Јас кампував двапати летово во Грција.
- Првиот пат
Пиерија (потег Паралија, Лептокарија, Неа Пори)
Митикас кампинг 14еур од вечер, без разлика колку луѓе, наплаќаат само кампинг место.
Евридики кампинг 13еур од вечер исто така без разлика колку луѓе, наплаќаат само кампинг место.
Оатанатите кампинзи накај Платамона и пред неа се поскапи (доаѓаат и по 35еур за вечер)
- Вториот пат бев
Ситонија (среднито крак на Халкидики)
СИКИЈА Кампинзи (7км јужно од Сарти):
Мелиси кампинг 27еур од вечер 4 лица, 2 шатори и колата (без струја, струја си користевме од тоалетите за фен, полначи и сл,... не ни требаше за друго)
http://www.camping-melissi.gr/index.php/en/
На овој дел има доста кампинзи, тука некаде се со цени (Платаници, Пицони, Катерина, ...)
http://www.e-camping.gr/makedonia/halkidiki/267-platanitsi-camping
http://www.camping-pitsoni.gr/
http://camping-katerina.gr/index.php/en/
имаш и на запарниот дел кампинзи меѓу Неа Мармара и Торони на југ. Тие се малку поскапи. (Ставрос, Митари, Кастело,..)
Е сега, да ти кажам за главното прашање,
див кампинг на Ситонија.
-Прво-, нелегално е во Грција да се кампува на диво, казна е и до 300еур, АМА, под кампување грците подразбираат распиштолување со камп приколки, тенди скари и остали тракаташки покрај плажа повеќе денови, а не преспивање во мало шаторче.
-
Второ-, на Ситонија има две места кај што бев каде имаше диви кампери, што ги толерираат.
- Orange Beach (Portokali)
16km пред Сарти, скоро и да нема знак, полека возење има натпис покрај патот ама лесно може да се утне.
http://mocochocodotcom.files.wordpress.com/2012/08/kavourotrypes_chalkidiki.jpg
- Kavourotripes нема знак ама има покрај патот има голем импровизиран земјен паркинг меѓу дрва и доста возила, така ќе го познаеш. Тука е гунгула, диви кампери, гласна музика, дечишта,.... ама глетката е преубава, Малдиви.
http://lifethinktravel.com/wp-content/uploads/2013/09/Kavourotripes1.jpg
***двеве места лесно ги мешаат и двете ги нарекуваат Портокали, слични се ама не се исти, раздалечени се 10км. И двете се на источна страна помеѓу Арменитис и Сарти. На овие две места сигурно нема да имаш проблем од надлежни, може само од други диви кампери, оти ги има доста
***
-
Трето-, не видов полиција низ цела Ситонија никогаш, мислам дека и воопшто нема
-
Четврто-, на дививе камп локации нема ништо, ама буквално се треба да си носиш, а најважно е вода да имаш доста.
Кога ќе поминам други кампинзи ќе пишам за искуство.
Поздрав, Виткор.