пак на канал 5 ќе даваат Хиторама, емисија од МТV Адрија каде Каролина е единствената Македонка која настапуваше. Репризи од емисиите ќе има утре.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Веднаш на интернет клипови :pos2: Каролина кажа дека по настапот на плоштадот во Гевгелија, дочекот ќе го продолжи со дечкото и пријателите.



Утре (недела) Каролина ќе биде специјална гостинка во СЕ ЗА ЉУБОВ на Сител телевизија во 20.50 часот
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Баладите допираат до луѓето и им се врежуваат во срцата


Каролина Гочева по цела година работа, снимање и обмислување на својот најнов проект „Капка под небото“, што го подготвуваше со филигранска прецизност и со јасна замисла како сака да изгледа овој нејзин шести носач на звук, тој конечно се најде во рацете на нејзините обожаватели во Македонија, но и на Балканот. Албумот од нејзините претходни плочи се разликува во квалитетот на продукцијата и по начинот на кој таа ги доживува композициите. Се разбира, нејзината интерпретација е уште позрела, затоа што поминаа цели пет години од излегувањето на последниот поп-албум на Каролина.


ИНТЕРВЈУ: КАРОЛИНА ГОЧЕВА, ПОП-ПЕЈАЧКА
Задоволна ли си од „Капка под небото“, од неговиот звук, изборот на песните, од твојата интерпретација, од соработниците...? Какви се првите реакции што допираат до тебе од оние што веќе го преслушале албумот?
- Би била вистинска лудост кажам дека по толку долга работа не сум задоволна од крајниот резултат. Се работеше без никакви временски и стилски ограничувања, едноставно го избрав она што сметав дека најмногу ми одговара, а реакциите на слушателите ми потврдуваат дека сум го направила вистинскиот избор на песни. Се работеше и повеќе од една година, всушност 2010 година комплетно му беше посветена на „Капка под небото“ и мојот албум ќе ми биде прва асоцијација на годинава што изминува.
Во едно неодамнешно интервју за еден српски весник изјави дека сега веќе не си девојченце, туку жена која добро знае што сака. Колку промената на твојот начин на живот влијаеше и на твојата музика, на интерпретацијата?
- Па јас тоа го изјавувам веќе 4-5 години, не знам зошто сé уште мора да постојат споредби со мене сега и кога сум била девојче. Сите ние некогаш сме биле деца, тинејџери и многу е нормално со годините да се менуваме. Така е и кај мене, како што поминувам низ промени во секојдневниот живот, така се менува и мојот став кон она што го работам, она што сакам да го изведувам. Некогаш сум сакала друг стил на музика, а сега најмногу ми се допаѓа она што во моментов го изведувам... Животот е составен од промени, некои се убави, а некои не се... Важно е да научиме да се носиме со нив, без разлика дали во моментот ни одговараат.
Кој го избра насловот на албумот и тебе лично која ти е првата асоцијација кога ќе се каже „Капка под небото“?
- Некако едногласно беше избран тој наслов како најмаркантен, како најсимболичен, а и тоа е првата песна што беше избрана да биде дел од албумов уште пред 4 години. Текстот е тажен, типичен женски, како и сите други текстови на албумов, но токму тоа ги прави песните полесно да допрат до слушателите. Всушност, текстовите настануваа подолго време и во различни периоди. Се разбира дека некои се совпаднале со моите приватни ситуации во некој одреден момент, но ништо не било намерно, туку тоа е само затоа што и јас како и сите други девојки сум била и среќна и тажна и осамена и вљубена и разочарана... Мојот живот не се разликува многу од животот на која било друга девојка или жена што ја познавам.
Нумерата „За година-две“ веќе е многу популарна и сакана од публиката, а многу брзо обожавателите ја прифатија и „Не се враќаш“, каде што гостин ти е нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски. Дали можеби баладите би можеле да станат твој заштитен знак, песни во кои си вистинската ти?
- Па мене отсекогаш ми лежеле баладите и сум уживала додека ги изведувам... Мислам дека и генерално најголемите хитови се балади, најлесно ги допираат луѓето и им се врежуваат во срцата.
На плочата соработуваш и со Евгени Димтров од Бугарија и со Скај Виклер од Србија. Зошто изборот падна токму на нив?
- Евгени Димитров е мој долгогодишен пријател од Бугарија, кој е маестро во својата работа, многу популарен во својата земја, познат како шеф на бендот на бугарскиот најпопуларен шоумен Слави Трифунов. Преработивме две песни на кои се потпишува Евгени, а интересно е што преку него го запознав и Миро, кој се потпишува на „Сите тие дни“. Со Скај Виклер се запознавме на „Операција триумф“, па така се роди соработката.
