Како се шири еден вирусен црв низ интернет?

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.556
Сумантек ја објави обновената верзија на VBS издадена 1997. Оваа верзија е дистрибуирана со симулации од 6 светски црви, MyDoom, Netsky, Sasser, Slammer, Blaster, и SoBig. Се што треба да направите е да го спуштите фајлов и да ја видите презентацијата.

Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Ги бива Симантек за презентација и плакнење очи, ама за она што треба да ги бидува, некако ич не им оди :lol:

Откако Петер Нортон им го продаде Нортон анти вирусот на Симантек, неговиот квалитет постојано паѓа. Тоа е фактот, сега бркаат само пари. Најжално е што сега нортонот се употребува кога се зборува за лош програм за заштита.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.556
До пред некој месец немав никогаш имано вирус. Зборуваме за скоро 10 години користење компјутер. И не знам шо ме измами да инсталирам Нортон 2004. После неколку недели, ме фати таков зезнат вирус што све ми работеше на компјутерот најнормално само било кој интернет прелистувач не работеше, не течеше низ него конекција. :) 3-4 дена неможев со ништо да го исчистам а проблемот беше доста тежок шо немав прелистувач не можев да барам солуција на интернет. после недела дена мислам дека го објавија вирусот со солуција од Мајкрософт, а јас 2 дена претходно го избришав со Касперски, еден другар ми го прати по МСН. Од тогаш навака со Касперски немам никаков проблем, слободно можам да кажам број еден Анти Вирус.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Андроник напиша:

Првиот мој антивирус беше Нортон- Се наполнив со вируси а тој упорно јавуваше дека нема ништо :D
Со радост со избришав и го инсталирав Касперски, ми најде 3 кила вируси и можам да кажам дека скоро 2 години не сум добил нити еден вирус, црв, бубачки или не знам што :P Супер задоволен сум. Во меѓувреме, ги тестирам сите бета продукти од Касперски, Во септември официјално ќе искочи Kaspersky6.0,ќе нуди софистицирана заштита (високо развиена хеуристика, заштита на регистрите, анти спам...)која ќе биде технолошки новитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom