Како се трошат народните пари ?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
poradi vakvi plitki komentari i izgubiv zelba da pisuvam po forumive.. imase vo dnevnik pred nekoj den nekoja analiza so MMF povrzana.. uste ednas potvrda deka makedonija e edna od najuspesnite sto se spravuvaat so krizata.. a tokmu toa sto obvinuvaat za demek neosnovani trosoci .. tokmu tie se pricina na noze da ja isterame krizata.. pa i deviznite rezervi ni ostanaa stabilni.. em se zgolemija nesto ..
na krajot na kraistata po iljadnici strani procitani fiskalni i monetarni teorii primeri i praksi..na sto i se sveduva rabotata na drzavata? ,.. da sobere pari i istite da gi potrosi :D
Го делам истото мислење со тебе.Од плитки коментари кажани од ракав не ми се зборува веќе во економија.
Дај стави ја анализава да видам како ние сме најдобри?
Пред да прочитам,верувам дека сме подобри од Велика Британија,Франција и Германија нели?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Скоро пола буџет потрошен за кампањи, реклами, соопштенија и повици. Државниот ревизор утврдил фрапантни податоци за расходите на Владата за 2008-ма. Од вкупно 20 милиони евра, скоро 10 отишле за медиумски услуги.На кампањите и рекламите им припаѓа најголемиот дел од ставката Стоки и услуги, за која се одвоени цели ¾ од буџетот на Владата. За капитални расходи потрошила само еден процент, а пари за тековни резерви немала.
Во конечниот извештај за претходната година, кој се уште не е официјално објавен, ревизијата констатирала дека 30 проценти од вработените во Владата се ангажирани преку агенции за привремени вработувања. Од нив, спротивно на законот за државни службеници, висок процент биле на раководни позиции.
Владата им давала плата и на 101 лице вработено според Рамковниот, иако тие до крајот на 2008. не почнале да работат. Поради ограничените просторни услови, физички не можеле да присуствуваат на работните места, а некои од нив примале плата и покрај тоа што биле ангажирани на други работни места.
Ревизорот не се убедил дека законски и наменски се потрошени и 150.000 евра за хонорари на членовите на второстепените владини комисии. Спротивно на деловникот, дел од именуваните лица не биле државни службеници, а за секретар на една од нив биле ангажиран пензионер. Се плаќале и тие што не решиле ниту еден предмет.
Државниот ревизор не можел да се увери и во оправданоста за направените трошоци за кафиња, сокови и ручеци. Неколкуте стотини владини службеници потрошиле 200.000 евра. Освен нив, владата спротивно на законот им префрлила пари за храна, превоз и плати и на вработените во Македонската радио телевизија. Над 700.000 евра.
Одговорни за финансиските извештаи на Владата се премиерот Никола Груевски и Генералниот секретар Стојан Тодоров.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114779

Вака се трошат нашите пари,за да можат да лаат некои (незнам како да ги наречам а не ги навредам) од кога ќе изгледаат сител телевизија!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Скоро пола буџет потрошен за кампањи, реклами, соопштенија и повици. Државниот ревизор утврдил фрапантни податоци за расходите на Владата за 2008-ма. Од вкупно 20 милиони евра, скоро 10 отишле за медиумски услуги.
Ми нема логика напишаново. Буџетот не е 20 милиони евра (толкав буџет имаат општини, не држава), па за 10 милиони да се каже дека е половина од буџетот. Некој направил намерна или ненамерна голема грешка. Ама онака, за многу пострашно да личи "скоро пола буџет потрошен на кампањи".
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ми нема логика напишаново. Буџетот не е 20 милиони евра, па за 10 милиони да се каже дека е половина од буџетот. Некој направил намерна или ненамерна голема грешка. Ама онака, за многу пострашно да личи "скоро пола буџет потрошен на кампањи".
Кампањи и реклами се наоѓа во ставката на Стоки и услуги за која се одвоено 20 милиони.Од тие дваесет 10 милиони се потрошени на реклами,а за тековни резерви не одвоиле ни денар.
Во текстот се мисли само на таа ставка од Буџетот со цел да звучи бомбастично.Што е и навистина бомбастично кога ќе се види кои фирми ги добија тендерите од 10 милиона евра.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кампањи и реклами се наоѓа во ставката на Стоки и услуги за која се одвоено 20 милиони.Од тие дваесет 10 милиони се потрошени на реклами,а за тековни резерви не одвоиле ни денар.
Во текстот се мисли само на таа ставка од Буџетот со цел да звучи бомбастично.Што е и навистина бомбастично кога ќе се види кои фирми ги добија тендерите од 10 милиона евра.