Во последно време твојот убав изглед често го забележуваат фотографите на разни фотосесии, а те видовме во едно еротско издание и на насловната страница на македонската верзија на „Плејбој“. Сепак, не ја преминуваш границата на добриот вкус, не одиш предалеку. Какви се реакциите на обожавателите?
- Порано не го истакнував изгледот затоа што јас пораснав во едно друго време и мене ми беше несфатливо на 18 години да правам провокативни фотографии, не ми беше таква целта ниту, пак, околината. Во меѓувреме се појавија многу млади пејачки, кои кариерата уште од самиот почеток ја базираат на своето деколте. Јас почнав со попровокативен стајлинг тогаш кога мислев дека ми стои и кога сметав дека тоа можам да го изнесам. На мојот изглед работи цел тим и се внимава до која граница се оди.
Дали некогаш се поколеба што одлучи таа да биде твојот живот, прибежиште и засолниште кога ти е најтешко, твој свет како што пееш во твојата евровизиска песна?
- Сите ние имаме моменти кога сакаме да излеземе од сопствената кожа, па нормално е дека и јас на моменти би се менувала со кого било со нормален живот и работа од 8 до 16 часот... Но тоа ме држи кратко затоа што ја сакам мојава работа и вистина е реткост човек да може да го прави она што вистински го привлекува.
Дали имаш чувство дека токму сега твојата врска со публиката е најсилна и оти конечно паднала и последната бариера меѓу вас. Очекуваш ли дека веќе ќе престанат коментарите од типот „Каролина е студена, резервирана, недопирлива...“?
- Со такви коментари не се заморувам ниту, пак, често ги среќавам. Искрено, никој никаде не ме опишал на тој начин, освен некои злонамерни ликови кај нас во Македонија, кои секако мора да постојат во животот на секоја успешна личност. Секојдневно комуницирам со мојата публика, сите што сакаат нешто да ми кажат комуницираат со мене преку официјалните имејл-адреси и фејсбук-профили. Кај нас се поместени границите на нормалното во многу работи, па така и во естрадата. Се ценат и величат лажни вредности, надувани тиражи, секој секого го озборува, секој за секого; знае, а никој не гледа како е во неговиот „двор“.
Последната измислица во врска со тебе беше дека си доживеала сообраќајна несреќа! Навистина морбидно, а пласирано на една од најгледаните телевизии. Како се справуваш со измислиците и дали сé уште ги игнорираш многуте глупости што се пишуваа за тебе?
- Не постои друг начин освен да не обрнуваш внимание и да си го тераш животот најнормално што можеш. Трачовите поминуваат според онаа изрека „секое чудо за три дена“, освен нормално кога се работи за вистина, па тогаш подолго се пишува и зборува за нив... Последнава вест што ја спомнуваш, навистина малку ја помина границата. Без разлика дали била вистинита или не, тоа не е нешто со кое некој би требало да се пофали или рекламира и покрај тоа што некои мои колеги ја пријавуваат секоја гребнатина. Начинот на кој беше презентирана беше многу вознемирувачки за мојата фамилија. Единствено, жал ми беше за нив, затоа што ужасно се потресоа без разлика што веднаш им јавив дека е сé во ред.
Очекуваш ли дека овие „капка радост, музика и позитивни вибрации“ што ги подаруваш со својот нов албум, ќе ти донесат најголема популарност досега на Балканот?
- „Капка под небото“ не е правен со цел да се постигне уште поголема популарност или да им се допадне на сите... Работен е со многу љубов и тука нема многу место за размислување дали тоа што сме го направиле ќе се допадне некому или не. Најважно е да го сакаш проектот и да веруваш во него. Тоа е единствениот начин да допреш до народот.
Дали и приватно планираш да си го смениш животот, размислуваш ли за брак, деца?
- Се разбира дека размислувам на таа тема, но тоа не ми е преокупација. Никогаш не сум била оптоварена со тоа кога ќе се мажам, дали ќе се мажам, каква свадба ќе правам и каква венчаница ќе облечам. Нормално дека размислувам и за мајчинство, но не сакам ништо да планирам бидејки во мојот живот никогаш ништо не излегло според планот.
Кога на полноќ се поклопија стрелките, што им порача на сите оние што славеа на плоштадот во Гевгелија заедно со тебе?
- Само да бидат што поблиску до оние што ги сакаат, да одделуваат што повеќе време за семејството и за оние што им се важни, да не забораваат на своето здравје и да научат да ги растеруваат негативните мисли.


Автор: Марија Таушанска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom