- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.692
- Поени од реакции
- 15.599

Карлингот полека, но сигурно станува доста популарен зимски спорт, а тоа највеќе е по заслуга на Еуроспорт со преносите од СП и ЕП кои се одржуваат секоја година, барем кога се работи за Балканот.
Канада е водечка сила во овој спорт, барем кога се работи за мажите, во женска конкуренција на Олимписките игри највеќе злата има собрано репрезентацијата на Шведска, воедно овие две репрезентации на овие игри во Сочи ќе имаат можност да ги бранат медалите освоени во Ванкувер 2010.

На Олимписките игри овој спорт датира од игрите во Шамони 1924 година, но потоа има пауза од 1928 до 1994 година, од Нагано 1998 повторно е во спортовите кои се активни на игрите, на таа Олимпијада се приклучуваат и жените.
Шкотска е земјата каде е започнато да се игра карлингот, но Канада е најтрофејна, тие имаат и највеќе регистрирани спортисти кои се занимаваат со овој спорт.
Натпреварувачите (4 натпреварувачи / 2 тима) се натпреваруваат на терен долг 44.5 метри, широк 5 метри, понекогаш -/+ зависи од салата. Тежината на каменот највеќе достигнува до 20 килограми.
Се игра во ендови, кај нас асоцијација за тоа е тенискиот гем, највеќе поени во еден енд може да се освојат 8, а тоа значи дека во секој енд се лизгаат по 8 камења. Екипата која каменот го излизгала најблизу до центарот освојува поен.
Распоред на натпреварите во двете категории..
Овој спорт во Сочи ќе се одржува во Ice Cube Curling Center, капацитет на арената 3000 гледачи.
Еве и зошто во последните неколку години овој спорт е толку актуелен..