Сепак, за обичниот граѓанин кој не е баба Ванѓа нигде во текстот не се спомнува дека се работи за ставката "стоки и услуги" која е дел од буџетот, туку со бомбастичен вовед во текстот сосема поинаку е претставена ситуацијата, демек од вкупниот буџет на државата се потрошиле половина од средствата за реклами. Намерно или ненамерно...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пишува во првата реченица каде е таа ставка и за која се мисли во буџетот:
„На кампањите и рекламите им припаѓа најголемиот дел од ставката Стоки и услуги, за која се одвоени цели ¾ од буџетот на Владата. За капитални расходи потрошила само еден процент, а пари за тековни резерви немала.“
Но сепак е вест и мора да е бомбастична,овој пат со право :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Сепак, за обичниот граѓанин кој не е баба Ванѓа нигде во текстот не се спомнува дека се работи за ставката "стоки и услуги" која е дел од буџетот, туку со бомбастичен вовед во текстот сосема поинаку е претставена ситуацијата, демек од вкупниот буџет на државата се потрошиле половина од средствата за реклами. Намерно или ненамерно...
Знае обичниот граѓанин и без да е баба Ванѓа што се случува во државава. Обичниот граѓанин е народот, а народот добро гледа колку ги има и како се трошат народните пари. Парите тешко се создаваат, реалните пари настанати од реалниот труд, но многу лесно се трошат во непродуктивни цели. Но што да се прави, кај нас еве никогаш нема промени на тој план. За тоа, покрај нашата неукост, се разбира има и политички причини.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Сепак, за обичниот граѓанин кој не е баба Ванѓа нигде во текстот не се спомнува дека се работи за ставката "стоки и услуги" која е дел од буџетот, туку со бомбастичен вовед во текстот сосема поинаку е претставена ситуацијата, демек од вкупниот буџет на државата се потрошиле половина од средствата за реклами. Намерно или ненамерно...
Шефе не е битно колку пари се издвоени и од што како, само да го пуштам телевизорот ќе видам едно 15 македонски телевизии и канали. Колку ги имаше до пред две години?
Од што живеат тие? Од реклами готово проста логика.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Со тие пари потрошени во реклами и кампањи по телевизиите бар да исфинансираа некој нормален филм или серија освен оние шпанските сапуници и некакви си безвезни „реални’’ шоуа.:kesa:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со тие пари потрошени во реклами и кампањи по телевизиите бар да исфинансираа некој нормален филм или серија освен оние шпанските сапуници и некакви си безвезни „реални’’ шоуа.:kesa:
Да се обидеме да го измериме квалитетот на рекламите дали си ја исполниле целта.Маркентишки гледано,рекламите се прават да се зголеми продажбата на производот или услугата или да се пласира некоја идеја.
Имаше реклами за толеранција на македонците и албанците - заврши со енциклопедија и комити.
Имаше реклама за македонски производи - се' увезоа од страна.
Реклами за странски инвестиции-тепачка во Бунарџик кој да вложи.
Реклами за поволни услови за отварање бизнис-должат како грчка фирмите,после судска одлука нема од што да се наплати бидејќи на име на сопственикот нема ништо.Наместо да размислат опција со депозит во банка,неможе кој сака да отвара и да заглавува чесни луѓе.Или имаше идеја,наместо во суд да се регистрираат во банка,за да се создадат здрави услови за бизнис :)
Реклама за компјутер за секое дете - еве децава од школо на форум пишуваат.Освен парите кои заминаа и лошото поставување на работите без систем и персонал електронско образование.
Имај трето дете- исти резултати со наталитетот


Друго?:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Имаше реклама за образованието и силата/моќта. Истото потклекна на коленици со учебниците, основните човечки услови, застојот на воспитнообразовниот систем на ниво веќе одамна заборавено, дисперзивноста ха високите школи (пополнетоста со студенти) и трошоците за студирање/учење.
Имаше реклама за -биди земјоделец...земјоделците се соочија со големи проблеми, а притоа се случија и многу афери поврзани со таа дејност.
....
.....
Можеби меѓународните организации не го гледаат ова односно поинаку го мерат, но народот го чувствува секако...секој нивни паднат проект удира.
Еве во моментов впрочем на А1 оди објаснување за ревизијата (извештаи од неколку министерства) и нереагирањето на институциите (Собранието во прв ред одговорност, а владата отчет) за овие најдени неправилности при ревизијата.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.068
Поени од реакции
4.716
Јас го оправдувам трочењето пари за такви реклами
Треба малку и позитивно да се размислува...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Јас го оправдувам трочењето пари за такви реклами
Кои се позитивните ефекти од ова, дали има некој ефект од некоја реклама. Ако има ефекти добро, но од овие погоре спомнатите, ефекти барем за оние за кои постојат и се направени (за населението) :toe:?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кои се позитивните ефекти од ова, дали има некој ефект од некоја реклама. Ако има ефекти добро, но од овие погоре спомнатите, ефекти барем за оние за кои постојат и се направени (за населението) :toe:?
spomnatiot biznis e najgolema peralna na pari ne samo vo MKD, na Vladata ama bas nisto ne i znacat kampanjite kako takvi....bitni se parite koi im se vrakaat na ruka, a tie se nevideno golem procent.....:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
spomnatiot biznis e najgolema peralna na pari ne samo vo MKD, na Vladata ama bas nisto ne i znacat kampanjite kako takvi....bitni se parite koi im se vrakaat na ruka, a tie se nevideno golem procent.....:)
Па од 10 милиони,8 им се вратиле со гаранција.Ти си Македонија :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom