-Што ве повредило најмногу во тоа болно искуство ?
Дволичност, егоизам, плукање на се што е свето, бескруполозно газење на искрено подарени чувства без никаква резерва, понижување, вреѓање .... и што уште не.
Чекориш покрај некого кого мислиш дека го познаваш цел живот. Го впиваш секој негов збор, обожаваш да го слушаш што и да кажува, опиен, а несвесен во тој момент дека на крајот секој збор добива една единствена смисла, солзи и болка.
Се наоѓаш во блажена состојба во моменти кога те гледа со НАВИДУМ мек и топол поглед, не сакајќи тогаш да ја видиш во нив искрата на предавство = слепец при совршен вид.
Боли чувството на еуфорија која го блокира разумот, кога некој толку самоуверено ти ја објаснува „длабочината„ и „силината„ на чувствата, ти кажува дека невозможното не постои....а на крај, всушност ја валка љубовта со торнадо од навреди, егоистични желби и потреби.
Боли многу, но добро е и кога боли. Сепак и болката е емоција и добар знак дека сеуште си жив.
-Дали вредело да се ризикува и пак на крајот да е уште една пропадната љубов ?
Ова ќе го оставам за крај.:wink:
-Како сте се чуствувале во тие моменти на тешкотија моменти на тежок период ?
А што може човек да стори кога му се распаѓа душата во милиони ситни парчиња кои со брзина на светлоста се оддалечуваат од немоќно тело?
Не се сеќавам на отчукувањата на срцето, не се сеќавам дали дишев. Ќутев, се прашував зошто, како и секој во таква ситуација. Зборовите застануваат во грлото, крајот е посилен од прашањата, немоќта е посилна од гласот. Нема ни зошто, нема ни затоа. Нема прашања и нема одговори кога чувствата се менуваат. Нема причини кога љубовта запира. Што и да кажеш, што и да прашаш е излишно.
Мене ме немаше во неговиот свет и тоа за прв пат, ме тресна од земја.
-На што размислувавте во тој период кој обврски ги обавувавте ?
Хе...имаш толку многу нешта да размислуваш, а не сакаш да мислиш. Едно зло не доаѓа само. Јас имав за што да размислувам. Имав „среќа„ во целиот тој хаос континуирано да ми се залепи болест. Ужасно е кога ќе се соочиш со сознанието дека можеби она утре кои ти изгледало како нема да дојде заради некого....сега вистински е тука, ама не заради некого! Аххххх колку смешно и неспоредливо :pos2:
Не размислував повеќе. Станував на сабајле, онака фино ќе се погледнев на огледало и широка насмевка на лицето ми кажуваше дека уште сум жива.:helou:
Целосно и комплетно се посветив на најблиските, оние кои ме сакаат искрено, кои плачат и се смеат со мене, оние кои знаат кога треба да молчат а кога да зборуваат. Се посветив на сопственото здравје кое е толку скапоцено што НЕ ВРЕДИ да се запостави заради НИКОГО!!!
Се посветив на секојдневните обврски, на работата и неминовниот успех нормално.:smir:
-Дали бевте свесни за вашата положба после такво болно искуство ?
Собирав и одземав, делев и множев...попусто. Резултатот е секогаш во плус.
„Постојат два збора кои најтешко се кажуваат...Здраво - за прв пат, и Збогум - за последен пат. – Ерин„
-Дали верувате дека можете да научите од грешките ?
Тамам работа ако не е така.:nesvest:
„Некогаш е потребно да избегаш, само за да видиш кој ќе тргне да те бара.„
-Дали размислувавте како ке продолжите понатака без саканата личност ?
Животот не престанува тогаш кога сакаме ние. Продолжува понатака и покрај се. Времето е одличен антибиотик, а со доволна доза на луѓето околу нас...единствениот лек.
-Дали се појавува стравот за повторно ново болно искуство ?
Секако, со еден битен елемент. Колку повеќе си дадеш време, толку помал е и стравот. Ќе исчезне кога ќе научиш да простиш.
„Простувањето не значи заборавање, значи само ослободување од болката и бесот.„ :smir:
-Дали вредело да се ризикува и пак на крајот да е уште една пропадната љубов ?
Секогаш кога љубовта е во прашање, ризикуваш. Тој ризик несвесно го преземаш врз себе самиот момент кога ги подаруваш чувствата. Дали вреди или не, резимираш на крај. Во мојот случај, НЕ ВРЕДЕШЕ ризикот, вреди она што сум Јас после се.:helou: