Правила и Услови за користење на Интернет и Мобилна ТВ на Лига на Шампиони
1. Следењето на натпреварите од Лигата на Шампиони преку сајтот на Канал 5, е ограничен само на корисници кои се вклучуваат на сајтот од Република Македонија. Тоа значи дека сајтот ќе ги пропушта само оние IP адреси кои доаѓаат од Република Македонија
2. Натпреварите кои ги емитуваат Канал 5 и Канал 5 ПЛУС на своите терестријални/кабелски канали , се емитуваат преку сајтот : ucl.kanal5.com.mk . Истите користат т.н. стриминг, и се бесплатни за сите оние кои се опишани во точка 1.
3. Натпреварите кои не се емитуваат во директна форма ( директен пренос ) на Канал 5 и Канал 5 ПЛУС на своите терестријални/кабелски канали , се емитуваат преку Интернет сајтот : ucl.kanal5.com.mk. Од таму , користење на соодветен линк, ќе бидете префрлени на друг сајт, хостиран од UEFA. Овие натпревари не се бесплатни и за нивно следење постои одредена тарифа која изнесува 2,5 евра + ДДВ ( по натпревар ).
4. Сите натпревари од Лигата на Шампиони ќе бидат достапни преку мобилниот сервис на UEFA , почнувајќи од 15ти Септември 2009та година. За користење на таа услуга, неопходно е корисниците да имаат мобилен апарат кој поддржува 3G Мобилна технологија. Сите натпревари од Лигата на Шампиони опишани во оваа точка не се бесплатни и за нивно следење постои тарифа која изнесува 1,5 евра + ДДВ ( по натпревар ).
5. Начинот на плаќање на услугата опишана во точка 3. е дефинирана од UEFA. Плаќањето се врши исклучиво и само преку трансфер од Кредитна Картичка ( Мастер или Виза ). УЕФА гарантира за заштита на податоците на корисниците
6. Секој корисник на услугите на Интернет или Мобилен сервис за следење на натпревари во живо, споменати и во точка 2 и точка 3., независно дали е правно или физичко лице, разбира и прифаќа дека истите ( материјалите ) ќе бидат користени за приватни ( сопствени ), НЕКОМЕРЦИЈАЛНИ цели. Истите нема да бидат разделувани во ниедна форма, ниту продавани, или користени на некој друг електронски медиум или Интернет или други Мобилни апарати. За прекршување на оваа одредба, UEFA и Канал 5 Телевизија, ќе побараат правна заштита во Институциите на Република Македонија и релевантните земји од Европската Унија.