Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

Krkiroma

NOMEN EST OMEN
Член од
30 декември 2008
Мислења
736
Поени од реакции
22
Тој беше старот што окментираше на МТВ?
ШАкири и голллллллллл. Кога се спулави за голот од корнер на Шакири.
Не знам дали беше баш он кога го даде Шакири голот, ама знам дека кога беше на Светското во Франција Шукер го викаше Шурјак.
 
F

fantomX

Гостин
Арно напраеле, особено за УЕФА Куп или УЕФА Лига или како и да се вика од наредната сезона или пак од сезоната потоа. Не знам колку ќе има на Канал 5 плус, да не биди колку на А2 шо имаше Премиер Лига или пак колку шо има Примера на Сител 3.

Само Миленко да не коментира, доволен е еден „буреко-“ или ко шо рече некој погоре „гомнојадач“ во етеров. :)
Миленко мож да си коментира пријателски ко Јанката, натпревари без никакво резултатско значење и тензија, ама не можам да слушам таков „коментар“ на натпревари од ЛШ.

Тој со Шаќири да не беше Зоран Михајлов? И тој кај бурекџијата е сега.
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Зависи од тоа колку ќе вложат во опрема за подобри преноси, и кој коментатори ќе ги соберат за коментирање на натпреварите. Џабе наша тв што зима квалитетни пријателски кога ќе го слушнам оној дебилот Јанко што не го знае Меси како излгеда а земал да коментира ми се одмилува. Зошто не се најде еден коментатор како Љубомир на времето што водоеше НБА, да коментира асално фудбал.

Неможам да коментирам колку ќе биде добро ова се додека не се види целата екипа што ќе работи на проектот.
 
А

Адриано

Гостин
некна меси дрибла и јанко коментира
меси, Меси,,, МЕСИИИ иии Меси се размеси:tapp:

Инаку ова е најдобрата вест што ја слушнавме во последно време од нашите медиуми!
уште поубаво е што канал 5 и пет плус ке пренесуваат така да ако има две квалитетни утакмици истовремено немора да чекаме снимка и да се криеме од резултатот како претходно на мтв
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Телевизиите Канал 5 и Канал 5 Плус ги откупиле ексклузивните телевизиски права за емитување во Македонија на натпреварите од Купот на УЕФА и од Лигата на Шампиони, дознава Спортнет.
Нашите информации велат дека овие две скопски телевизии ги откупиле правата за три сезони за овие две престижни фудбалски натпреварувања. Според изворите на Спортнет, станува збор за вкупно околу 300 фудбалски натпревари и тоа за сезоните 2009/10, 2010/11, 2011/12 година.
Од Канал 5 и Канал 5 Плус ја потврдија информацијата на Спортнет и додадоа дека за таа цел набавиле комплетно нова опрема за на гледачите да им овозможат квалитетен сигнал и квалитетна слика при следењето на натпреварите. Според нив, вљубениците во најважната споредна работа на светот од идната сезона ќе можат да уживаат во многу новитети при следењето на фудбалските натпревари од Купот на УЕФА и од Лигата на шампиони. Сумата пак, за која се откупени телевизиските права, од овие телевизи велат, дека засега ќе остане тајна. Раководните лица на Канал 5 и Канал 5 Плус за Спортнет рекоа дека комплетните детали за зделката ќе ги соопштат по 2 јуни, годинава, бидејќи тогаш и официјално завршуваат натпреварувањата од овие два фудбалски купа на УЕФА за оваа сезона.


Извор: www.sportnet.com.mk


Феноменално нешто, повеќе ми е за Купот на УЕФА кој досега се мачевме да го гледаме по другите канали, а сега ќе го имаме на македонски. За Лигата на Шампионите се надевам нема да коментира женската од А1, ниту пак тој што коментираше алпско скијање, претерано заспан.
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Супер, замина и единствената работа која ја гледав на МТВ, сеа конечно може да ја ставам најназад :)

Имаше еден добар коментатор на Канал 5, тој шо коментираше Зенит-Манчестер, како за прв пат добар беше, тој младиот мислам дека е, шо чита спортски вести, на Миленко не верувам да му дадат да коментира, он ја работи Ф1 поради “стручноста„ која наводно ја имал.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.443
Поени од реакции
22.056
Супер работа...Уште НБА да даваа на некоја телевизија..
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
АЛЕЛУЈА СЕ СЕТИЈА!!!!

Како е ова возможно??? МТВ ја имав меморирано на некоја 45 бројка од даљинското само заради таа лига на шампиони. Сега, откако се откажаа од СИТЕ спортски преноси, слободно нека се носат. МТВ во живот нема да гледам.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
ОФ ТОПИК: Мислам дека на Алфа давааат, ама немам гледано. :)
Даваат еден натпревар неделно премалку!

Онтопик- Мислам дека ова што Канал 5 ги откупи правата може само да иде на подобро, а за коментаторите со тек на времето ке се подобрат и ке бидат доведени нови подобри, затоа што не верувам дека не подготвени ќе влезат во ваков проект.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.579
Поени од реакции
2.564
А бе има еден битолчанец,на Тера телевизија порано го коментираше италјанското првенство,сеа има некоја спортска емисија...
Иначе мноогу добар дечко,да ти е кеф да го слушаш,информации колку сакаш,жива енциклопедија е.Убаво ке направат него ако го ангажираат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.652
Поени од реакции
5.331
Јас мислам дека е добра идејава..Канал 5, е приватна телевизија, и веројатно ќе проба да направи нешто што е прв пат видено во Македонија, за да привлече што е можно повеќе гледачи..Супер е што имаат откупено права и за УЕФА Купот, нешто што не беше случај со МТВ 1!! Така да ќе гледаме и УЕФА Куп:zlo:

Инаку за покриеноста на телевизијата не можам да најдам на интернет страната, но согласно со Законите, мислам дека за една Телевизија да е државна таа треба да ја покрива со сигнал 98% од државата!!
 
П

Паган-др

Гостин
некна меси дрибла и јанко коментира
меси, Меси,,, МЕСИИИ иии Меси се размеси
:tapp:

Инаку ова е најдобрата вест што ја слушнавме во последно време од нашите медиуми!
уште поубаво е што канал 5 и пет плус ке пренесуваат така да ако има две квалитетни утакмици истовремено немора да чекаме снимка и да се криеме од резултатот како претходно на мтв
ГОЛ ГОЛ ГОЛ ГОЛ ГОЛ офсајд :tapp:

Еве уште една причина зошто да не гледам више МТВ. Тоа студиото ми е толку бош. Да се надеваме на добри преноси, добри коментатори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom