Калиопи

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Jaс искрено не ја мразам, сепак Обои ме, Месечина, Ако денот ми е ноќ според мене се едни од најубавите песни во македонската музичка историја и тоа не е за фрлање. Но веќе неколку години откако женава стана најголема демек хуманистка, дама со своја пропдукција, глумица и сл. ми стана одбивна, зашто е тоа непотребно лигавење, преувеличување, зашто е таа суета, гордост, самобендисаност, зашто не с еврати онаа калиопи која ги испеа Месечина и Обои ме?
За жал, последниве години има најлоши песни во кариерата, а се бламира и со некои изјави кои ги сфативме позади нвината задна намера
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи го заврши снимањето на албумот со Карамазов

Минатата недела, во Загреб, Калиопи го заврши снимањето на албумот со светски познатиот лаутист Един Карамазов, наменет за светскиот музички пазар. Снимањето се одвиваше во студиото "Морис" на музичкиот продуцент Миро Видовиќ. На албумот ќе се најдат 11 светски познати музички теми во аранжмани за барокна лаута, гитара и глас. Албумот ќе биде објавен до крајот на годинава, а ќе биде промовиран со концерт на Калиопи и Един Карамазов.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Калиопи го заврши снимањето на албумот со Карамазов

Минатата недела, во Загреб, Калиопи го заврши снимањето на албумот со светски познатиот лаутист Един Карамазов, наменет за светскиот музички пазар. Снимањето се одвиваше во студиото "Морис" на музичкиот продуцент Миро Видовиќ. На албумот ќе се најдат 11 светски познати музички теми во аранжмани за барокна лаута, гитара и глас. Албумот ќе биде објавен до крајот на годинава, а ќе биде промовиран со концерт на Калиопи и Един Карамазов.
Ова ми се допаѓа. Особено ако е навистина наменет за светскиот пазар, посакувам голема продаваност. Можеби нема да заврши како мегапопуларна работа бидејќи ова не е поп албум или албум кој содржи било каков друг популарен жанр музика, но секако дека ќе има публика која ќе го слуша со задоволство.
 

Ошо

I like to disturb people.
Член од
23 септември 2009
Мислења
73
Поени од реакции
5
Добра е ....(само малку крека)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
прекрасна жена каков глас има навистина сум фасцинирана...
се воодушевувам од нејзините гласовни можности. се прашувам само како успеа да издржи два ипол часовен концерт со само еден придружен вокал...тоа навистина не е за потценување и небеше ниту мн задишана...
едино не ми се свиѓа да ја слушам кога ми дрдори неш таму кога цимулка само плаче нешто досадна е али што е моќна жена моќна е...
месечина, бато, грев,кога проклето ти требам, не...и уште мн други
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
има добар глас, тело има ужас ама затоа пак фаца................................................................катастрофа :jaj:

шала настрана добра е жената што и фали
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Што би рекло едно мое многу добро другарче за неа "остајте ја неа, она е уметница!" :pos2:
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Насловната тема "Обливион" од истоимениот албум на Калиопи и Един Карамазов,
станува збор за легендарната музичка тема на Астор Пјацола "Обливион", во аранжман за електрична гитара и глас. За оваа тема ќе биде снимен и видео спот, кој ќе биде промовиран по официјалната промоција на албумот во Скопје.

СЛУШНЕТЕ ДЕЛ ОД ПЕСНАТА

http://www.kaliopi.com.mk/WBStorage/Files/Oblivion%201.15sek%20%28ZA%20WWW%29%20%28MP3%20128%20kbps%29.MP3
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
сакам да прашам дали некој знае каде можам да го купам оригиналот од албумот `Не ми го земај времето` од Калиопи, мислам дека во Скопје во музичките продавици го нема... Однапред благодарам!
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Промоција на Oblivion на Калиопи и Карамазов

Официјалната промоција на долгоочекуваниот албум Oblivion на првата дама на македонската поп-музика Калиопи и светски познатиот гитарист и лаутист Един Карамазов, ќе се оджи на 4-ти ноември (среда) во Салонот на Македонската Опера и Балет.

Промоцијата на албумот ќе биде означена со ексклузивен концертeн настап на Калиопи и Карамазов, на кој во живо ќе бидат изведени темите од албумот.

Овој заеднички музички проект на Калиопи и Карамазов наменет за светскиот музички пазар е подржан и од Министерството за култура на Република Македонија како проект од национален интерес за културата и уметноста и нејзината промоција во Европа и светот. На албумот Oblivion ќе се најдат 11 светски познати музички теми на 9 јазици, во аранжмани за барокна лаута, гитара и глас, од кои 9 се вокално-инструментални, а 2 инструментални теми.

На македонскиот музички пазар албумот ќе се најде кон крајот на следната недела, а истовремено ќе биде објавен и на музичките пазари во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
 
S

smart ass

Гостин
...(одненадеж,имаме интервју)

се слуша плач,проследен со уста до уши,налик


плачот продолжува...баааааа...ја сакам...ја сакам Македонијааааа-боооо бааааа..шамивчето и два шамара(само освестување)..:vozbud:

Јас..јааасссс ве сакаМММ ситееее баааааа ...мамоо ихиии ааааа:pos2::pos2:

Многу е емоционална у ова интервјуата:toe:
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Незаборавна вечер со Калиопи & Карамазов

Постојат работи кои на луѓето им се случуваат секојдневно, па со текот на времето стануваат дел од нивното вообичаено живеење, а постојат и други нешта, кои остануваат запаметени цел живот.

Една од тие работи се случи синоќа, во салонот на Македонска Опера и Балет, каде македонската поп-дива Калиопи, и нејзиниот брат по душа – Един Карамазов, концертно го промовираа заедничкиот проект Oblivion, кој претставува нова страница во кариерата на првата дама на нашата музика.


Имено, албумот Oblivion, кој е веќе дистрибуиран до сите музички продавници во Македонија, а се продава и во салоните на Тобако – Together (по цена од 599 денари), е колекција составена од песни од авторите од Јужна Америка – Бразил, Аргентина, но и од Јапонија, Канада, Европа..., аранжирани за акустична гитара, лаута и глас. Тука е, секако, насловната Oblivion, од легендарниот Пјацола но и Hallelujah, најголемиот хит на Леонард Коен, и Imaginе на Џон Ленон, која беше изведена само инструментално – со две гитари... Се работи за проект кој освојува на втора топка, кој е далеку од се што е естрадно, површно и извикано... Несомнено, нешто што на Калиопи ќе и отвори многу нови врати во животот и во кариерата...



На незаборавната вечер на Калиопи & Карамазов, пред полниот салон на МОБ, на која присуствуваа многу нејзини колеги од естрадата (Ребека, Елена Ристеска, Ламбе, Славе Димитров, Тамара, Деан Ќурчиев од Никеја, композиторите Дарко Димитров, Кире Костов...), луѓе од политичкиот и јавниот живот на Македонија, претставници на бизнис-елитата..., како гости на сцената се појавијаи нашиот ценет контрабасист Велко Тодевски и младиот хрватски гитарист Дарко Пелужан.


По секоја изведба, Калиопи & Карамазов и нивните гости, кои ги следеа во неколку композиции, беа наградувани со силнен аплауз и овации, а кулминацијата дојде на крајот, со изведбата на монументалната македонска традиционална песна Со маки сум се родила. Бисот, пак, беше повод за уште една изведба на носечката тема од албумот...

Во неформалното дружење по промотивниот концерт, на кој беше исполнет комплетниот репертоар од актуелниот албум Oblivion, кој допрва ќе биде претставен во регионот, а и пошироко, за насловната тема беше промовиран и видео-спот, во режија на Дејан Милиќевиќ, a претставниците на седмата сила, на кусата прес-конференција, имаа прилика да зборуваат со Калиопи & Карамазов за овој извонреден проект.
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи на компилацијата "Милиграм"

Калиопи сними песна за компилацијата "Милиграм", на српскиот композитор и продуцент Александар Милиќ – Мили. Десет најголеми музички ѕвезди од Балканот снимија по една песна за компилацијата. Покрај Калиопи, на цедето пеат и Северина, Жељко Јоксимовиќ, Жељко Самарџиќ, Јелена Розга, Ален Адемовиќ, Саша Матиќ, Младен Војичиќ – Тифа, Емина Јаховиќ и Милена Вучиќ. Компилацијата "Милиграм" на музичкиот пазар ќе се најде на 15 декември.




__________________________________________________________________________




Голем попуст на сувенирите на Калиопи

По повод божиќните и новогодишните празници, 30 % попуст на сувенирите со ликот и потписот на Калиопи во Југотон и McDonald's.

Попустот ќе трае од 1 до 31 декември во продавницата на Југотон во ГТЦ и во сите ресторани на McDonald's низ Македонија. Колекцијата на сувенири насловена како "Verse for Kaliopi" содржи шољи, маици и плакати со ликот и потписот на големата музичка ѕвезда и за прв пат беше промовирана на големиот солистички концерт на Калиопи во Метрополис Арената на 14 февруари.

Калиопи & Карамазов промовираат во Загреб

На 9-ти декември, со концерт во загрепскиот Куклен театар, Калиопи и Един Карамазов ќе го промовираат Oblivion пред хрватската публика. На концертната промоција Калиопи и Едо ќе ги изведат во живо темите од новиот албум.

На промоцијата ќе присуствуваат претставници на сите релевантни хрватски медиуми, како и голем број гости од музичкиот, културниот, политичкиот и дипломатскиот живот во Хрватска.

На хрватскиот музички пазар албумот излезе под етикетата на дискографската куќа Хит Рекордс од Загреб и е веќе во продажба во сите музички продавници низ Хрватска.

По промоцијата во Загреб, проектот Oblivion ќе биде претставен и во другите регионални центри – Љубљана, Сараево, Белград, Цетиње...










http://mmm.com.mk/?ItemID=6A53286C16DFDE4487A719A04B64640B
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Ортакувам со ризикот



Заедничкиот проект со Един Карамазов носталгично наречен „Обливион“ беше предизвик за интервјуто со Калиопи

За почеток, морам да забележам - поубава си од кога било. Ослабена, освежена и многумина коментираат дека личиш на својата „помлада“ сестра. Можеби овој начин на шминкање ти дава сосема поинаков израз, а и среќата најчесто се гледа однадвор... Која е твојата приказна?

- Нема посебна тајна, пред се', тоа се гените што ги носам. Кај нас постои правилото - со годините идат убавините! Можеби најмногу за овие комплименти треба да му заблагодарам на Карамазов, кој инсистираше да имам минимален мејкап на последната фотосесија со Миличевиќ.

Тој им рече на моите стилисти дека морам да изгледам поприродно и така и бидна. Сега сум и јас посреќна, бидејќи, конечно, сфатив зашто луѓето отсекогаш реагирале на мојата појава во живо, колку екстремно се разликува од она што можат да го видат на телевизија. Секако, ослабена сум, внесена во својата работа која ме прави исклучително задоволна и среќна и, се разбира, покрај мене и со мене е човекот што го љубам...



Многубројни комплименти што ги добиваш деновиве во врска со новиот проект со Един Карамазов по скопската промоција бара постојани патувања, ангажмани... Ти годи ли темпото, како понатаму живее албумот?

- О, да! Ми годи сето тоа и ми прави да се чувствувам млада. Така знам дека сме направиле вистинска работа. Патувањата умеат да бидат напорни, но толку многу ја сакам оваа работа што тоа за мене не претставува тежина.

Моментно мојата агенда е напумпана со термини надвор од земјава, пред се', поради следните промоции, како и со концерти, но сето тоа е придружен дел од она што го работам и не ми претставува проблем.



Се доживуваш ли во национална смисла, особено доколку албумот почне да живее и надвор од екс ЈУ-просторите? Колку си приспособлива кон ново и непознато?

- Можам лесно да се приспособам, но за мене моето дома останува Скопје.

Моите менаџери веќе размислуваат за тоа да ми предодредат уште барем најмалку два европски града во кои би имала свое прибежиште, бидејќи на тој начин сакаат да ме одморат од постојаните долги патувања и на некој начин да ми го олеснат патот што допрва ме чека.



Сите ние сме дефинирани и од средината од која доаѓаме. Колку и во што влијаеше Скопје на тебе?

- Хммм... можеби тука следува една мала исправка... Не е само Скопје средината во која го минував животот. Детството го поминав во Кичево, а таа средина го дефинира токму темелот. Подоцна како адолесцент ги имам првите допирни точки со Скопје, кои не биле секогаш лесни и разбирливи.

Бидејќи доаѓањето од мал град во голем не е секогаш едноставно и лесно.

Но, Скопје ме научи како да се изборам за себе, што подоцна ми користеше многу при моето живеење во Швајцарија, која, пак, ми помогна да сфатам кои се моите вистински вредности и приоритети и ме врати назад дома каде што најмногу припаѓам.



Хиперсензитивна каква што си, верувам, не можеш да работиш со некого што не ти е сличен. Токму затоа - каков човек е Един? Се знаете десетина години, другарувате и семејно. Во што се надополнувате, имате ли слична енергија? Тој ми изгледа како сосема предаден кон музиката, претпоставувам и непрактичен. Раскажи ни нешто за таа релација?

- Един не е човек што може лесно да се опише, тој мора да се доживее, ако не приватно, барем најмалку на сцена. Колку што сме слични по емоција и доживување на нештата, како и музиката, толку умееме и да сме различни во однос на некои наши доживувања на надворешниот свет. Но, учам од него, бидејќи бескрајно му верувам и знам дека никогаш нема да ме изневери како човек. Тој целосно и' е предаден на музиката додека е надвор од своите четири ѕида, но кога е дома, неговиот свет е неговото семејство, кое за него претставува светост.



Заедничкиот албум „Обливион“ значи желба, потреба, посебни песни, не сакам да ги наречам евергрини, да се зачуваат од заборав. Која ти е особена, по твоја мерка, и со оглед на тоа што пееш на неколку јазици, кој особено ти одговара, го чувствуваш како свој?

- Токму така. Овој албум во мала слика го претставува светот во кој ние двајца најсигурно чекориме. Бидејќи тој нас не' прави исклучително среќни луѓе и ни дозволува повторно да го оживееме детето во нас, нашата првична мисла беше дека тој свет мора да се зачува и да остане како наследство за секој еден што ќе го допре на ист начин, како што не' допре нас.

Сите песни ми се исклучително драги и тие неделиво се особено важни за целоста на музичката слика што сакаме да ја доловиме. Најинтимно сум врзана за легендарната тема на Леонард Коен – „Халелуја“.



Периодот на создавањето на албумот го замислувам поетично, инспиративно... Онака, натенане, со многу енергија, зборови меѓу редови... Имаше ли точки во кои со Един не бевте истомисленици во однос на музиката? Всушност, иницијативата потече од него...?

- Поетично и инспиративно - да, но имаше тука и многу откачени и луди моменти, кога не знаевме што попрво со себе, бидејки атмосферата во студиото ја надополнуваше уште едно лице, нашиот тон-мајстор Миро Видовиќ, кој има неверојатна смисла за хумор, а истовремено неверојатно креативен човек. Миро ни го даваше сето она што на моменти ќе ни недостигаше на двајцата. Тоа е навистина мошне важно при ваков процес на работење. Инаку, што се однесува до песните, бидејки жанровски се тотално различни една од друга, Един има обичај да се пошегува со новинарите дека за еден ваков проект нормално би му требале седуммина пејачи, но, на крај, решил дека многу поекономично е да најде еден пејач што ќе може да отпее се!

Никогаш не претерувал со делење комплименти, но секогаш умеел на вистински и оригинален начин да го каже она што го мисли за луѓето со кои работи и што му значат.



Интересен податок е што ти е ова прв проект поддржан од Министерството за култура. Има ли оваа институција исти аршини за сите?

- Ееее... и мене ми беше интересно за сите овие години кога и од својата поп-музика се трудев да создадам посебна вредност , која за многумина беше уметност. Кога надвор од својата земја доживував епитети со кои се обележуваат само вистински уметнички вредности, во мојата земја неколкукратно бев одбивана за мои проекти од областа на културата да бидат поддржани од државата. Ова е прв пат во мојата долгогодишна кариера мој проект да биде поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Па, ако досега сум била дел од купот, тогаш е очигледно дека нешто е сменето, барем во перцепцијата на нештата што се од суштинска важност за нашата култура и за нејзиното претставување во светот.



Знам дека напоредно работиш и на албумот што треба да излезе следната година, а досега единствено се немаш обидено во рапот. Патем, ова е мој обид да ми кажеш нешто на таа тема.

- Ха, ха, ха! Не е ништо исклучено! Не можам ништо да кажам ниту да оспорам, бидејќи сум голем авантурист и сакам да истражувам. Го сакам предизвикот и ортакувам со ризикот. Тоа е повеќе и од од по жица, но за мене без такво нешто, овој живот би бил незамислив.

Што ќе содржи конкретно следниот албум, се' уште не можам точно да кажам, освен дека, секако, ќе бидете изненадени...



Каде Калиопи е повеќе Калиопи - кога прави музика или кога е во текстовите? Колку музиката, а колку зборовите можат и знаат да облагородуваат или станува збор за совршена симбиоза?

- Кога ја создавам музиката, паралелно се раѓа и приказната која ќе ја содржи текстот. Едно без друго не оди. Дури и ако станува збор за инструментална тема, постои секогаш глас што немо ја говори приказната. И тука не сум важна јас, бидејќи јас сум само спроводник на нешто што ми го дарува небото и треба да излезе од мене. Бог е само еден.

Како е Васил? Со години имаше доволно прилики и состојби да си ја потврдите лојалноста... Ментор, десна рака или, едноставно, човек што те сака?

- Пред извесно време, јас и Васил го прославивме нашиот прв јубилеј - пет години брак. Бевме во Словенија, по покана на нашиот голем и драг пријател г. Марјан Шифтар, инаку бивш словенечки амбасадор во Р. Македонија, кој заедно со својата сопруга ни приредија три незаборавни дена. Круната на сето тоа беше посетата на концертот на нашиот Симон Трпчевски, во престижната сала на Цанкарјев дом, каде што бевме сведоци на уште еден голем триумф на нашиот пијанист и не' направи горди по не знам којпат. Но, тоа не беше се'! На крај од концертот, Симон беше пет пати враќан на бис, а првиот бис ни го посвети нам и на нашата годишнина...



За крај, велат, она што не ме убива сигурно ме прави посилна. По непријатниот период врзан за Евровизија, ми се чини веќе нема што непријатно да ти се случи. Особено не да се најдеш во ситуации кога треба да заборавиш на свое искуство, име, кредибилитет. Еднаш рече дека ја сакаш Евровизија, ама под услов телевизијата тебе да те одбере како легитимен претставник, а заеднички со публиката да се избира вистинската песна. Зошто отстапи од тоа?

- За тоа очекував барем од медиумите со некаков кредибилитет да излезат со свој став во однос на тогашните случувања, но не се случи тоа, освен, ако не се лажам, осврт на една ваша новинарка и, да биде потрагично за сите други печатени медиуми, најубавиот и најточен текст го добив од најжолтиот весник во Македонија. Сега веќе е предоцна да се говори за тоа, бидејќи и јас заборавив, затоа што сакав да заборавам. Така ќе е подобро за сите!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C2A0FCA2894F8F4FB7F6BD587BB8CF77

_____________________________________________________________________


 

Kajgana Shop

На врв Bottom